Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2016
Фундаменталистичкиот став кон жените на граѓанското здружение „Ќопру“ (Köprü)
Деновиве редакцијата на Ленка го доби ова Писмо од девојка која порано работела во граѓанското здружение за кое што станува збор во истото.
Писмото во целост ви го пренесуваме како превод на Редакцијата од турски јазик. Притоа, напоменуваме дека авторката сака да остане анонимна.
Граѓанското здружение „Ќопру“ кое во Македонија е активно уште од 2002 година па наваму и кое во своите декларативни цели наведува дека се залага и активно делува во областа на уметноста, културата и образованието, а добива сериозна, како материјална, така и идејна поддршка од Република Труција, со својот односот кон младите и своите вработени, покрај работничките ги крши и основните човекови права. Односот на ова здружение кон младите е надвор од почитување на осносвните слободи и права на индивидуата.
Во оваа организација, чие седиште се наоѓа во средиштето на старата турска чаршија во Скопје и која опстојува преку директна поддршка, како од страна на самата влада на Р.Турција така и од фондации и разни организации и поединци блиски до владеачката промениенција на Р. Турција, жените како членки на истата, особено младите девојчиња, кои патем се обидуваат да се најдат и реализираат себе си во рамките на општеството, биваат под силно влијание од страна на претседателот на организацијата, како и од страна на целото раководство на истата. Вистинската цел и идеологија на ова здружение, која се манифестира во еден однос кон младите девојки како битија од втора класа на човештвото е совршено камуфлирана во внатрешно создадената реклама и медиумска моќ на самата организација како и успешно скриената пропаганда преку финансискиот раскош кој го има оваа организација. Ваквата состојба ја потврдуваат информациите кои се добиени како и направените разговори со младите девојки во оваа организација.
Во последно време, главната заложба и активност на самата организација е посредување помеѓу интерперсоналните односи на машките со женските членови кои се дел од оваа организација. Односно, организацијата води еден вид стројничка политика помеѓу нејзините членови. Ваквите ситуации во организацијата се толку далеку отидени што дури има случај каде што врз една девојка со недолични, примитивни и ирационални методи е извршено влијание да се согласи на љубовна врска со еден младич од самата организација.
Сепак ваквите ситуации не завршуваат тука, пред две години една од девојките кои работат во ова здружение беше на некој начин присилена да влезе во љубовна врска со човек кој сеуште и денес е член на управниот одбор на ова здружение. Поради оваа мисија на организацијата, беа прекршени не само работничките права на девојката, која патем работеше како едитор, туку и нејзините основни човекови права беа загрозени на тој начин што нејзиниот компјутер тајно бил под мониторинг на раководството кое се обидувало да извлече информации од приватниот живот на девојката.
Во врска со овој нечесен и кривичен чин превземен од страна на повеќето од денешните членови на високото раководство на ова здружение имаме материјални и непобитни докази кои го потврдуваат овој случај. Ваквите свесни (несвесни) превземени ставови и потфати кон жените – обидуваќи се на жената да и скројат една нова националистичка и верско фундаменталистичка улога во современото општество – историјата ја враќаат назад за некои 100 години и создаваат една регресивна култура на општествено живеење.
Март, 2016
Во прилог оригиналната верзија од писмото.
Türk Sanat ve Eğitim Derneğinde Kadınlara Karşı Fundamentalist Tutum

- Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон