Движење за социјална правда

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија го испраќаат следниот

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС

Постојаното погазување на правата и достоинството на работниците е една од клучните неправди што ги живееме.  Заедно да го кренеме гласот на протестен марш! 

letok napred2-01 (1)

Се обединуваме во борбата за остварување на следниве заеднички Ц Е Л И:

  • донесување нов Закон за работни односи кој што ќе овозможи вистинска заштита за работниците во приватниот и во јавниот сектор, преку:
    –  ослободување на правото на штрајк, бидејќи, преку спорни одредби во актуелните закони, на работниците им е отежната борбата за своите права преку штрајкови;
    –  нормализирање на процесот за регистрација на синдикатите и синдикалните организации согласно одредбите на Конвенциите 87 и 96 на Меѓународната организација на трудот (МОТ);
  • итно изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници согласно Уставот и законите на РМ, како и конвенциите потпишани од страна на државата;
  • промени во Законот за безбедност и здравје при работа со кои здравјето на работниците ќе се стави како приоритетен аспект на работниот однос;
  • повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор – два закони што го киднапираа достоинството на вработените во јавниот сектор;
  • со повлекувањето на горенаведените закони, бараме враќање на Законот за државните службеници со оригиналниот текст од 2000 гoдина
  • повлекување на Законот за културата и на подзаконските акти донесени врз основа на истиот;
    со повлекувањето на горенаведениот закон, бараме враќање на Законот за култура од 1998 и отпочнување преговори за потпишување на Колективен договор за вработените во културата;
  • повлекување на сите измени и дополнувања на Законот за високо образование од 2008 година до денес, сè до донесувањето нов ЗВО во кој ќе се обезбеди потполно почитување на правото на автономија на Универзитетот, квалитетен и одржлив развој на вискообразованата дејност, како и изземање на јавните високообразовни установи од системот на трезорско финансирање.
  • законско регулирање на партиципативно студентско организирање и демократска студентска репрезентација во високообразовните установи;
  • повлекување на сите измени на постојниот Закон за надворешни работи од 2008 година до денес и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени
    – враќање на оригиналниот текст на ЗНР од 2006 година во сила, со единствена цел за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на    надворешната политика;
  • донесување нов Закон за медиумите кој ќе биде прифатлив за новинарите и медиумските работници и регулирање на платите и останатите права преку законска рамка (односно Колективен договор изготвен од ССНМ)
  • вклучување на сите грански синдикати во процесот на социјален дијалог на би- и три-партитно преговарање
  • отпочнување со инклузивен процес на преговарање за нови Општи колективни договори за вработените во приватниот и во јавниот сектор;
  • потпишување Колективни договори за сите гранки и дејности кои ќе ја отсликаат вистинската слика на борбата за подобри работнички права во Република Македонија.

Повикуваме на здруженост во борбата за поголеми права и подобри услови за работа. Вруваме дека само преку соработка и работничка и синдикална солидарност можеме да се спротиставиме на притисокот на актуелните антиекономски и антисоцијални политики.

 

Потписници на Повелбата за солидарност:

Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС) , Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ, Движење за социјална правда ЛЕНКА, Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС) и Младинска организација МУГРА

 

0
img

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!