Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
Грција: Новиот договор – разочарување и казна за изборот „не“ на народот
(Напишано од комунистичката тенденција на Сириза, понеделник, 13 јули, 2015)
Да се организира масовен отпор против хунтата – составена од Тројката, олигархијата и капиталистичката влада – да се спречи верификувањето на договорот во парламентот.
Што треба да прават членовите на Сириза и на Левата платформа?
Меморандумскиот договор кој го потпиша премиерот на ЕУ самитот утрово и кој вклучува сериозни ограничувања, нови нивоа на превисоко оданочување на луѓето, пошто – зашто приватизации и кратења на платите и пензиите – не е ништо друго туку разочарување и предавање пред барањата на Тројката. Исто така, тој е казна за народот поради неговиот храбар, класно втемелен глас „не“ (на референдумот минатата недела).
Владата и водството на Сириза капитулираа. Ама работниот народ и младина нема да го сторат истото. Најзначајна задача во моментов е да се создаде масовно револуционерно „не“ движење на работничката класа со цел да се спречи прифаќањето на новиот меморандум од страна на парламентот и да се порази парламентарната хунта на „национално единство“.
Што да се прави сега?
- Генерален штрајк на неопределено време како и секојдневни собири и демонстрации кои бараат одбивање на договорот
- Да се организираат состаноци за да се изберат комитети за борба во секоја работна средина и секое маало
Комунистичката тенденција на Сириза ги повикува сите членови на Сириза решително да реагираат во претстојниве часови. Гневот на левичарската база мора да се претвори во политичка акција и да не биде оставен да спласне и заврши со луѓе кои го напуштаат движењето со наведнати глави. Не смееме да ѝ ја олеснуваме работата на владеачката банда лажговци да го извршат нивното предавство. Тие не само што ги прекршија, туку ги уништија сите идеолошки, политички, програмски и темелни принципи на партијата. Целиот срам поради ова предавство е нивен. Да се поведе финална битка со лажговците кои ја водат партијата е прашање на политичка чест, но најмногу од сѐ начин да се придобијат најдобрите леви активисти.
Комунистичката тенденција на Сириза ги повикува сите членови на Сириза да побараат итни состаноци на нивните локални штабови за да се прифати следнава резолуција:
„Меморандумскиот договор и пакетот закони кој тој го подразбира мора да бидат гласани „против“ од страна на сите пратеници на Сириза во парламентот.
Оние пратеници кои ќе гласаат за договорот и владините претставници кои ќе го прифатат неговото исполнување, автоматски ќе бидат исклучени од партијата. Нема повеќе да бидат добредојдени во било кое од партиските тела и нема да го имаат статусот на партиски членови.
Потребен е итен конгрес на Сириза кој политички ќе ја осуди владата и ќе прифати нова програма, нов политички курс и ново раководство.“
Бараме ново заседание на Централниот комитет за да дискутира и да ја прифати оваа резолуција. Ја повикуваме Левата платформа да не поддржи и да бара од своите членови да гласаат против договорот, а од своите министри да дадат оставки од меморандумската влада на „национално единство“.
Ако оваа неопходна финална битка со лажливите лидери како што ја објаснивме погоре ја загубиме, тогаш левото крило на Сириза треба да продолжи со формирање на нова партија втемелена на политичките и програмски принципи на изворниот научен социјализам и цврста политичка осуда на реформизмот и социјалдемократијата кои уште еднаш се докажа дека се виновни за големи загуби и предавства.
Текот и успехот на оваа финална битка целосно зависи од однесувањето и изборот на најголемата тенденција на левицата на партијата, Левата платформа. Ако Левата платформа директно не ги спроведе суштинските потези споменати погоре, тогаш илјадници деморализирани борци ќе ја напуштат партијата и ќе го направат остатокот од левичари и комунисти внатре во Сириза безначаен.
Комунистичката тенденција, иако е нова тенденција со скромни сили, е и отсекогаш била единствената конзистентна опозиција на раководството во партијата. Таа беше единствената Тенденција која поддржуваше алтернативна политичка програма на основачкиот конгрес и во сите други партиски тела и се спротивставуваше на социјалдемократските гледишта на раководството.
Таа беше единствената Тенденција во Централниот Комитет на партијата која гласаше против сите политички предлози на раководството. Ова не беше заради некаков си „идеолошки фетиш“ туку затоа што во овие предлози беше скриен никулецот на идното предавство. Тоа е причината што таа беше единствената Тенденција на која и беше ускратено правото да учествува нa изборните листи и да биде претставувана од страна на пратениците од партијата. Конзистентниот политички став на Комунистичката тенденција како спротивен на оној во моментов доминантен од аплаудирачи, апологети и кукавичката „опозиција“ од „апстиненти“ и „поднесувачи на амандмани“ ни дозволува да упатиме повик за собирање и организирање на најдобрите борци во партијата денес.
Другари, членови, поддржувачи и гласачи на Сириза со кои се боревме, рамо до рамо, за време на штрајковите и демонстрациите, на улиците, на работните места и на универзитетите против Меморандумот, бранејќи ги правата на работничката класа и сиромашните – не се трујте со разочарување и цинизам!
Навистина, готово е со Сириза на ова раководство, со Сириза на социјалдемократијата и кариеризмот. А пак нашата Сириза, сириза на левичарската база и на класната борба е жива. Ве повикуваме да ја засилите оваа тенденција. Организирајте се со Комунистичката Тенденција, борете се за единственото вистинско политичко решение кое му оди во прилог на работниот народ, за антикапиталистичкиот, социјалистички вознес! Тоа е најдобриот одговор за лажливите реформистички лидери, тоа е единствениот начин да им се одржи добра лекција на реформистичките предавници што е тоа решителност да се дејствува, тоа ќе ја подготви победоносната одмазда на изворниот социјализам!
Извор:
http://www.marxist.com/the-new-agreement-sellout-and-punishment-of-no-vote.htm
- Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон