Движење за социјална правда

Демократски „социјализам“: Синдикатот, војната и Корбин

CorbinБританската Лабуристичка Партија одлучи да не се спротистави на нуклеарната програма Тридент и покрај пацифистичката линија на новоизбраниот лидер Џереми Корбин. Синдикатот УНИТЕ ја фаворизира истата програма. Ова е само едно од многуте противречености со кои се соочува левичарскиот лидер што ја води оваа центристичка партија.

Годишната конференција на британската Лабуристичка Партија која заврши на 30 Септември оваа година, одлучи да не ја дискутира поддршката на програмата Тридент, програма за нуклеарно воооружување на Обединетото Кралство. Програмата вклучува производство на атомски бомби и комплетен воен апарат потребен за одржување на бојните глави на истите. Таа програма е оспорена генерално не само од сите пацифисти кои бараат разоружување на Велика Британија, туку во последниве години и од страна на многу други кои ги сметаат потрошените милијарди фунти за одржување и обновување на Тридент превисока цена за овој период на криза и штедни мерки.

  • Синдикатот и војната

Меѓу противниците на нуклеарната програма ја нема УНИТЕ, синдикалната конфедерација која го даде главниот придонес на гласањето за изборот на Џереми Корбин како водач на Лабуристите. Според изјавата на Лен МекКаскли, секретар на УНИТЕ, “сите би сакале да го ослободат светот од нуклеарното оружје и ги подразбираме моралните прашања и трошоците во ова кризно време. Но за нас најважно е да се заштитат работните места. Во отстуство на веродостојна алтернатива за заштита на работничките права и вештини, ќе гласаме против било која анти-Тридент резолуција”.

На прв поглед, позицијата на синдикалниот лидер личи на позиција на одбрана на работните места по секоја цена. Позиција која може да се критикува поради не земањето во предвид на милитираризмот, кој може да предизвика војна и интернационално да уништи многу повеќе работни места отколку што би жртвувал прекинот на програмата Тридент. Земајќи ја во предвид неговата позиција со поголемо внимание, се забележува дека тој има поинаков став и околу разоружувањето. Низ текот на годините кога беа во опозиција на Тачер, лабуристите го поддржуваа едностраното разоружување, за после да станат поддржувачи на преговорите за разоружување на повеќестран начин кога стигнаа на власт со Тони Блер. Според МекКаскли, разоружувањето треба да се направи кога “целиот свет” ќе се ослободи  од нуклеарното оружје. Во рамките на Лабуристичката Партија, синдикатите директно ги избираат од своите редови 40% од делегатите на Националната Конференцијa и УНИТЕ  е најголемата синдикална организација меѓу официјално поврзаните синдикални организации со лабуристите.

  • Корбин и војната

 

Новиот лидер на лабуристите сепак одлучи да го постави прашањето околу програмата Тридент на Националната Конференција и изгуби. Во својот извештај за Конференцијата ја изнесе и бранеше неговата пацифистичка опција, ја постави партијата во опозиција на новите воени планови против Сирија и рече дека ако биде на власт и се најде пред екстремна одлука за нуклеарна одбрана на земјата, ќе одбије да употреби нуклеарно оружје. Тој, исто така, се обиде да ја стави Тридент меѓу главните точки на дебата, на која се очекуваше партијата да обработи нова линија. Поразот за Корбин беше тежок. Само 7.1% од делегатите гласаа за да ја преобработат нуклеарната програма, со едвај 0.16% гласови од синдикалните делегати.

 

Во текот на наредната пролет британскиот парламент треба да го гласа обновувањето на Тридент и финансирањето на новиот систем на подморници што ќе носат нуклеарни боеви глави. Одбивањето на Конференцијата да го преиспита ова прашање значи “чиста совест” за гласачите и дека поголемиот дел од пратеничката група (цврсто чувана во рацете на центристите и “умерените”) за воениот систем ќе гласа заедно со десничарската влада.

Одлуките на лабуристите беа несомнено критикувани од од страна на анти-милитаристите. Кејт Хадсон, генерална секретарка на Кампањата за Нуклеарно Разоружување, за комунистичкиот весник Утринска Ѕвезда изјави: “Веста беше горчлива и разочарувачка, не само за лабуристичките делегати и членовите на партијата кои сакаа да ја стават дебатата на дневен ред, но и за многуте други низ целата земја што сакаа да ја видат Лабуристичката Партија недвомислено да се спротистави на желбата на владата да остане земјата со нуклеарно оружје”. Во секој случај, анти-милитаристите сметаат дека работните места, создадени од воениот апарат, можат лесно да се претворат во работни места за промовирање и подобрување на јавните услуги.

 

Опозицијата на Тридент особено се фокусира на Шкотска, каде се наоѓаат и најголемите бази за нуклеарно оружје. Непроменетата позиција на Лабуристичката партија е ветер во едрата на шкотската левица која се бори за независност, посебно за Шкотската Национална Партија, која со лабуристите го има истиот социјалдемократски електорат. Имено, Шкотската Национална Партија веќе е прва партија во шкотскиот парламент, додека лабуристите се втори. На наредните мајски избори, индипендентистите (сепаратистите) се стремат кон дополнително зајакнување на нивната позоција на штета на лабуристите, обвинувајќи ги дека нивните левичарски намери не се навистина веродостојни.

 

За Џереми Корбин, пред да стане идна власт, вистинскиот предизвик е следниот: Лабуристичката Парија има левичарски лидер и има доста нови левичарски милитанти, но посредното ткиво и парламентарната група се умерени. Ќе се исцрпи ли прво лидерот или парламентарната група?

 

За ДСП ЛЕНКА:

Едвин Имери

 

Работничка Комунистичка Партија – Италија

(Partito Comunista dei Lavoratori – PCL – Italia)

Движење за Социјализам – Швајцарија

(Bewegung für Sozialismus – BfS – Schweiz)

 

4та Интернационала

 

0
img

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!