Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2018
ПОВИК ЗА НАБЉУДУВАЧИ НА ПРЕТСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

Се наоѓаме пред голем тест за македонската демократија – референдумот кој ќе се одржи на 30 септември. Во изминатите неколку месеци бевме сведоци на насилничкиот марш на власта која за да обезбеди потребниот цензус за референдумот, најгрубо ги прекрши законските процедури и уставните обврски, а згора на тоа води манипулативна кампања ЗА Европска Македонија, иако се работи ЗА Натовска Северна Македонија.
Институциите потфрлија, а политичките партии од Пржинската четворка практично се во дослух со своите странските налогодавачи. Чашата ја прелеа одлуката на Уставниот суд кој не презеде мерки против референдумскиот инжинеринг на власта. Практично народот е оставен самиот на себе.
Согласно правилникот на Државната изборна комисија, овластени набљудувачи за референдумот може да делегираат само домашни здруженија на граѓани, странски организации и претставници на странски земји.
Но ние немаме доверба во домашните невладини организации кои отворено агитираат да се излезе и да се гласа на референдумот. Немаме доверба ни во странците.
Затоа ДСП Ленка го упатува следниот повик:
Граѓани на Република Македонија, работници, млади и стари, исполнете ја својата граѓанска должност пред Република Македонија, и пријавете се за набљудувачи, овластени од ДСП ЛЕНКА, за престојниот референдум. Набљудувач може да биде секој жител на РМ со право на глас, подготвен непристрасно да го набљудува референдумскиот процес.
Да не дозволиме манипулации со нашите гласови! Доста беа кражби и наместени резултати! Неопходно е да го набљудуваме референдумот на 30 септември!
Податоци со кои се пријавувате за набљудувач се: име и презиме, матичен број, број на Лична Карта, општина и место на живеење и контакт телефон.
Овие податоци испратете ги на мејлот на ДСП Ленка каде ќе добиете понатамошни инструкции и информации, или ако не сте во можност да пратите мејл, тогаш јавете се на телефонот приложен за вашата општина или најблиската до неа.
e-mail: lenka.dsp@gmail.com
Контакт телефони:
- Гази Баба 070/323-961
- Ѓ. Петров 075/388-672
- Карпош 078/326-023
- Центар 078/306-617
- Аеродром/Кисела Вода 075/387-511
- Битола 078/710-850
- Куманово 075/505-697
- Струмица 075/655-174
- Прилеп 075/825-353
- Кратово 070 365-899
- Гевгелија 078/846-013
- Струга/Охрид 078/710-850
- Кавадарци 075 590 856
- Крива Паланка 071/359-173
- Кочани 078/426-916
- Штип 070/322-845
- Велес 076/848-802
- Гостивар 071/391-555
- Неготино 075/700-736
- Кичево 075/781-307
- Македонски Брод 077/744-846
Повикот за пријавување завршува во недела (23 септември) на полноќ. Ве молиме забележете дека не е потребен никаков надоместок за пријавените, се бараат волонтери кои ќе го набљудуваат гласањето доброволно.
-
Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“
Дорис Лесинг
Златната тетратка