Движење за социјална правда

СООПШТЕНИЕ

 

Демант

по повод најновиот упад во синдикатот во Битола

 

Уште еден удар врз синдикатите. Имено, поништен е легалниот и легитимниот избор на претседателката на синдикалната организација на СОНК при О.У.  „ Елпида Караманди “ – Битола, д-р Фанче Јошевска. Таа истовремено беше претседател на регионалниот одбор на СОНК за Битола, Ресен и Демир Хисар.

Што се случи? На 27. 04. 2015 година, како единствен кандидат за претседател, д-р Фанче Јошевска беше реизбрана за претседател во синдикалната организација во О. У.  „ Елпида Караманди “ – Битола. Во меѓувреме донесена е одлука за поништување на изборот, за што претседателката не била известена и не ѝ била дадена можност јавно да се обрати на советот. Подоцна, на 19.09.2015 година на одржаниот повторен избор за претседател на синдикалната организација беше избран поранешниот директор на училиштето Илија Белџигеровски. Изборот е извршен на брутален начин и со прекршување на Статутот на СОНК. Иако на состанокот синдикалците инсистираа да се одржи тајно гласање, тоа не беше овозможено.  Згора на ова дојде до вербални закани и  принуда врз членовите на синдикалната организација да гласаат за јавно гласање на кандидатите. Со тој притисок реално се создаде ситуација без услови за демократски избори и изразување на вистинската волја на гласачите. Голем дел од синдикалците ја напуштија просторијата и училиштето.  Дел од оние кои го напуштија состанокот ги принудија да се вратат во училиштето за да се достигне кворум.

Навикнавме на газење врз правата на работниците, бидејќи молчиме и премолчуваме. Време е да ја рашириме идејата за солидарност. Работниците може да се потпрат само на себе.

ДСП Ленка веќе контактираше и оствари средба со разрешената претседателка и одлучно застанува во одбрана на автентичниот синдикализам. Борбата мора да продолжи.

 

 

ДСП Ленка

22.09.2015 година

0
img

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!