Движење за социјална правда

150 години од „забранетата“ книга – „Капиталот“

das kapital

Работникот колку повеќе богатство произведува, колку расте продуктивноста и силата на трудот, тој толку станува се посиромашен.

К.Маркс во „Капиталот“

„Капиталот“ е книга која 150 години го бранува светот. Ова е дело кое со своите наоди и темелни анализи за односот меѓу капиталот и трудот неколку пати го потресе светот, а и понатаму ги предизвикува етаблираните вистини од граѓанската економија. Дело каде овој однос на капиталот и трудот е како атом околу кој се врти целиот наш денешен општествен свет; дело пред кое јасно и прегледно лежи целата област на модерните социјални односи, како низини и полиња пред гледачот што стои на највисокиот врв.

Авторот на Капиталот како една револуционерна и автентична социјална наука е Карл Маркс. Во таа насока важност на револуционерните погледи и методи кои се развиени во ова дело најдобро се опишани од страна на Енгелс на посмртниот говор на гробот на Маркс од 1883 година: „Како што Чарлс Дарвин го откри законот за развој на органската природа, Маркс го откри законот за развој на човечката историја.“. Првиот том од оваа книга е отпечатен во Германија. Капиталот е пишуван цели 20 години, содржи три тома и претставува книга која ни ги открива „тајните“ на материјалниот свет кој не опкружува, поточно ги симнува маските од сите социјални и културни појави како последица на материјалните околности.

Карл Маркс работел исто како и работниците во тоа време, но со една многу голема разлика. Додека работниците работеле во две смени и во две различни групи, Маркс работел дење по 12 часа и во ноќните часови откако ќе заспиеле неговите деца. Во тие денови семејството Маркс минувало низ тежок период. Имало случај кога Маркс под „хипотека“ ги дал своите обувки и не можел да излезе од дома неколку дена.

Но сите тие лични страдања, пред се на самиот Маркс па и неговата фамилија, вредеа, се создаде Капиталот како радикална критика на политичката економија во чија точност убедени се и капиталистите, но не го признаваат тоа, бидејќи во спротивно ќе се соочат со тоа дека за нив нема излезно решение освен и тие според своите можности како и останатите да се вклучат во производствениот процес кој е неопходен за текот на секојдневието.

Модерниот свет после 1867 година веќе не веруваше дека светот е сопственост на буржоаската класа и дека работниците и селаните треба да бидат нивни робови кои секојдневно се повеќе ќе ги угнетуваат и газат и тоа само со една цел – зголемување на својот профит. И тоа само на сметка на работниците кои деноноќно животите си ги даваа за парче леб. Маркс објасни дека капитализмот претставува угнетувачки систем и систем кој нема иднина, кој вирусот што го напаѓа е токму произведен од него, а тоа се производителите и работници кои во одреден период од развитокот на системот во борбата против капитализмот немаат што да изгубат освен своите окови.

 

„Капиталот“ претставува ноќна мора за буржоаската класа.

Напишав „социјална наука“, но тоа не значи дека Капиталот треба да се држи со бели ракавици, не значи дека е книга која треба да се анализира во лабораторија, туку напротив. Капиталот е книга која е разбирлива и за работничката класа и за селаните како и за буржоаската класа. Капиталот е темелна обработка на Комунистичкиот Манифест, бидејќи во Капиталот обработени се деловите кои говорат за тоа како работничката класа, ќе ја превземе власта и во политички и во социјален сегмент.

Маркс и Енгелс се првите социјалисти кои зборуваат за натежнувањето на капитализмот врз работничката класа; за невработеноста, за сиромаштијата, за политичката и социјалната нееднаквост меѓу луѓето, и првите што бараат економска, социјална еднаквост на сите пред законите. Тие пишувале дека капитализмот е невозможен и дека треба да се промени со социјализам. Мислењата на Маркс и Енгелс се базираа на вистинските случувања и односи во светот, а не на добронамерните фантазии на социјал утопистите. Тие тврдеа дека досегашната историја е историја на класната борба. Исто така тврдеа дека капитализмот е систем во кој секогаш ќе има две спротивставени страни, се додека не преовлада работничката класа, затоа што, како што и напишав погоре, капитализмот е осуден на самоуништување, тој во себе ја произведува својата пропаст.

Во оваа борба за зголемување на капиталот, капиталистот мора да воведува нови мерки и нови технологии. Но ова, полека на сигурно, го поткопува капитализмот, се додека тој во иднина не се претвори во пречка пред средствата за производство што самиот ги создаде. Капитализмот нема да успее да се спаси од кризата во која ќе се вовлече. А во таков случај, единствениот излез е револуцијата. Револуцијата ќе биде потфат токму на работничката класа која што капитализмот ја создаде.

Во Капиталот објаснети се причините зошто никогаш газдите и работниците не можат да се согласат. Сите економисти, освен Маркс зборуваа за модалитети во кои газдата и работникот можат да се договорат и да дејствуваа заедно бидејќи и двајцата се борат за профит. Единствено Маркс зборува за тоа дека профитот на газдата е создаден од работникот и дека капиталистот е тој што го узурпира најголемиот дел од неговиот труд, оставајќи му ронки за да може да преживее и да продолжи да го оплодува и понатаму капиталот а згора на тоа и останувајќи му благодарен за ронките кои ги добива за возврат на неговиот труд. Маркс вели дека богатството на капиталистот потекнува од неговото угнетување на работникот, од крадењето на неговиот труд. Капиталистот, профитот кој го заработува преку угнетување на работникот, го претвора во нова инвестиција преку која угнетува нови работници и тоа така продолжува во круг.

Оваа угнетување е причина за постојаната борба меѓу угнетуваните и угнетувачите. Понекогаш борбата трае долго, затоа што угнетените се откажуваат од борбата или пак го одложуваат нејзиниот конечен крај. Се формираат синдикати дури и политички партии кои ги штитат класните интереси. Но сите договори на овие групации се минливи, не остануваат до крај, поточно не водат кон револуционерни промени, туку претставуваат компромис помеѓу угнетените, угнетувачите и „мировниците“ кои сакаат да направат компромис меѓу нив. Од друга страна пак, сопствениците на капиталот, газдите, иако навидум се согласуваат со договорот, сепак продолжуваат со скриени и интригантни напади кон работниците, нивните организации, синдикати па дури и нивните политички партии.

Колку и да било намалено угнетувањето сепак го имало. Затоа што средствата за производство ја прават посилна буржоазијата. Додека пак, работникот нема ништо друго освен неговиот труд. Профитот е најважен, тој управува дури и со државата. Работникот е оној кој постојано се бори, понекогаш добива некои битки но, тоа не става крај на угнетувањето на буржоаската класа.

 

Да ги угнетеме угнетувачите!

Инвеститорите секогаш се добро организирани за да можат полесно да го угнетуваат работникот. Големите претпријатија ја земаат работата не само на малите и семејни претпријатија туку и на локалните. Со тек на време производството се планира се во поголеми рамки.

Ова не се случува во поединечни земји и економии, туку во цел свет. Светската економија го зазема местото на националната економија воведувајќи секакви олеснителни околности за странските директни инвестиции, кои всушност претставуваат нови логори за работниците. За кои логори државата дава согласност – согласност за угнетување. Светската економија ги држи во рака конците на националната економија и ги испреплетува на таков начин што не можат да се одврзат. Оваа економија може да се развива само плански, но сепак средствата за производство остануваат приватни. На крај на краиштата, она што е потребно не е поголема економија односно повеќе производство туку еднаква распределба на веќе постоечкото кое и онака доволно го има за сите.

haos vo kapitalizmotСамо планска економија е таа кој може да создаде работничката класа која може да го изгради мостот од социјализам до комунизам. Да, капитализмот ќе се брани, тој до сега се покажа доста жилав и адаптабилен на се во име на профитот, нема лесно да се предаде, но револуцијата веќе преминува во потреба во целиот свет. Потребна ни е револуција за да се создаде бескласно општество – комунистичко. Како што вели Маркс, да ги угнетеме угнетувачите.

Реформистите кои во нивните фантазии создаваат подобар свет, се лажат. Човештвото ќе се спаси само кога двете најголеми сили ќе се судрат: силата на капиталот и силата на трудот; силата на угнетувачот и силата на угнетениот, но не заборавајте дека угнетениот ќе извојува победа поради големиот гнев што е собран во него, гнев кој е предизвикан од експлоатацијата на неговиот труд и страдањата на својот социјален вид наназад во историјата. Токму Маркс прогласува неминовност и неопходност од политичка партија, поточно работничката револуционерна парија која ќе ги води работниците кон ослободување од прангите на капиталот.

Капиталот на Маркс претставува најголема опасност за капитализмот, бидејќи во него го објаснува функционирањето на приватната сопственост, на угнетувањето, на крадењето на трудот на работниците и најважното, како да се стави крај на сето ова.

Работници од целиот свет, обединете се, бидејќи нема што да изгубите, освен вашите окови!

 

Џејлан Велиу

ДСП-Ленка, 21.10.2017.

Клучни зборови: , ,
0
img

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!