Движење за социјална правда

Охридскиот рамковен договор како темел за стабилноста во РМ?!

„Мирот постоел и пред религиската и националната свест,
тој треба да се гради врз основа на човековите потреби,
единствено врз основа на човекот како општествено и природно битие.“

Пол Мојзес

Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13 август 2001 година, за жал беше постигнат како последица на вооружен конфликт помеѓу двете доминантни етнички заедници во Репулика Македонија, Албанците како малцинска и Македонците како мнозинска група. Договорот е потпишан од страна на тогашните лидерите на најголемите парламентарни политички партии во нашата држава (ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП). Покрај домашните политички актери, потписници на договорот беа и меѓународните политички актери како ЕУ, САД и НАТО, кои воедно беа и своевиден гарант за неговото спроведување преку низата реформи кои следеа. Усвоените решенија од овој договор станаа составен дел на уставниот и политичкиот систем на РМ. Со ова уставниот и политичкиот систем на Република Македонија доби политичка рамка, која во основа содржи повеќе елементи на консоцијалниот модел на демократија.

И покрај тоа што Охридскиот Рамковен Договор (ОРД) на некој начин повеќе беше резултат на надворешно влијание отколку на внатрешна меѓуетничка соработка, сепак неговото донесување може да се прифати како нужност во едно меѓуетнички конфликтно општество. Иста е ситуацијата и со тоа што овој договор беше елитистички наметнат и од страна на внатрешните политички актери, но со оглед на ситуацијата на вжештениот конфликт измеѓу двете страни тоа и може да се прифати, но понатаму истите потписници лидери не направија ништо во обид да, на некој начин, до созрее ситуацијата на терен за да се надминат поделбите кои практично доведоа до конфликтот. Изгледа дека тоа е и судбината на едно општество во кое архетипот на граѓанинот е со политичка култура на поданик, каков што впрочем и е типичено за граѓанинот во буржоаската заедница.

Теоретската критика на самата политичка филозофија на овој договор која ќе биде изложена подолу е слика на општествената ситуација за цел овој период од неговото потпишување па до денеска.

И покрај тоа што Охридскиот Рамковен Договор (ОРД) на некој начин повеќе беше резултат на надворешно влијание отколку на внатрешна меѓуетничка соработка, сепак неговото донесување може да се прифати како нужност во едно меѓуетнички конфликтно општество.

при определување на карактeрот на политичкиот систем се зема предвид целата филозофија на градењето на институциите по ОРД. Со произлезените измени на истите и формирање нови институции дефинитивно нашиот политички систем го прави консоцијален.

Корисно би било прво да расчистиме со прашањето каков е политичкиот систем во Македонија? Уште од почетокот на донесување на ОРД се разви дилемата дали нашиот политички систем од мнозински ќе прејде во консоцијален модел на демократија? Преку бладалските „екпертизи“ на разните „стручњаци“ политичкиот систем на РМ денеска се карактеризира како нешто помеѓу консоцијален и мнозински. Конечно треба да стане јасно дека при определување на карактeрот на политичкиот систем се зема предвид целата филозофија на градењето на институциите по ОРД. Со произлезените измени на истите и формирање нови институции дефинитивно нашиот политички систем го прави консоцијален. Имено, при карактеризацијата на еден политички систем како консоцијален не значи дека мнозинскиот принцип воопшто не се користи. Политичкиот систем инсталиран по ОРД дефинитивно е консоцијален, иако има одредени карактеристики на мнозинскиот тип на демократијата. Во таа насока треба да се нагласи дека консоцијалната демократија повеќе е нужно зло отколку што некаков си понапреден модел на демократија од мнозинската демократија. Напротив, теоретичарите кои практично го измислија овој тип на политички систем (А. Липхард) забележуваат дека ова се, или би требало да бидат, ад хок политички системи кои ќе стремат да се самонадминат, да станат излишни, односно ќе направат терен за безболно преоѓање во мнозински тип на демократија како стандард за современите либерално демократски заедници.

ОРД како нова политичка филозофија, која требаше да го инаугурира новиот модел за функционирање на мултиетничка држава остана само средство и изговор за меѓусебно политичко препукување на претставниците од двете доминантни етнички заедници во РМ. Со ова не сакам само да реферирам на чисто сувопарно и техничко третирање на ОРД, туку би сакал да одам чекор понатаму во критиката на овој концепт за стабилноста на една етнички поделена политичка заедница. Имено, кога политичкиот систем се темели на етникумот, кога севкупните односи во општеството ви се детерминрани од етничкиот идентитет на народот кој е организиран во таа политичка заедница и кога свеста за секакво политичко-јавно-општествено дејство е проткаена со таква епистемологија, етно-сентиментот доаѓа до експлозија дури и при мали тензии во јавниот и општествен живот, воедно и тогаш луѓето се најподложни на манипулација.

ОРД како нова политичка филозофија

остана само средство и изговор за меѓусебно политичко препукување на претставниците од двете доминантни етнички заедници во РМ.

политиките на мултикултурализмот по теркот на ОРД ги маскираат другите видови на нееднаквост кои се појавуваат помеѓу групите, особено тука би сакал да ја нагласам економската нееднаквост.

Реформите кои беа извршени по ОРД силно влијаеја врз етнификацијата на политичкиот систем, на кој, впрочем, одговараше и постоечката политичка култура на граѓаните. Правата и потребите на поединецот се видно подредени во однос на оние на општествената група. Притоа, за жал, тука таа група е по етнички критериуми, а не социјални, кои се (или би требало да се) приоритет на заедничкото живеење. Во оваа насока политиките на мултикултурализмот по теркот на ОРД ги маскираат другите видови на нееднаквост кои се појавуваат помеѓу групите, особено тука би сакал да ја нагласам економската нееднаквост. Од друга страна и самиот мултикултурализам како идејно политичка концепција не само што не успеа да го избалансира нагласениот опсег на културната разноликост, туку и поради беспотребното акцентирање на различната културна карактеристичност, послужи да ги подели, а според тоа и да ги ослаби луѓето што имаат заеднички економски интерес во искоренувањето на сиромаштијата и промовирање на социјални реформи.

Самата содржина на Договорот уредува етнички и симболични прашања, сепак состојбата со горливите проблеми на социјалната беда и сиромаштијата како и работничката голгота на повеќето членови од заедницата не е промената, и тоа подеднакво важи и за двете етнички страни како предмет на ОРД. Истото се однесува и на прашањата кои ги уредува овој договор, имено и двете страни се незадоволни, a тоа е најлошото можно решение на еден договор. Често, т.е. редовно, ваквите прашања се користат од страна на политичките елити за правење политички програми, а пак државата како авторитет не се ни обидува да ги надмине потребите од еден ваков договор – истиот се третира само како технички алат во демократијата без ни малку да се продре во суштината на тој процес.

Самата содржина на Договорот уредува етнички и симболични прашања, сепак состојбата со горливите проблеми на социјалната беда и сиромаштијата како и работничката голгота на повеќето членови од заедницата не е промената, и тоа подеднакво важи и за двете етнички страни како предмет на ОРД.

со реформите во политичкиот систем како последица од ОРД се изгуби можноста за воспоставување на еден основен гравитациски центар кој би бил заштитник и преносител на општиот заеднички интерес на сегментите во општеството. Практично, дојде до кумулација на главните политички функции (и тоа исклучиво на етничка сцена) во рацете на главните политички актери како политички лидери

Понатаму, со реформите во политичкиот систем како последица од ОРД се изгуби можноста за воспоставување на еден основен гравитациски центар кој би бил заштитник и преносител на општиот заеднички интерес на сегментите во општеството. Практично, дојде до кумулација на главните политички функции (и тоа исклучиво на етничка сцена) во рацете на главните политички актери како политички лидери, односно, дојде до појава на персонална фузија на функциите, со што се отвори широк простор за самостојност на политичките елити во процесот на нивното меѓусебно преговарање и договарање. Сето ова доведе до концентрација на преголема одлучувачка моќ на овие поедини политички субјекти како политички партии претставници на етничките заедници. Оваа димензија на имплементацијата на ОРД во процесот на одлучување зема невидени размери, преговорите и договорите помеѓу политичките елити на сегментите вообичаено се одвиваат далеку од очите на јавноста,  далеку од очите на граѓанинот и судот на интелектуалната фела, па оттаму критиките се однесуваат и на нетранспарентноста во овие политички договори и одлуки. И, се разбира, на овој начин, без учество на јавноста во креирањето на важните одлуки се стимулира политичката пасивност на граѓаните. Генерално, со практикувањето на реформите по ОРД се фаворизира елитизмот и неретко самите претставници на заедниците не се водат од интересите на заедницата која ја претставуваат, туку од личните интереси и бенефиции. Од друга страна, просторот за манипулација во социјално загрозени општества – каква што реално е состојбата со македонското – е огромен. Кај нас овие елити формираат и пристапуваат кон коалиции не да градат консоцијални врски меѓу групите/сегментите, туку најчесто ги потенцираат разликите и ги користат за доградба на моќта на своите партии и организации. Слободно може да се каже дека денеска лидерските средби израснаа во централна политичка институција и истите никогаш не се некаков форум за надминување на етничките разлики, туку платформа за усогласување на политичките решенија, односно тие редовно се само партиски пазарења на државна сметка.

Генерално, со практикувањето на реформите по ОРД се фаворизира елитизмот и неретко самите претставници на заедниците не се водат од интересите на заедницата која ја претставуваат, туку од личните интереси и бенефиции.

Слободно може да се каже дека денеска лидерските средби израснаа во централна политичка институција и истите никогаш не се некаков форум за надминување на етничките разлики, туку платформа за усогласување на политичките решенија, односно тие редовно се само партиски пазарења на државна сметка.

Во пострамковната македонска политичка состојба нашироко се отворија вратите за популизмот и дилетантизмот на политичките актери.

Во пострамковната македонска политичка состојба нашироко се отворија вратите за популизмот и дилетантизмот на политичките актери. Досегашните искуства од историјата на политиката велат дека националистичкиот конфликт се наплатува доста добро, па оттаму националистичките барања на постоечките политички претставници на етничките заедници во РМ стануваат составен и неизоставен дел при изработката на консоцијалните програми и планови, а за изборните кампањи, пак, воопшто и да не зборуваме, таму ситуацијата е најочајна во овој поглед. Се` на се`, политичкото третирање на културните идентитети представува историски регрес и социо-политчки примитивизам за јавниот дух на едно општестсво!

До пред некое време генералното милење за ОРД беше поделено во зависност од етничката припадност – за македонците тоа на некој начин беше признавање на поразот  а за Албанците истиот беше верификување на победата. Но, денеска и двете страни благо го отфрлаат ОРД, притоа мотивите за тоа им се дивергентни. Во оваа насока мислам дека ова е најлошиот можен резултат од имплементацијата на ОРД – незадоволство  од договореното и на двете страни. Сепак, обично заклучоците се дека ОРД не само што ги подобрил етничките односи, туку квалитативно ја подобрил и демократијата?! Во однос на демократијата од денешна преспектива ефектите се очигледни – денеска РМ е владеана од авторитарна и конзервативна власт која и формално ја укина демократијата. Што се однесува до подобрувањето на меѓуетничките односи, исто така сметам дека доста е потфрлено на тоа поле. Ако ОРД се земе како политичко-филозофска целина, тој предвидува толеранција помеѓу групите, а со тоа го одбива заедничкиот живот, односно во најмала рака не го стимулира истиот. Затоа и сите оние локално распространети етнички конфликти по овој договор па се’ до денес (од младинските тепачки по автобусите средношколските конфликти во двојазичните училишта како што беше оној познат пример во Стурга).

До пред некое време генералното милење за ОРД беше поделено во зависност од етничката припадност – за македонците тоа на некој начин беше признавање на поразот  а за Албанците истиот беше верификување на победата. Но, денеска и двете страни благо го отфрлаат ОРД, притоа мотивите за тоа им се дивергентни. Во оваа насока мислам дека ова е најлошиот можен резултат од имплементацијата на ОРД

Ако ОРД се земе како политичко-филозофска целина, тој предвидува толеранција помеѓу групите, а со тоа го одбива заедничкиот живот, односно во најмала рака не го стимулира истиот. Затоа и сите оние локално распространети етнички конфликти по овој договор па се’ до денес (од младинските тепачки по автобусите средношколските конфликти во двојазичните училишта како што беше оној познат пример во Стурга).

Впрочем, и со досегашната имплементација на ОРД не се воспостави ниту една нова форма на групна автономија, ниту пак можности за обединување на интересите на заедниците надвор од тесните рамки на политичките партии, туку само терминот „соодветна и правична застепеност” стана нова темелна вредност на уставниот поредок на РМ, со кој практично се врши политичка трговија на пазарот на трудот. Ваквата доминација на политичките партии во сферата на меѓуетничките односи стана голем проблем. Тоа не само што ја политизира секоја форма на меѓуетнички дијалог, туку и ја трансформира етничката застапеност во институциите во партиска застапеност, која резултира со партизирана и некадарна администрација, па дури и со појава на внатреетничка дискриминација.

Еден од најважните сегменти во насока на градење доверба, соработка и соживот помеѓу етникумите беше новата територијална поделба која произлегува од ОРД, а која до денеска има разорни последици кон ефикасното функционирање на локалните заедници. Со Законот за територијална организација на локалната самоуправа од 2004 година, со којшто се уредија границите на општините водејќи се од етнодемографските, а тотално запоставувајќи ги природните граници на локалните единици, се создадоа нецелисходни и нефункционални општини ширум Републиката.

Еден од најважните сегменти во насока на градење доверба, соработка и соживот помеѓу етникумите беше новата територијална поделба која произлегува од ОРД, а која до денеска има разорни последици кон ефикасното функционирање на локалните заедници. Со Законот за територијална организација на локалната самоуправа од 2004 година, со којшто се уредија границите на општините водејќи се од етнодемографските, а тотално запоставувајќи ги природните граници на локалните единици, се создадоа нецелисходни и нефункционални општини ширум Републиката.

територијалната организација со законот од 2004 година беше социјален, демографски и изборен инженеринг.

Децентрализацијата во Македонија требаше да ги земе предвид економските, географските и инфраструктурните критериуми на можностите за развој на локалните единици. Во Македонија, овие критериуми беа засенети од етничките проблеми и политичките договори помеѓу коалиционите партнери. Така, територијалната организација со законот од 2004 година беше социјален, демографски и изборен инженеринг. Преку овој исклучително важен процес во градењето на здрава социјална средина се водеше трка по бројки врз етничка основа, а не напор за креирање логични географски и социјални целини. И повторно, изработката на овој закон, кој беше дел од пакетот закони потребни за обезбедување на процесот на децентрализација кој беше означен како клучна компонента на ОРД, не беше транспарентна и немаше одобрение од јавноста. Всушност, три партии, членови на владината коалиција (Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија  – СДСМ, Демократската Унија за Интеграција – ДУИ и Либерално Демократската Партија – ЛДП) се согласија за главните принципи на Законот за територијална поделба без транспарентност и поддршка од јавноста. На приговорите кои јавноста ги упатуваше до овие политички елити во врска со нетранспарентноста и задкулисноста на дискусијата по прашањето за новиот закон за територијална поделба едноставно се одговараше со „тие (коалиционите партнери) се избраните претставници од страна на народот“ (како што врпочем изјави и тогашниот претставник на ЕУ во Македонија, Шина Томсон)..

И покрај општата согласност дека спроведувањето на ОРД и неговата институционална имплементација е добра, очигледно е тоа дека не е исполнета главната цел на договорот. Меѓуетничките тензии и отворени конфликти сеуште постојат и тие се разгоруваат од време на време, на план на градење довреба и соживот помеѓу етничките заедници ништо не е постигнато. Напротив сведоци сме како политичките претставници на различните етникуми се препукуваат еден на друг само на белите екрани, а заткулисно договараат зделки и делба на државните ресурси и привилегии, а народот останува како стадо во поделба на тој плен. Меѓуетничката комуникација е намалена, а меѓуетничката доверба влошена, исто така забележителна е и демографска активност која е силно етнички детерминирана, односно албанските средини на живеење стануваат уште поалбански а македонските уште помакедонски.

И покрај општата согласност дека спроведувањето на ОРД и неговата институционална имплементација е добра, очигледно е тоа дека не е исполнета главната цел на договорот. Меѓуетничките тензии и отворени конфликти сеуште постојат и тие се разгоруваат од време на време, на план на градење довреба и соживот помеѓу етничките заедници ништо не е постигнато.

Меѓуетничката комуникација е намалена, а меѓуетничката доверба влошена, исто така забележителна е и демографска активност која е силно етнички детерминирана, односно албанските средини на живеење стануваат уште поалбански а македонските уште помакедонски.

 

Со досегашното третирање на ОРД, Република Македонија не е и нема да биде парламентарна демократија, овој договор денес не е ниту инфраструктура на современото македонско општество, а пак ниту инструмент со кој би се надраснало етничкото минато во нашава држава (што воедно е и балканско минато). Политичката стабилност и ефикасност не се подобри и нема да се подобри со понатамошна имплементацијата на ОРД туку само ќе се менува карактерот на заедницата.

Денес, може дури и да се каже дека имплементирањето на ОРД во МК (формално) скоро да е при крај, но се’ уште ни мирис од инклузивноста на консензуалната демократија. А и како ќе се спроведе такво нешто кога самата демократија е финансиски скапа работа, инклузивноста на граѓаните во креирање и одлучување уште поскапо, а пак условите на работноспособното население при суровоста на капиталистички пазар на труд се фактор плус (можеби и најважен) како пречка во тоа да оваа цел на ОРД биде исполнета ако воопшто е можна. Имено, затоа што консоцијалната поделба на власта си носи ризик од зајакнување на етничката поделба и етничката припадност да ја претвори во главен или доминантен елемент за идентификација, што практично нас и ни се случи. Последиците од ова се влошување на меѓуетничките односи и манифестација на етничко културолошка еднаквост на штета на социјалната еднаквост.

консоцијалната поделба на власта си носи ризик од зајакнување на етничката поделба и етничката припадност да ја претвори во главен или доминантен елемент за идентификација, што практично нас и ни се случи. Последиците од ова се влошување на меѓуетничките односи и манифестација на етничко културолошка еднаквост на штета на социјалната еднаквост.

ОРД само ги смири отворените конфликти, но никако не посегна по нивно конечното разрешување.

За демократска, стабилна и неконфликтна Македонија пред се’ е потребна социјална правда.

На крај, би сакал да подвлечам дека прашањата околу степенот на имплементација на ОРД или пак неговиот успех или неуспех во постигнување на целите предвидени со него се ефемерни во однос на реалната моментална состојба на нашата заедница. ОРД не може да биде политичко убедување, содржината на ОРД не е скроена за да ги реши проблемите, туку тоа е заложба за политичка спогодба која треба да отвори простор за градење на материјална подлога за социјална надградба. Односно, ОРД само ги смири отворените конфликти, но никако не посегна по нивно конечното разрешување. За тоа, потребно е нешто многу повеќе од уставен или било каков правен акт, за тоа е потребно општество на социјална правда и еднаквост, општество со материјални можности за градење на социјален соживот помеѓу членовите на истото. За демократска, стабилна и неконфликтна Македонија пред се’ е потребна социјална правда.

0
img

Цитати
  • Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!