Движење за социјална правда

Империјалистичка разрешница на конфликтите на Блискиот Исток

На повидок е уште една историска неправда и епска трагедија на Блискиот Исток. Курдското движење, кое го носеше факелот на слободата и социјалната правда не само во борбата против турските државничко-иперијалистички репсресии, туку и во борбата против сунитско-радикалните исламистички групи од типот на ИСИС и Ел Нусра, уште еднаш е предадено и сурово искористено од страна на светските империјалистички сили.

Веќе е очигледно дека двајцата најсилни светски играчи, САД и Русија, се приближија во однос на ставот за разрешување на конфликтите во Сирија. Заради постигнување договор кој одговара на нивните империјалистики интереси и цели, тие покажаа дека се подготвени да жртвуваат што било да задоволат било какви барања. Во случајов, за да го задоволат Таип Ердоган, го жртвуваат курдскиот народ кој цел овој период беше прва борбена линија против ИСИС во Сирија и Ирак.

Во однос на споменатиот договор што треба да ја реши кризата во Сирија, врз основа на кој позициите на САД и Русија изминатиов период константно се приближуваа, мора да се отвори заграда за да се забележи дека во овој процес моќта на Русија беше поголема поради дадената поддршка кон Асад при појавата на ИСИС, како и поради зближувањето на Ел Нусра и ИСИС. Во очите на меѓународната јавност, Русија покажа дека е на вистинската страна во внатрешниот конфликт на Сирија. Истото важи и за Иран, кој, сепак, не е многу заинтересиран за бенефитите од целата оваа ситуација. Овде клучен фактор беше Турција на чело со Ердоган како конкурент на Ел Багдади за позицијата Калиф на исламскиот свет. Ердоган и неговата султанска партија АКП, со цел да отворат простор за ретерирање од своите позиции во однос на Асад, инсценираа хаотична ситуација („воен удар“) во Турција, а веднаш потоа прогласија вонредна состојба за пресметката со „непријателите“ да биде максимално ефикасна и ефективна.

Имено, Ердоган го искористи неодамнешниот неуспешен обид за пуч за да ја зацврсти својата автократска позиција, пресметувајќи се со сите неистомисленици, а особено со курдското население од источниот дел на Турција. Владејачката партија АКП на чело со Ердоган брутално ги маргинализира неистомислениците и врши силна конзервативна пропаганда преку државните институции, со помош на народните пари. Обидот за пуч „Ердоганистите“ го искористија за противграѓански пуч со што беше длабоко нарушен принципот на секуларност како темел на Турската држава.

Првата жртва на Ердоган беа организациите на Фетулах Ѓулен, а набргу потоа репресивните операции се прелеаја и на курдските движења и организации. Започна и спроведувањето на јавен линч на повлијателните левичарски движења и поединци (професори, истакнати уметници, влјиателни новинари и синдикалци). Меѓу затворените гласила, најпрвин беше организиран брутален пробив во централата на весникот „Озгур Гундем“ (Özgür Gündem), каде беа уапсени речиси сите вработени. Овој весник беше еден од ретките, а можеби и единствениот медиум кој известуваше за случувањата во курдските делови на тромеѓјето меѓу Турција, Сирија и Ирак. Освен тоа, помеѓу притворените е и познатиот левичарски независен новинар Угур Дундар, како и многу активисти и членови на разни движења, вклучително и академски работници.  

Денес гледаме како Р. Турција, пред очите на целата светска јавност, под изговор на борабата против ИСИС (кои патем им беа миленици и главни снабдувачи на оружје и логистика до пред само неколку месеци, како и бизнис партнери на фамилијата Ердоган – доминантна во трговијата со нафта), врши воени операции (со воздушна поддршка од САД) во регионите на Сирија кои беа ослободени и се под контрола од страна на курдските социјалистички сили ЈПГ и ПЈД, како и ПКК.   

ДСП Ленка,

29.08.2016, Скопје

 

0
img

Цитати
  • Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“ Дорис Лесинг
    Златната тетратка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!