Движење за социјална правда

Пазар на личности [Ерих Фром, „Здраво општество“]

Каков е односот на човекот спрема себе? Човекот се доживува себеси како предмет кој треба да биде успешно искористен на пазарот. Тој не се доживува себеси како активно битие, како носител на човечките моќи. Тој е оттуѓен од овие моќи. Неговата цел е само успешно да се продаде на пазарот на личности. Неговата свест за своето „јас“ не произлегува од неговите активности на поединец кој љуби и мсили, туку од неговите општествено-економски улоги. Ако го прашате човекот „Кој си ти?“, тој одговара „Јас сум фабрикант“, „Јас сум чиновник“, „Јас сум доктор“, или „Јас сум оженет“, „Јас сум родител на две деца“. Тоа е начинот на кој човекот се доживува себеси, не како човек кој љуби, кој чувствува страв, кој има убедувања, сомнежи, туку како апстракција која е оттуѓена од неговата вистинска природа, а која исполнува извесни функции во општествениот систем. Неговото чувство за вредност зависи од неговиот успех: од тоа дали може да се продаде себеси поволно, дали може да создаде од себе нешто повеќе од она со што започнал, дали неговиот живот е успешен. Неговото тело, неговиот ум и душа се неговиот капитал, а неговата животна цел е тоа поволно да го инвестира, да создаде профит со помош на себеси. Човечките особини како што се пријателството, учтивоста, љубезноста, претворени се во роба, во личен инвертар кој може да се продаде по повисока цена на пазарот на личности. Ако поединецот не успее себеси поволно да се инвестира, тој чувствува дека промашил; доколку тоа му појде од рака, тој чувствува дека успеал. Јасно е дека неговата свест за сопствената вредност секогаш зависи од факторите надвор од него, од променливите процеси на пазарот, кои одлучуваат за неговата вредност на ист начин како што одлучуваат за вредноста на робата. Оттуѓената личност која се продава на пазарот на личности неминовно, во значајна мера, го губи чувството за достоинство. Тој неминовно го губи секое чувствување на своето „јас“ и себеси како единствено и неповторливо битие.

Превод: Климент Арнаудов

0
img

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!