Движење за социјална правда

Ципрас распиша референдум. Отфрлете го ултиматумот на Тројката. Прекинете со капитализмот.

siriza referendum (1)

Автор: Хорхе Мартин

Заедно со текстот од сајтот на Интернационалната марксистичка тенденција, In Defense of Marxism, ја пренесуваме и најновата вест од Грција: Алексис Ципрас спроведе контрола на протокот на капиталот, праќајќи ги банките на одмор на една недела и ограничувајќи го подигнувањето на девизни средства на 60 евра дневно. Секако, ова е само минимална мерка, воведена во последен момент, која сама по себе не може да ги осуети плановите на Европската унија за дестабилизација на грчката влада. Без национализација на финансискиот сектор е невозможно да се спротивстави на притисоците на Тројката.

Грчкиот премиер Ципрас пред неколку часа ѝ се обрати на нацијата преку телевизија и најави дека најновиот ултиматум на Тројката на 5 јули ќе го стави на референдум. Ова значи квалитативно нов стадиум во грчката криза кој може да го ослободи насобраниот гнев на масите против постојаното понижување од страна на Тројката.

Ципрас во својот говор користеше остри зборови:

„Бараа од грчката влада да прифати предлог со кој на грчкиот народ му се наметнува нов неиздржлив товар и го поткопува опоравувањето на грчкото стопанство и општество. Овој предлог не само што ја одржува состојбата на несигурност, туку уште повеќе ќе ја продлабочи социјалната нееднаквост.

„Институциите“ го предлагаат следново: мерки кои водат до понатамошна дерегулација на пазарот на труд, намалување на пензиите и платите во јавниот сектор, зголемен ДДВ на храната, рестораните и туризмот и укинување на намалените даноци за грчките острови. Овие предлози директно ги кршат европските социјални и основни права; тие покажуваат дека што се однесува до трудот, еднаквоста и достоинството, цел на некои од партнерите не е договор во користг на сите страни, туку понижување на целиот грчки народ“. Рече дека: „на наш грб има историска одговорност кон борбата и жртвите кои грчкиот народ ги дал за консолидација на демократијата и националниот суверенитет. Одговорни сме кон иднината на нашата земја“. Потоа заклучува: „Оваа одговорност бара на ултиматумот да одговориме врз основа на суверената волја на грчкиот народ“. Директно апелира на народот на Грција: „Ве повикувам, во согласност со историјата на грчкиот народ, да одговорите на суверен и горд начин на уценувачкиот ултиматум во кој од нас се бара да прифатиме бескрајни, длабоки и понижувачки кратења без перспектива за опоравување на стопанството и општеството“.

За да сфатиме како сме се нашле во ваква положба, треба да се вратиме на почетокот од седмицата. Веќе објаснивме како грчката влада на Тројката ѝ претстави документ кој веќе подразбираше многу мерки со кои владата преминуваше преку сопствените „црвени линии“. Тоа беше пакет од мерки во износ од 8 милијарди евра кој вклучуваше длабоки индиректни кратења на пензии, зголемување на ДДВ, но и релативно зголемување на даноците за капиталистите.

ММФ одговори со провокација во вид на контрапредлог кој целата тежина на пакетот  од 8 милијарди евра го префрли на грбот на работниот народ, барајќи подлабоки и поостри кратења на пензиите, уште поголема стапка на ДДВ и значајно пониски даноци на добивка. Околу овој контрапредлог се водеа дискусии на низа состаноци. Се заземаа ставови, и грчката влада даде дополнителни отстапки. Кога изгледаше дека ќе се постигне договор, дојде до главниот  момент кој ја прелеа чашата – Германија и Финска одбија да понудат некој значаен отпис на долговите во замена на прифаќањето на сите нивни остри мерки на штедење од страна на грчката влада. При тоа ѝ е понудено само продолжување на моменталниот меморандум за 5 месеци, овозможувајќи ѝ на Грција пристап кон преостанатите 15 милијарди евра од моменталниот пакет заедно со помал дел од профитот кој Европската централна банка (ЕЦБ) го стекна преку грчките обврзници. Преговорите се прекинуваат и Тројката ѝ упатува уште еден ултиматум на грчката влада. Ова им беше последната понуда „земи или остави“. Ова открива две страни на проблемот. Од една страна, не постои реално решение за грчката криза во рамки на  капиталот, бидејќи тогаш некој друг би морал да го поднесува товарот. Од друга страна, јасно е дека политичката цел на Тројката е да ја понижи владата на Сириза  за да спречи ширење на слични режими. Доколку би дозволиле грчката влада да спроведува политика спротивна на штедењето и кратењата, тоа би се проширило и во Португалија, Шпанија, Франција, Ирска итн.

Ципрас беше целосно свесен дека расположението дома се менува и тоа забрзано. Решителните приврзаници на Сириза отворено и жестоко се бунеа против бескрајните владини отстапки. И онака нема гаранција дека било која од тие отстапки би била изгласана во парламентот, бидејќи не може да се смета дека левото крило на Сириза ќе гласа за било која од нив.

Беше испробано сценарио за парламентарен пуч. Тројката се потпираше на лидерите на партиите To Potami и Нова Демократија, како и на десничарскиот претседател на републиката (кој го постави Сириза) кој говореше за потребата од „широк демократски фронт“.

Бескомпромисноста на Тројката, нејзиното невозможно барање според кое целиот товар на пакетот треба да падне на грбот на работниците и пензионерите, нејзиното одбивање да понуди било какво посмислено отпишување на долгот, зголемениот отпор на масите – кој се одразува врз сите нивоа внатре во Сириза и грчката влада – на крајот на краиштата и го оневозможија договорот. Класната борба на еден извртен начин стави свој печат врз преговорите.

За да разбереме која е намерата со референдумот, можеме да видиме што има да каже министерот за административна реформа Катругалос: „Гласањето против на референдумското прашање би ѝ дало мандат на владата да им се врати на доверителите и да бара подобра понуда од нив“. Ова, исто така, јасно се гледа од повикувањето на европските вредности од страна на Ципрас. Раководството на Сириза очајнички се држи за идејата дека е можно да се прекине штедењето со постигнување на договор со Тројката. Нивната намера не е со референдумот да добијат одлучувачки мандат за раскин со Тројката и штедењето, туку да стекнат подобра преговарачка позиција.

Нив би им одговарало да прифатат неколку измени на нивниот предлог од 22 јуни ако во замена добијат значен отпис на долгот.

Сепак, распишувањето на референдумот ослободи сили кои владата не може да ги контролира. Последните неколку дена дојде до поларизација внатре во грчкото општество и сега ќе експлодира насобраното чувство на понижување од страна на Тројката. Расположението на масите ќе биде: „Доста веќе! Доста понижување! Доста отстапки! Време е за контранапад!“ Ќе има искрен ентузијазам за „охи“ т.е. решително гласање против, надоврзувајќи се на најдобрите традиции на отпор од грчкото работничко движење. Референдумот би можел да добие големо мнозинство против ултиматумот. Варуфакис спомна 50%  плус 1 глас како доволни за јасен мандат против договорот, но на референдумот  можеби 60, 70 или дури  80% би гласале против. Ова беа бројките за поддршка на владата првата недела од февруари додека делуваше како да зазема цврст став против Тројката.

Од друга страна, капиталистичките медиуми ќе започнат масовна кампања на застрашување претставувајќи го референдумот како избор меѓу останувањето во еврозоната и настанувањето хаос. Сепак, народот за време на претходните месеци зазеде поцврст став околу еврото. Да, народот не смета дека излегувањето од еврозоната е решение, но секако го одбива моменталниот понуден „договор“. Од сопственото искуство го увидоа катастрофалното влијание на штедењето кое го наметна Тројката. Дури сега и знаат дека сите жртвувања и страдања беа бескорисни во смисла на тоа дека со нив не се реши ниту кризата ниту прашањето за долгот. Овој пат нема да бидат лесно заплашени.

Додуша, ова не е нормална ситуација. Владата овде нема да распише референдум и потоа наредната недела да води „смирена, цивилизирана“ и аргументирана кампања. Никако. За почеток, потребно е парламентот да го одобри повикот на референдум на Ципрас. Лидерот на ПАСОК Венизелос веќе го обвини Ципрас за обид за „пуч“. Какво скандалозно лицемерие. Тој го искористи фактот што референдум околу фискални прашања според грчкиот Устав не може да биде распишан без одобрение на претседателот на републиката. Тука го гледаме значењето на претседателската фотелја која божем е „церемонијална“, но и коректноста на ставот кој го зазеде Комунистичката тенденција на Сириза критикувајќи го предлогот на Сириза на местото претседател да дојде десничар.

Настрана од овие уставни проблематики, Тројката и понатаму ги држи финансиите во свои раце низ ЕЛА механизмот кој ја оджува ликвидноста на грчките банки. ЕЦБ ќе одржи вонреден состанок во сабота наутро за да одлучи дали ќе го продолжи. Без него, банките нема да можат да се отворат во понеделник. Како што покажа во примерот со Кипар, Тројката има многу моќно оружје за потчинување на влади.

Исто така, тука е проблемот со враќањето на 1,5 милијарди евра долг на ММФ до вторник, 30 јуни. Грција нема да биде во можност да плати ако не дојде до договор или барем до продолжување на рокот за исплата, што ќе ја однесе Грција во банкрот. Сите овие мерки ќе бидат искористени за уценување на Грците и владата на Сириза. Сепак, било која провокација во овие услови само дополнително ќе ја поларизира ситуацијата, што ќе ги радикализира грчките работници. Дефинитивно влеговме во нова фаза од грчката криза.

Говорот на Ципрас содржеше низа сугестии упатени кон ЕУ да ѝ прогледа низ прсти: „Веќе го известив претседателот на Франција, канцеларката на Германија и претседателот на ЕЦБ за своите намери, а утре формално ќе ги прашам лидерите на ЕУ и институциите да ја продолжат сегашнава програма уште неколку дена за да може грчкиот народ да одлучи, без притисоци и уцени, во согласност со Уставот на нашата земја и европската демократска традиција“.

Секако, убаво е да се праша, но да се потпираш на добрата волја на институција која кратко пред тоа сте ја обвиниле за уцена е самоубиство!

Дојде момент за решавачка акција! Овај референдум не може да се води само преку гласачките кутии, туку пред сѐ преку класна борба на улиците, работните места и улиците. Веќе се најавени демонстрации за денес и за недела. Тие треба да бидат масовни за да се покаже силата на опозицијата кон Тројката.

Владата под итно би требало да преземе одбрамбени мерки вклучувајќи национализација на целиот банкарски систем за да се спречи масовно повлекување на депозитите. Исто така, владата би требало да го конфискува имотот и средствата на најкрупните капиталисти и компании за да спречи бегање на капиталистите. Работниците би требало да ги заземат своите фабрики и останатите претпријатија, да ги отворат книговодствените книги и да воспостават работничка контрола и надзор за да спречат саботажа и криење на добрата.

Грчката капиталистичка класа нема да се двоуми да ги искористи сите (и)легални средства кои ѝ се на располагање. Главните синдикати треба да свикаат национален работнички конгрес, со делегати кои се избрани од работните места и од работничките квартови за да се координира борбата и да се врши надгледување.

И не само тоа. Борбата не може да се води само на основа на идејата за вршење притисок на Тројката за да се постигне поповолен договор. Настаните од изминатите 5 месеци во потполност ја побија таа идеја. Потребно е јасно раскинување со Тројката преку престанок на плаќањата на долгот и програма со решителни социјалистички мерки.

Работничкото движење и револуционерните активисти на меѓународен план имаат голема одговорност. Сите ние треба да продискутираме како можеме наредните неколку часови и денови да мобилизираме најголем можен број на луѓе против Тројката и во одбрана на грчкиот работен народ. Ова е и наша борба. Во игра не е само судбината на грчкиот народ, туку и на работниците ширум Европа. Ова не е национална туку класна борба. Сега се вршат подготовки за најголемата битка.

Победа за работниците од Грција! Долу Тројката! Да прекинеме со капитализмот! Да живее интернационалната солидарност!

 

Извори:

http://www.crvenakritika.org/politika/259-cipras-raspisao-referendum-odbacite-trojkin-ultimatum-raskinite-sa-kapitalizmom

http://www.marxist.com/tsipras-referendum-greece.htm

1
img

Еден коментар на “Ципрас распиша референдум. Отфрлете го ултиматумот на Тројката. Прекинете со капитализмот.”

  • рајко на 1.07.2015 во 01:30ч. напиша:

    Да бидеме искрени, СИРИЗА обеќа брда и долини на грците, а беше јасно дека ни 5 % неможе да испуне. Национализациија хах, приказни за мали деца, банките некако може да бидат ставен под некоја зголемена контрола од државата, ама приватна фирма да се национализира тоа е глупост. Социјализам, комунизам утопија, никаде не функционираше како шо треба и за среќа голема пропадна. Имаше една стара пружија ногата додека ти стига чергата, епа нашите мили комшии од југ тро повеќе си ги беа пуштиле и нека трпат. Сеа иде каматата да се плате исто како и у СФРЈ црвена аристократија кркаше пиеше ебеше пионерки, останаа генерациите од 90 ти те да плаќат цехо. А за нашио феномен, прво работниците треба да научат дека Газдите живеат од них и сами да си тражат права и плати имат механизми ама пусто македонче вика наведнана глава сабја не сече, ама ни сонце не ја грее. Администрација кастрење нискооо ем тоа. Пензии рамни, за сите иста сума и ред други работи кои не сам оптимист дека ке ги видам да се случат за жал.

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!