Движење за социјална правда

Солидарност со бегалците!

12003168_1222906207735214_6892304036338854489_n

Ова е говор на нашата другарка Марија Чубалевска, одржан на протестниот собир за поддршка на бегалците на ден 12.09.2015 година, организиран од страна на ЛД Солидарност.

Бегалците на нивниот долг пат мораат да се соочат со полициско насилство, грабежи, глад, жед и што ли уште не за да стигнат до некое сигурно место на кое можат да останат. Според официјални статистики над 20 000 бегалци се удавиле само годинава во средноземно море. И покрај тоа што очигледно никој таков потфат не се презема за забава, се уште е многу силен тој мит, дека бегалците можат да се поделат во добри и лоши. Во оние поштените, кои што бегаат од војна и диктатура и оние така наречени економски бегалци, кои што бегаат од сиромаштија во подобар живот. Поготово во Македонија, каде што секој втор или живеел или сака да живее во странство за да има повисок стандард, оваа поделба е крајно лицемерна. Се додека има богати и сиромашни земји, додека владее империјализам, масовната миграцијата е не само оправдана, туку и неизбежна.

Еден друг таков мит, е дека сите бегалци доаѓаат кај нас во Европа. Факт е дека до сега најмногу бегалци од Сирија имаат примено Турција, Јордан и Либан, а вкупно имаше 5 000 000 Бегалци од Сирија во последните 4 години. Само Турција има примено 2 000 000 сиријски бегалци.

А зошто тие бегалци не бараат помош во побогатите земји на регионот, како на пример Саудиска Арабија? Бидејќи Саудиска Арабија има изградено ѕид од 950 километри околу себе, за токму тоа да го спречи. Исто како меѓу Унгарија и Србија што изградија ѕид, па дури и меѓу Македонија и Грција ограда ставија.

Тука бегалците ни изгледаат толку многу, зошто тврдината Европа не беше и се уште не е припремена, за тие луѓе да ги прими. Скоро целата инфраструктура на која се потпираат бегалците, која се создаде во последните недели, беше создадена од доброволци. Тоа на една страна е убаво да се гледа како луѓе без сопствена корист жртвуваат, време, работна сила и пари од причини на солидарност – на друга страна тоа се работи кои би требало да бидат организирани државно!

Ако веќе зборуваме за должност: европскиот империјализам, покрај американскиот ја носи вината за бедната ситуација во блискиот исток. Помош и соодветно примање на сите бегалци како нови сограѓани со сите права би било само почетокот на отплаќање на овој долг. Во европските земји во кои што полицијата ги пушта бегалците без контроли и ограничувања да поминат, тие притоа го кршат договорот од Даблин, во кој што пишува дека Азилантите смеат да бараат Азил само во таа држава, преку која влегле во ЕУ.

Почна да се рони малтерот на тврдината Европа. Ама тоа е далеку од доволно – целата тврдина мора да се сруши, нејзините ѕидови пепел да се сторат се до темелите!

Тоа подразбира укинување на сите граници и рестрикции на движење, ни еден човек не смее да биде илегален. Тоа подразбира исто така и отстранување на причината за бегство – капиталистичкиот светски поредок!

Исто така сакам да нагласам, дека денес во 13:30 има и еден собир за поддршка на турската влада. Таа влада моментално води војна против Курдите и ХДП, кои се најпрогресивните сили не само во државата, туку и во регионот. Курдите се единствените кои ефикасно се борат против ИСИС, чии злосторства се причина за бегство на многу луѓе. Така да нашиот протест и нивниот протест не само што се поврзани, туку се дел на една иста битка, во која стоиме на спротивни страни. Според фејсбук,ќе има таму 200 учесници, 1 500 се поканети, ќе биде срамота за Скопје ако можат без никакви пречки да ја шират нивната пропаганда.

Клучни зборови: , ,
0
img

Цитати
  • Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!