Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2017
Положбата на жената пред и после Октомвриската револуција
Залудно е да се спомнува Октомвриската револуција а без притоа да не се спомне и придонесот на жените во истата. Во турбулентниот период кој следуваше по падот на Царскиот режим, жените придонесуваа за Февруарската револуција, а истовремено ги поставуваа темелите и на Октомвриската револуција. Кога се анализира дискриминацијата која им се правела на жените за време на Царска Русија и нивниот конзервативен начин на живот, вклучувањето на жените во револуцијата добива поголемо значење. Тие во овој период излегуваат од дотогашната матрица која била определна за нивните животи и активно се вклучуваат во подготвување на работничката револуција која пак за нив носи едни нови и прогресивни вредности.
Во овој текст ќе зборувам за жените кои прво биле робови на нивните татковци а потоа на нивните сопрузи. За жените кои биле принудувани да стапуваат во брак уште на детска возраст и кои немале право на образование. Тие жени иако работеле на исти работни места со мажите, не добивале ниту половина од нивната плата а немале ниту права над нивните деца. Тие биле приморани дури да се породуваат под или зад тезгите каде што работеле и потоа веднаш продолжувале со нивната работа, без да имаат доволно време да ги хранат нивните деца, кои често пати умирале од таа причина. Зборувам за жени кои иако толку многу работеле но сепак немале право на приватна сопственост. Сето ова зборува за положбата на жените во Царска Русија која е еднаква на нивно понижување и деградирање. Кога жените се свртиле кон работничката класа, кога ја поддржале власта на работничката класа, не преостанало ништо друго, освен после Октомвриската револуција да се уважат нивните барања и тие конечно да почнат да живеат како рамноправни чинители, субјекти на едно општество.
После Октомвриската револуција се вложиле надчовечки напори за да се подобри животот на жените, бидејќи оваа револуција знаечела и нивно ослободување од стегите на конзервативизмот и животот кој им бил приреден пред револуцијата. Тоа се одвивало тешко, бидејќи начинот на живот на жените во Царска Русија веќе претставувал и дел од традицијата, а знаеме дека традицијата и обичајните норми најтешко се менуваат, но сепак успеале. Болшевичката партија е таа која ги одвлече жените од „затворот“ во кој живееле до тогаш. Октомвриската револуција била насушно потребна и за позицијата на жените во оштеството, во спротивно истата и можеби не би успеала. Во првите години после револуцијата, работничката власт ги направи чекорите кои беа потребни иако тоа било многу тешко. Придобивките како за работниците така и за жените работнички, како и за сите жени се неспорни. Денес сеуште постојат држави кои им ги немаат признаено правата на жените кои пред 100 години беа признаени во Советскиот Сојуз. Советскиот Сојуз е прва земја во која жените добиваат право на глас без никаков предуслов, наспроти една Швајцарија, која денес важи за една од најдемократските земји, а која правото на глас на жените им го признава дури во 1971 година.
Работничката држава која што беше производ на Октомвриската револуција веднаш воведе изедначување на машкиот и женскиот труд, односно жените за иста работа добивале исти примања како и мажите.
Секоја жена што сакала да работи, веднаш добивала работа. Работничката држава воведе градинки во сите работни места, а во истите не се одгледувале само децата на жените работнички туку тие биле достапни воопшто за сите деца. Додека пак во западните земји се уште образованието и здравството биле луксуз само на буржоаската класа. Исто така се отвориле и старски домови и домови за болни лица.
Пред 100 години, се одзеде правото на црквата да венча и разведува со цел да се ограничи силата на истата. Работничката држава се борела за стапувањето во брак или разведувањето да зависат потполно од слободната волја на луѓето а не тоа да се должи на некои конзервативни правила како што било до тогаш. После Октомвриската револуција жените добиле право на абортус, кое право денес и после 100 години не е достапно во многу држави. А тогаш, пред точно 100 години жените тоа можеле да го прават на легален начин исполнувајќи ги сите медицински услови. Во тие услови кога во целиот свет абортусот беше забранет, Советскиот сојуз донесе одлука тоа да се прави бесплатно.
Целосната рамноправност и политичките права, жените прв пат ги добиле во Советскиот сојуз, во земјата на работничката држава. Советската влада направила голем скок во описменување и вработување на жените.
Октомвриската револуција ги отворила вратите за жение кон едно поубаво општество за нив, каде што се вреднуваат нивниот труд и умствени капацитети, додека пак тоа до тогаш го немаше направено ниту една капиталистичка држава, а во кои држави и денес жените се гледаат само како алатки за размножување и на кои, во името на демократијата, човековите права и половата рамноправност им се признаваат скоро сите права, но без истите суштински да се исполнат. Советите не само што ги признаваа правата на жените туку и го вреднуваа нивниот труд како темелна вредност на една индивидуа. А денес, иако жените во повеќето земји ги уживаат сите права, сепак тие се подложни на омаловажувања, само поради нивниот пол, само поради конзервативните сфаќања кои не се искоренети, само поради тоа што се смета дека жените треба само да раѓаат и да се грижат за нивните деца, сопрузи и домови, без ниту едно логично објаснување. Долги години советската жена продолжила да живее во општество кое ниту една капиталистичка држава не го нудеше и се уште не го нуди.
Со новата Октомвриска револуција повторно таа врата ќе биде остворена за жените а тие радосно ќе минуваат низ неа, ослобудувајќи се себеси заедно со работничката класа. Бидејќи револуцијата без жени е невозможна; ослободувањето на работничката класа, оди рака под рака со ослободувањето на жената, бидејќи без револуција, жената не може да се ослободи.
Џејлан Велиу
Декември, 2017, Скопје
- Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман