Движење за социјална правда

Збор-два за перспективата на македонската демократија

lenkaLogo-565x320

  1. Да почнеме со појаснување на поимите кои се клучни за разбирање на текстот. Таквите поими имаат различно значење и често се користат како флоскули во актуелниот општествен живот: демократија, слобода, народ, итн. Постапката на избирање на претставници во политичката сфера од локално до републичко ниво со тајно гласање без присила, уценување, како и други манипулации, и нивното овластување да одлучуваат според мислењето на избирачите е само привид на демократија. Дури и да се почитуваат основите правила на фер избори т.е. на отсуство на присила, како брутална сила така и прикриена сила со заплашување од секаков вид, кои во голема мера се постигнати во развиените западни држави, слободата на избор е под директна врска со материјалните и финансиските средства на политичкиот субјект, а идеолошкото загадување на мнозинството од страна на малцинството е професионализирано. Еве на пример, се согласуваме за момент дека системот е демократски поставен како е задоволено горното правило. Се избираат претставници на база на нивни намери и програма. Се спроведува референдум со јасно прашање. Но, нашето искуство вели дека политичките програми, идеи и визија се само празни зборови на потрошена хартија која поради квалитетот ни за ВЦ не може да се искористи. Тоа е јасно за Македонија, некој ќе рече, ама во вистинските демократии не е така. Ама како е? Во Грција имаше дури и референдум со кој се кажа НЕ на третиот Меморандум. Како попчиња од СИРИЗА го протнаа Меморандумот без дебата во Парламентот. Нивниот мандат повеќе не е легитимен во однос на демократското претставување.

 

  1. Некој друг ќе каже дека Грција не е пример за демократија. Еве да ја земеме за пример Британија. Монархијата каде неизбраната кралица со потесното семејство годишно за своите потреби за електрична енергија троши колку 2400 просечни семејства. Во Британија јавното, ненаштимано мислење беше против војната во Ирак. Државата не го зеде тоа предвид. Сегашната влада владее со гласот на 25% од целокупното гласачко тело. Останатите 75%, мнозинство и апсолутно и двотретинско, има различно мислење по речиси сите главни предлози на конзервативната влада. А згора на тоа во Британија постои анахронизам наречен Дом на Лордовите, неизбрани гомнари господари. Демократијата за која зборуваме се нарекува буржоаска демократија — се функционира да се одржи системот каде буржоазијата владее над останатиот дел од нацијата. Демократија од тој аспект е само алатка на капитализмот, исто како што атинската демократија била алатка на системот над робовите и другите неатињани.

 

  1. Како и поимот за граѓанска демократија, така и слободата има различна дефиниција за буржоаскиот либерализам или за научниот социјализам. Слободата сфатена од граѓанскиот мислител е секогаш во служба на одржување на капитализмот и неговата репродукција: право таткото милијардер да остави во наследство на синот имот вреден како една просечна африканска држава се нарекува „слобода“, правото да се носи и употребува оружје се нарекува „слобода“, ограничување на „слободата“ би било и се забрани пропагирање на измами како астрологијата, завери против вакцинирањето и слични болести на малограѓанштината. Слобода е кршењето на прангите сфатено индивидуално, но и за целата заедница.

 

  1. Капитализмот во Македонија исто така има потреба од алатката на буржоаската демократија. Развојот на капитализмот е засилен само со „слободни“, неприсилени граѓани, каде можат послободно да творат. Но, што правиме доколку капитализмот не може да се развива, како што реално е. Капиталистичката класа во Македонија е толку слаба, таа е реално немоќна да владее. Во оваа држава владее капитализмот, но без локална силна капиталистичка класа, државната бирократија ја превзеде улогата на менаџер. Западниот империјализам е само партнер на власта, која е добра само доколку се спроведува нивниот диктат. Демократијата, спортивно на нивната официјална агенда и милоустие, според империјалистите порано и сега, а и во иднина, треба да биде ограничена и управувана. Дозирањето на човековите права и слободи ќе продолжи и во наредниот циклус, дури и да се случи некое чудо да падне оваа власт.

 

  1. Во овие услови се поставува прашањето на антикапиталистичките активности. Залуден е овој активизам кој бара остварување на граѓанската демократија во рамки на истиот економски модел на угнетување и експлоатација. Залудно е да се бориш сега за демократија, а социјализам некогаш кога ќе дојдат погодни услови. Одговорот е јасен. Но, тоа не значи дека не треба да се прави ништо. Напротив, има премногу работи на премалку луѓе. Левицата е оставена да се консолидира, избистри и трансформира во сила која ќе делува ефикасно против системот вон системот.

 

  1. Целиот свет е во фаза на бранување. Економската криза од 2008 година нема паралела во друга криза во поствоениот капитализам. Европското стопанство се тресе од ефектите од пред 7 години, а некои либерални економисти најавуваат нова криза. Во однос на марксистичката теорија, која ја предвиде кризата кога сите веруваа во „крајот на историјата“, светот е влезен во бран од револуции и контрареволуции, атак врз работничките човекови права, и атак на работничката класа врз империјализмот и капитализмот. Фактот дека капитализмот не го бива ќе биде се` појасен и поизразен. Левиот реформизам ќе биде весник за големи промени. Секако дека неуспешноста на реформизмот ќе ги зајакне револуционените сили, но само доколку постои матрица која ќе застане позади народните маси.

 

  1. И македонската политика е дел од светската. Нестабилноста на политичката сцена во последната година дена ќе продолжи. Ќе имаме заострување на политичките манипулации, популизам, евентуално националистичка реторика од страна на владеачката коалиција. Опозицијата ќе ja насочи борбата по советите на западниот фактор во вмешувањето во инфицираните институции. Разногласието ќе ја ослабне до точка на распаѓање, а монолитноста ќе ја фрли во пропаст и заборав. Западниот империјализам будно ќе ја надгледува ситуацијата и ќе интервенира, млако и полуотворено.

 

  1. Во тие услови класната борба нема да запре. Владата ќе се обиде да не дојде до поголеми синдикални протести и ќе продолжи со својата византиска политика. Работничката демократија ќе се калее наспроти болната граѓанска. Задачата на социјалистите во наредниот период ќе биде да се поврзат органски со синдикатот, да објаснат за границите на постојниот (не)демократски капитализам, да се завземе интернационалистички став и да се подготви, конечно, за светската револуција.

 

 

Александар Атевиќ
ДСП ЛЕНКА
Октомври 2015 година

1
img

Еден коментар на “Збор-два за перспективата на македонската демократија”

  • Илија Колев Радовиш Македонија на 22.10.2015 во 21:50ч. напиша:

    Еве го оружјето со кое треба работничката класа да се бори………………..И Д Е О Л О Г И Ј А

    ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНИТЕ СИЛИ ЗА
    УТВРДУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕДОСТАТОКОТ
    НА КАПИТАЛИСТИЧКИОТ СИСТЕМ

    УТВРДУВАЊЕ И ИСПРАВАЊЕ НА ПОГРЕШНИТЕ ТЕЗИ

    1. Дека, само парите се капитал. Да објаснам што е условот за да се нарече некој за капитал. Условот е да тој некој, е чинител на работата, да биде влезен во работа и да има обезбедено право да учествува во крајниот резултат од работата. Чинители на работата се и трудот и парите, други нема, тие се единствени. Значи штом чинителот на работата не го исполнува условот да учествува во крајниот резултат од работата, тогаш тој неможе да се нарече капитал, туку само потенцијал да стане капитал. Во колку некој чинител е земен во работата, а не му е дозволено да учествува во крајниот резултат од работата, тој се третира за стока, добива само цена од неговиот пазар.

    2. Дека, вложениот труд е нешто поразлично од вложените пари, поточно дека тој нее вложување што има вредност. Одговорот на ова теза е, дека тоа важи само кога не се ангажира туѓ труд. Бидејки ако е така, тогаш зошто при купувањето на трудот се плаќа цена ? и се настојува да се таа цена признае преку крајниот пазар од купувачите. Тоа е доказ дека трудот во работата влегува со вредност во висина на цената, која е најблиска до стварната вредност. Разликата помеѓу парите и трудот е во тоа што парите веќе ја имаат вредноста, а трудот ја стекнува во текот на работата. Или дека, парите се веќе опредметен труд, а трудот е во тек на опредметување во пари.

    3. Дека, крајниот резултат од работата е заслуга само на вложените пари. Како може да се тврди такво нешто кога= работата ја праваат и трудот и парите, како неразделни, потоа кога и трудот и парите имаат вредност, што им претставува влог, и што таа вредност е условот за создавањето на резултатот од работата, а со тоа и крајниот резултат од работата.

    4. Дека, сопствениците на парите /газдите/ кога го употребуваат профитот за инвестирање со тоа ја подобруваат состојбата и овозможуваат развој. Погрешно присвоениот дел од крајниот резултат од работата, што им следува на работниците, а го присвојуваат газдите, доведува да не се истроши понудата што е веќе создадена и одговара на тој дел, а при неговото инвестирање, и тој учествува во создавање на подобар краен резултат од работата, од кој ќе произлезе повеќе создадено нова вишок на понуда. Кога тој дел што им следува на работниците, отиде кај нив, неговата намена е за лична потрошувачка, а кога отиде кај газдите тие го пренаменуваат за инвестициона потрошувачка. Значи, создаденото со намена за лична потрошувачка останува непотрошено, се зголемува се повеќе и повеќе и тоа е всушност вишок на понуда која предизвикува појава на криза.

    5. Дека, од таквиот принцип на работа произлегува развој. Самата појава на криза, е доказ дека тој принцип на работа е погрешен. Состојбата на криза се знае дека е резултат на вишок на понуда, и дека предизвикува сиромашење на работниците, што е оригинален доказ дека тој вишок на понуда е погрешно одземениот дел на работниците што им следува /како право/ од крајниот резултат од работата. Тие нивни пари што не ги добиваат, за толку неможе да се истрошува веќе создадена понуда за лична потрошувачка. Таа понуда се уништува и тоа е начинот на сиромашењето на работниците.

    6. Дека, снижувањето на цената на трудот е условот за успешна конкуренција и развој. Тоа нее точно, бидејки намената на тоа што се создава е за тие што го создале, во најмала мера, во рамките на тоа што го вложиле. Во колку и од тоа се отстапува, што е можно поради развојот на науката и техниката, која придонесува на замената на трудот, тогаш решението е смалуванје на работното време за трудот. Значи, учеството во крајниот резултат од работата и на двата чинитела на работата- трудот и парите, согласно нивниот влог од вредност, е нужност што произлегува како потреба за правилно функционирање на системот. Кога таа нужност нее задоволена, што е случај со сегашниот капитализам, се добива резултат каков што го имаме а тоа е= кризи, војни, сиромаштија, невработеност, раслојување, расселуванје и др.
    7. ЗАКЛУЧОК= Исправната градна на општествениот систем, кој за дадените услови е капитализам, е прифаканје на нужноста и двата чинитела на работата, покрај цената добиена од своите пазари, за трудот остварена плата, за парите остварена камата, да учествуваат и во крајниот резултат од работата согласно на влогот од вредност со кој учествуваат во работата. Тоа е, за трудот /работниците/, вложениот труд во вредност на остварената нето плата, а за парите /газдите/ вложените сопствени и кредитни пари упросечени на ниво на пресметковен период.

Цитати
  • Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото. Мари Букчин
    Екологија на слобода
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!