Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2017
Човекот, заробеник на сопственото отуѓување

Отуѓување, отуѓен, отуѓеност – зборови кои често се употребуваат но ретко кој застанал да размисли околу нивното значење. Во една книга се вели дека отуѓувањето претставува грев, грев кој што човекот си го прави себеси со тоа што се оддалечува од себеси, се одрекува од богот во себе, се откажува. Отуѓувањето претставува пасивно спознавање на светот околу себе, постанување туѓинец, туѓ на светот и својата природа.
Хегел е тој што го дава поимот на отуѓување, за него човечката историја е истовремено и историја на отуѓувањето на човекот.
Со отуѓувањето се поврзува и идолопоклонството, кое луѓето често го практикуваат, а кое всушност значи да бидеш роб на она што самиот си го создал, на предметите кои луѓето ги создале со свои раце. Луѓето се молат на тие предмети, наместо тие да им служат нив , тие се доведуваат во ситуација да им служат на истите, ги величат и стануваат зависни од нив, како тие да биле создадени од предметите, а не обратно.
Јазикот, како средство за комуникација игра значајна улога во отуѓувањето. Зборовите се употребуваат за да се искаже мислата, за да се изговори чувството. Кога една мисла или чувство се изразуваат тие стануваат реалност. Често пати при комуникација се употребуваат зборови кои тој што ги употребува не ги разбира или пак само ги изговара без да ја долови и суштината на истите, без да го мисли или чувствува тоа што го зборува. Колку повеќе бегаме од суштината на зборовите кои ги одразуваат нашите чувства и мисли толку повеќе се отуѓуваме.
За отуѓувањето има зборувано и Карл Маркс, поточно за отуѓувањето на трудот и предметите кои произлегуваат од истиот. Според него, процесот на отуѓување се изразува во работата и поделбата на работата. Маркс смета дека трудот е активен однос на човекот кон природата, создавање на нов свет и создавање на самиот човек. Но, со развитокот на приватната сопственост се губи карактерот на човечката сила. Работата е отуѓена затоа што престанала да биде дел од човекот, а со тоа и предметот произведен од работата е туѓ на неговиот создател. Во капиталистичкиот систем работникот е најмногу отуѓен од неговата работа и неговиот труд, бидејќи не го работи тоа што сака, туку тоа што мора. Се разбира, под принуда на социо-економскиот систем, за да може да преживее. Отуѓувањето, вели Маркс е каде производите од трудот на работникот, а преку тоа и есенцијата на неговото постоење, му станале нешто туѓо на самиот него, односно тој (работникот/човекот) повеќе нив не ги познава. Освен тоа, Маркс оваа отуѓување не го определува само како отуѓување од природата, туку и како отуѓување на човекот од сопствената креација.
Работникот во својот производ не развива слободна психичка и душевна енергија, тој само се измачува во овој процес на создавање. Тој произведува нешто што не сака, произведува нешто со чие што производство можеби и не се согласува, тој со производството се негира себеси, а и најчесто не може да си дозволи поседување токму на предметот кој го создал! Понатаму, ваквата алиенација предизвикана од капитализмот подоцна се враќа како основен потпор на самиот капиталистички систем, односно алиенацијата е клучна за опстојување на ваквиот економски систем. Кога луѓето се отуѓени, тие се чувствуваат безмоќни, изолирани и го чувствуваат општествениот свет како бесмислен. Тие гледаат на општествените институции дека се надвор од нивна контрола и ги сметаат за угнетувачки. Тие добиваат илузија дека тоа се дадени појави кои не можат да се изменат или уништат.
Важно е да се напомене дека Маркс не зборува само за економското отуѓување на работникот, туку и за неговата отуѓеност како индивидуа поради тоа што произведува нему туѓи предмети. Според Маркс отуѓувањето постои во целата историја но зенитот е постигнат токму во капитализмот, поради тоа што во процесот на производство човекот станува зависен од машините кои ги произведува. Исто така Маркс смета дека отуѓувањето во индустриското општество е поголемо отколку во времето кога рачно се произведувало. Кога работникот произведува рачно, тој користи алат кој што му служи него, додека пак во индустриското општество, работникот и служи на машината, а машината произведува. Поради тоа што најбитниот елемент во производството во индустриското општество е машината, според горенаведеното се разбира дека работникот е по отуѓен бидејќи не е директно вклучен во процесот на производство.
Маркс на отуѓувањето гледа како процес на отуѓуввање не само од предметот туку и на човекот од самиот себе. Отуѓувањето во модерното општество оди дотаму што човекот го отуѓува дури и од своите потреби на тој начин што со пропагандата на мас медиумуте се создаваат еден куп лажни потреби на човекот. Капитализмот е таков зол систем што постојано создава нови потреби со кои што другиот сака да го направи жртва и зависен од истите.
Маркс тврдел дека најотуѓена класа е работничката класа, но денес отуѓено е цело човештво. Денес, менаџерите во нивните најчесто измислени функции се далеку поотуѓени од службениците, тие се отуѓени од себе и приморани да ја продаваат и својата личност, својата насмевка, своето мислење, па дури и своето тело и душа. Овие луѓе не ги вработуваа поради нивните умствени квалитетит, туку поради нивната атрективност и манипулирање кое тие го прават со нивниот однос. Овде сакам да ги спомнам угостителските работници, од кои се очекува постојано да бидат љубезни и насмеани додека некој ја омаловажува нивната личност. Тие приморани се нивната насмевка и личност да ги продадат, а со тоа се отуѓуваат од себеси, прво, поради тоа што тоа го прават лажно, а второ, тоа претставува задоволување на вештачките потреби на „нивните“ гости.
Кога Маркс пишувал за отуѓување не можел да претпостави до која мера предметите и приликите кои луѓето самите ги создале можат да станат нивни господари, а тие пак, нивни робови. Денес, целото човештво е заробеник на нуклераното оружје, што само го создало, денес, луѓето се зависни од политичките институции кои самите ги создале. Човештвото денес заплашено очекува да се спаси од постапките на бирократијата која самото тоа ја именувало. Спојот на капитализмот и парламентарната демократија, формално, „законски“, нудат можност за почитување на принципот на слободна волја, но суштински капитализмот е секаде во криза, сиромаштијата во пораст и од таму преовладува стравот и опортунизмот кои доведуваат до политичко отуѓување.
Човештвото денес се наоѓа во бездна, создадена токму од самото човештво, бездна на страдања по задоволување на лажните потреби и непочитување на реалните.
Џејлан Велиу
ДСП – Ленка, Скопје 2017
-
Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени.
Карл Маркс
Тези за Фојербах