Движење за социјална правда

Неолиберализмот – чума за партиското организирање

Како што еден човек не може со гола рака да држи усвитено железо, така и пролетеријатот не може со голи раце да ја држи власта, за тоа, на пролетеријатот му е потребна организација.

Лав Троцки

 

Онаму каде што имало силна организација, која дејствувала според точно определени правила и каде што дисциплината се одржувала на високо ниво успешно се преземала власта и се држела долги години. Тоа е и пример со Болшевичката партија, која што поради одличната теоретска подготвеност и организација- успеала да ја освои власта и да ја задржи цели 70 години.

Централниот комитет на Болшевичката партија на 10 – ти Октомври 1917 година, буквално носи одлука за револуција. Лењин, заедно со потесниот круг кој гравитирал околу него, е тој што ги поставил основните принципи на револуцијата. Власта се презела на тој начин што сите сили се насочиле и беспрекорно работеле кон освојување на целта, а тоа е преземање на власта од рацете на буржаската влада – која во повеќе наврати ги изневери очекувањата на народот.

Лењин после седницата на Централниот Комитет на 10 – ти Октомври повторно преминал во илегала, поточно во работничките квартови на Петроград. Водството на револуцијата го презела Воениот Револуционерен Комитет, чиј што лидер бил Лав Троцки. Камењев и Зиновјев биле против ваква револуција, односно против методите, тие отишле до таму што нивните ставови ги изложиле и во весник, а тоа не се одразило добро врз револуционерното движење. Лењин побарал истите да бидат отфрлени од партијата, но Централниот Комитет го убедил да ја промени одлуката. Овие случувања почнале да претставуваат пречка во акционото единство и одржувањето на дисциплината во предреволуционерната состојба.

Останатите партиски членови за време на бегството на Лењин воопшто не бегале од работа и со голема посветеност грабале кон целта. На 24 – ти Октомври, последниот ден пред револуцијата се одржала последната седница на централниот комитет. Лењин учествувал на седницата, каде што стигнал по „сигурни“ патишта и криејќи се, и токму на таа седница тој и предводниците на олшевичката партија бидуваат убедени дека има услови за револуционерни потвати.

Случувањата од историјата често ни даваат насока за тоа што треба и што не треба да се направи. Во XIX и XX век луѓето низ целиот свет згрозени од нивната економска и политичка состојба, згрозени од несигурноста која ја чувствувале, од експлоатацијата, многу често се групирале во организации и партии за да можат да си ги добијат нивните права, а тоа најчесто биле нивните политички права, бидејќи нели преку политика се остваруват и останатите. Една од тие партии била и Болшевичката.

Народот обединет – нема да биде победен, се вели во една нивна песна. Подоцна тоа се потврдува каде народот се додека бил обединет не бил победен. Обединувањето најчесто се случувало во групи и организации каде членувале лица со исти или слични идеи, идеологии, потреби и барања. Истите групи и организации понекогаш прераснувале во партии, а често останувале и само како организации поради репресиите кои биле вршени над нив. Самото формално постоење на овие групи и организации, без револуционерна програма и дисциплина во работата, работејќи на едно или неколку одделни полиња, неповрзани во целината на идејно-политичката теорија на групата или организацијата, ги прави овие групи и организации  само некакви си ефемерни „експерти“, анахрони толкувачи, кои не допираат до целиот народ туку само придонесуваат во дефокусирањето на целта која масите ја имаат. За коренити и револуционерни промени, потребна е и масовноста, се разбира, зачинета со теоретско познавање.

Силата е во колективното дејствување, во колективот кој што денес западната пропаганда го претставува како застарен метод и укажува на моќта на индивидуата и индивидуализмот. Тоа го прават постојано и секаде. Замислете ја само следната реченица од бранителите на индивидуализмот „пазарот ќе оцени дали си добар за работното место и дали ги исполнуваш условите“. Јас прашувам, кој пазар, кои критериуми ги практикува пазарот? Одговорот е јасен, пазарот ги практикува неолибералните, западни критериуми, со кои дури ги убедува луѓето дека тие самите се виновни поради нивната состојба, со целосно иземање на одговорноста на државата. После сето тоа, кога човекот помислува на групирање, неолиберализмот плашејќи се од тоа ја наметнува конкуренцијата, кажувајќи му „треба да се избориш за себе, за своето семејство. И друг да беше на твоето место, ќе го направи истото“. За жал, поради социо-економските услови во кои живееме многумина потпаѓаат на тоа и нивните животи ги продолжуваат само како индивидуи, не стапувајќи во групи или организации, бидејќи, нели таму ќе ги потиснат нивните конкуренти. Но, тоа е само злобна игра на неолиберализмот.

Да живееш сам, слободен како дрво и во задница како орман (шума). На прв поглед нејасна реченица, но прирачник за организација. Да живееш сам, значи да бидеш исполнет, спознаен, да знаеш што сакаш и зошто го сакаш тоа, а да живееш како орман, значи да живееш и да се бориш, заедно со оние со кои имаш иста цел. Болшевичката партија го постигна тоа. За да се постигне успех, потребна е партија. Партија која има јасна структура, јасна идеолошка определба и во која владее дисциплина, наспроти клиентелистичките партии кои оставиле црна дамка а и сеуште го валкаат принципот на групирање во партија. Групите и организациите не се доволни, бидејќи недоволно партиципираат во општеството, додека пак преку партија се опфаќа целото општество и поради парламентарниот систем, партијата е таа која може да направи суштински промени.

Што прави неолиберализмот? Неолиберализмот е толку проширен во денешницата и не само што ги уништува вредностите и го менува начинот на живот, туку и влијае врз начинот на размислување, се наметнува и го насочува мислењето на масите. Најопасниот елемент по неолиберализмот се состои во групирањето на  масите, бидејќи знае дека тогаш дошол и неговиот крај. Затоа секојдневно се труди да го спречи тоа, креиријаќи ново јавно мислење кое на групирањето во партија гледа како застарен и неслободарски метод, затоа што партијата ја претставуваат како збирштина на клиентелисти кои таму се собрале поради нивните лични амбиции и профитерски потребни. Кога велам партија, мислам на левите партии, бидејќи истите се најголемиот противник на оваа појава. Злобата на неолиберализмот оди до таму што ги таргетира и членовите на левите организации и врши влијание и врз нив, убедувајќи ги дека нема потреба од формирање на партија поради тоа што партијата ја ускратува нивната лична слободата. А што е слободата? Зарем, економски зависен човек може да биде слободен? И зарем човекот во капитализам може да биде слободен, колку и да е тој капитализам „либерален“ или „со човечки лик“? За жал, најслабите алки од тие организации паѓаат во стапицата и почуваат да извикуваат „ние не сме партија“, не знаејќи дека паднале во стапицата на денешната чума.

Во однос на левицата како идеолошки табор на партии и движења, неолиберализмот немајќи начин како целосно да ја порази левата иделогија, тој се труди да ја извитопери на начин што пробува да ги смени приоритетите на истата. Тоа го прави со претставување на човековите права, на правата на животните, на правата за чиста животна средина, правата на маргинализирани заедници, како најбитни проблеми, на кои треба да се посвети најголемо внимание, изоставајќи ги прашањата како што се: работнички права, класна свест, класна борба и коренити промени во системот во насока на корените отсранување токму на причините кои ги предизвикуваат негативните појави на модерното општетсво. Денешните леви партии од нивниот речник и практика ја исфрлија класната борба, а за сметка на тоа се насочија кон горенаведените идентитетски политики, кои, нагласувам уште еднаш, се токму производ на класните поделби.. Истите леви партии поради тоа што претставуваат само бледа копија на буржоаските партии, не доживуваат успех, бидејќи на масите веќе им е здосадно од зборување за второстепени проблеми, масите сакаат суштински промени, масите имаат потреба класно да се освестат. Дури, денешните леви партии не гледаат дека масите веќе почнуваат да се освестуваат класно. И тоа делумно е поради нивната теренска неактивност која и тоа како ја спроведувала Болшевичката партија. Под влијание на неолиберализмот, денешните леви партии, се обраќаат на ситната буржоазија и левите либерали, групи кои се во слободен пад како по број така и по влијание, и кои се еден вид одпадок низ процесите на стеснување на обрачот низ кризните економски периоди (циклуси) на капитализмот . Дури овие партии одат до таму што потполно ја изоставаат работничката класа од фокусот на нивното внимание. Спротивно на тоа Болшевичката партија, целиот фокус го имаше насочено кон работниците и селаните – реалните двигатели на напредокот.

Денешните леви партии, треба да го следат примерот на Болшевичката партија, како најорганизирана, најдисциплинирана и најуспешна, која ја симна буржоазијата од власт. Тие по теркот на Болшевичката партија, треба да обрнат внимание на структурата, на идеолошката спремност на нивните кадри и на теренската работа, бидејќи преку непосреден контакт со масите може да се подигне свеста, додека пак, подигнатата свест води кон револуционерни промени, тие промени водат кон симнување на буржазијата од власт и преземање на власта од страна на работниците. Дури потоа, со аболицирање на сите обележја од буржоаското владеење може да се воспостави долгоочекуваниот социјализам.

 

 

Џејлан Велиу

03,11,2017. Скопје

0
img

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!