Движење за социјална правда

Јавен долг – фиктивна економска категорија

meltdownПари?! Што се тоа пари? Ова, навидум едноставно прашање, сепак нема едноставен одговор, особено не во светот на граѓанската економија. Имено, дефинирањето на парите е предмет на расправа веќе подолго време, а тешкотиите  се зголемуваат право пропорционално со техничко-технолошките трендови. Исто така, оваа расправа за предметот и улогата на парите веќе одамна е отидена од рацете на економистите. Денес со тоа повеќе се занимаваат математичарите, користејки исклучително апстрактни и комплексни методи во целиот тој систем на определување на вредноста и улогата на парите. Но, сепак, ние да се спуштиме на ниво на она што со голо око може да се забележи во однос на оваа проблематика. Мислам дека сите ќе се согласат, дека парите постојат, за да го олеснат прометот на стоки и услуги помеѓу субјектите. Односно, тие се еден вид општ еквивалент за размена на добрата и услугите. Оттука, парите во себе содржат имагинарна вредност на различни стоки и услуги.

Понатаму, следејки ја оваа приземјена и материјалистичка логика, извлекуваме дека, стоките имаат вредност која ги супсумира цените на материјалите за производство, заедно со сите други трошоци на производство, плус вишокот вредност додаден од трговците. Услугите имаат вредност колку што има вредност потребата од нив повторно изразена во бенефит, на крајот на краиштата преточен во потребни стоки и ресурси, а често и во задоволство. Значи, парите како средство за размена, сами по себе немаат вредност, и нивната “вредност“ може да се изрази само кога со нив ќе ги прибавиме потребните стоки и услуги. Во оваа смисла, парите имаат вредност само кога нив лицата (физички и правни), ги користат за непосредна размена, односно стоки и услуги.

Кога државите се задолжуваат кај други држави, меѓународни институции и банки, тие не се задолжуваат со стоки и ресурси, туку се задолжуваат со пари, па оттука, тие не земаат ништо повеќе освен средства за размена, кои преку плати, издатоци и разни видови на парична помош, или пак на друг начин, ќе се дистрибуираат во општеството. Ова, непосредно значи дека во домашниот пазар ќе се зголемат [квантитативно] средствата за размена, но стоките, услугите и ресурсите остануваат исти.

graphic_depiction_of_capitalism

   images

Ниту една држава и банка не дава како позајмица стоки и ресурси, туку само пари! Зголемениот импут на пари во државата, која се задолжила преку имагинарна вредност на стоки и услуги во состојба кога, стоките, ресурсите и услугите во таа држава остануваат исти, на крајот може да дојде само до девалвација (намалување, пад) на нивната вредност и/или инфлација (пораст на општото ниво на цените, односно намалена вредност на парите). Оттука, давањето на парични средства како позајмица на државите може да биде корисно само за државата и финансиската институција која ги позајмува парите бидејќи, на тој начин (покрај поробувањето на другиот правејќи го зависен), посредно ја стабилизира внатрешната економија и ја одржува стабилноста на домашниот пазар. Компаративно ова би можело да се претстави како, кога човекот кој има јака и густа крв се чуствува подобро и поживо, после дарување крв. Згора на ова, како бонус на државите и институциите, кои ја даваат позајмицата, се зголемува нивното можно влијание во политиката и економијата на задолжените држави, кои стануваат се позависни и позависни.

Сето ова, на крај значи, дека државите кои се задолжуваат не примаат ништо друго освен средства за размена со имагинарна вредност. Сличен привремен ефект, наместо со задолжување, може да се постигне и со емисија на домашни пари и хартии од вредност. И двете на крајот водат кон девалвација и инфлација. Во оваа смисла, јавниот долг изразен во пари е економско безвредна категорија, а политички, е средство за контрола на финансиските институции и држави во политиката на други држави.

Заклучокот би бил дека,  не треба да не’ плаши јавниот долг по глава на жител изразен во пари, туку нас треба да не’ плаши можната девалвација, инфлација и мешањето на разни интересни групи (позајмувачите) во економската политика, која во граѓанската економија, сигурно не е во корист на обичниот човек.

Благоја Пандовски

11.09.2016

0
img

Цитати
  • Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!