Движење за социјална правда

Че, живееш колку што не’ сакаат!

Image-1Оваа година се навршија 50 години од смртта на Ернесто Че Гевара, поточно од неговото убиство од страна на агентите на ЦИА и тоа без никакво судење и без никаква пресуда. Пред стрелањето го прашале дали има што да каже, а Че на тоа одговорил „Револуцијата е бессмртна“. Знамето под кое се бореше Че, веќе 50 години го веат новите генерации.

Че, сите го запаметија после Кубанската револуција, но тој не застана таму. Че стана идол на светското социјалистичко движење. Посмртните останки на Че се пронајдени после 30 години од неговата смрт во едно мало гратче. Додека чекале до ги однесат во Куба, на еден ѕид се појавил натписот „Че, живееш колку што не’ сакаат“. Да, Че е бессмртен, живее 50 години и ќе продолжи да живее се’ додека има генерации кои веруваат во оваа борба, во подобро општество, во социјализам.

Тој беше интернационален револуционер, беше лекар кој со својот мотоцикл одлучил да ја прошета Латинска Америка и како што напредувал се повеќе забележувал дека секаде постои угнетување, унетување кое него многу му сметало. Забележувајќи го тоа тој се’ повеќе се приближувал кон марксизмот.

Че учествувал во Кубанската револуција, тој е единствениот водач кој не е кубанец. Че е човек, борец кој се откажал од сите државни функции и отишол во други држави за да ја прошири револуцијата. Тоа ни говори за неговиот интернационализам. Прво оди во Конго. Многумина го нарекуваат ентузијаст, фантазер, но тоа не е точно, бидејќи Че се однесува токму како еден интернационален борец. Тој не е интернационалист само по теорија, туку се трудел тоа да го примени и во пракса, затоа и одлучува да оди во Африка, во најугнетуваниот континент. Одтаму, погрешно да се каже дека заминувањето на  Че во тие земји било грешка, бидејќи не ја знаеме точната причина за тоа. Има еден интересен факт кој треба да се разгледа. Имено, Конго е во срцето на Африка, додека пак Боливија во срцето на Латинска Америка, тоа ни укажува на следното, ако Че успееше во неговата намера, револуцијата ќе се проширеше многу брзо и на остатокот од овие два континента и немаше да постои сила што ќе ја запреше.

che radnikЧе додека бил министер за економија не работел само од неговата канцеларија, туку одел во фабриките и работел заедно со останатите работници. Се трудел тоа да биде и пракса за останатите државни функционери. Тоа што Че се откажал од  сите бенефиции како државен функционер и што заминал во друг континент за да ја прошири борбата – револуцијата, говори за неговата високо развиена класна свест и љубов кон револуцијата.

Че бил Ленинист. Тој сметал дека треба да се формира работничка партија, сметал дека неминовно треба да се работи на подигање на свеста и откако ќе се постигне тоа, сметал дека работничка класа ќе биде спремна за вооружен напад. Че никогаш категорично не се откажувал од ниту еден метод во борбата. Сметал дека материјалните околности се оние кои одлучуваат за начинот на борбата, но сепак дека не смее да се излегува вон целта на порбата, а борбата е – подобар свет, додека пак подобар свет е можен само во социјализам. Че сметал дека герилската борба е онаа „вистинската“, но тоа, за жал беше и најголемата негова грешка. Не успевајќи во Конго, Че оди во Боливија, каде што и го убиваат. Но така не само животот на Че, туку и неговата смрт одекна како порака за младите генерации.

Одредени критичари по секоја цена, особено милуваат да упатат критика кон Че, нарекувајќи го фантазер и неговите дела ги споредуваат со детски ентузијазам. Револуционерната љубов,страста, алтруизмот и посветеноста на борбата против угетувачите се одрази и сеуште се одразува во борбата на младите генерации.

Че, борбата во Куба ја гледаше како своја борба, како борба против угнетувачте, иако тој беше Аргентинец. Додека пак денес милиони црвени души, борбите низ целиот свет, каде што постојат угнетувачи и угнетувани ги чувствуваат како свои. Идеите и животот на Че станаа модел за младите револуционери низ целиот свет. Пораката на Че, која што има тежина на тестамент е „или социјалистчка револуција или пак карикатура од револуција“.

Че има многу изреки но ако треба да се оддели една, тоа е следната: „вистинскиот револуционер се води од чувство на љубов“. Че рекол љубов, затоа што љубовта е најсилното чувство кое не тера да се бориме за подобро општество, за подобар свет. Ако немаме љубов ќе бидеме слепи и нема да ги гледаме и чувствуваме угнетувањата кои ни се прават нас а и на другите околу нас. Затоа љубете ја борбата и борете се за подобар свет – за социјализам!

 

Џејлан Велиу,

15.10.2017 – Скопје

0
img

Цитати
  • Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени. Карл Маркс
    Тези за Фојербах
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!