Движење за социјална правда

Кратка анализа по терористичкиот напад во Куманово

Напомена: Оваа анализа е пишувана за веб порталот „In Defence of Marxism, гласило на Меѓународната Марксистичка Тенденција (IMT).

kumanovo_zad_Zid

Нападот кој се случи на 9 и 10 мај во Куманово, по својот интензитет многу наликуваше на случувањата од воениот конфликт од 2001, кога вакви жестоки борби се водеа по кумановските села, Слупчане, Матејче, Ваксинце и другите. Кумановскиот регион од секогаш претставувал микс од различни народи (Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци и тн.), но исто така и претставува регион кој има долга традиција на соживот и заедничка, надетничка борба – како пример би ја навеле борбата на партизаните која не беше само антифашистичка борба туку и социјалистичка борба, борба на работниците (од сите етникуми) за поправедно и похумано општество. Заедништвото помеѓу работниците во Југославија започна да исчезнува кога класната реторика се отфрли и се замени со нова националистичка, шовинистичка и етноцентристичка, тогаш повеќето луѓето-работници, студенти, почнаа во другиот да не гледаат другар работник, студент, туку Македонец, Албанец, Србин итн.

Ваквата промена, меѓу другото, доведе до војните во Југославија, а Македонија не беше исклучок, така се случи воениот конфликт од 2001, кога секој етникум застана зад “својата” страна. Она што се случи минатата недела во Куманово беше обид за враќање на состојбата како во 2001 година, обид пред се да се уништи веќе видливото и поцврсто надетничко единство на луѓето, кое изостана во 2001 година. Ваквото наднационално единство кое полека започна да се создава во македонското општество почна да претставува опасност за традиционалните буржоаски партии кои играјќи на картата на национализмот ги одвраќаа луѓето од нивните реални проблеми и потреби и ги држеа во “сопственото трло”. Се поставува прашањето на кого му е во интерес да го загрози создавањето на наднационалното единство во македонското општество и кого дојде да ослободи “Ослободителната народна армија” (ОНА).

Доколку зборуваме за самиот напад, мора да се забележат неколку битни моменти. Имено, свесни сме дека УБК (Управата за безбедност и контраразузнавање) има опрема со која може да следи премногу луѓе и да има тотална контрола врз случувањата, а тука стои и фактот дека истата била предупредувана од соседни служби за постоење на терористички групи, а сепак немаше превенција од нападот. Симптоматично е како голем дел од групата од околу 80 терористи влегла во земјата покрај гранична полиција и го префрлила сето тоа оружје и муниција со кое непрекинато се бореше цели 30 часа. Покрај ова, самите терористи немаа никакви цели ни барања, што е обично карактеристика за терористичките напади. Тука се надоврзуваат и заклучоците на многу стручњаци од областа на безбедноста, дека целата акција била изведена непрофесионално и дека многу од полицајците (млади и неискусни, а на добар дел од нив ова им била прва ваква акција) биле фрлани како живо месо пред терористите. Исто така, биле игнорирани и вестите од многу локални портали на албански јазик, дека во регионот на Куманово има групи на униформирани и вооружени лица.

Според најголемата опозициска партија, СДСМ (која во изминатите месеци презентираше докази, како што велат тие од прислушување кое нелегално го вршела државната Управа за безбедност и контраразузнавање, по налог на премиерот Никола Груевски; а презентираните прислушувани аудио снимки сведочеа за разни криминални дејствија на сегашната владеачка гарнитура), овој инцидент е во режија на власта, која според нив се обидува да се спаси од скандалот со прислушувањето и сите криминали кои се наоѓаат на снимките. Според нив државниот врв можеби не учествувал директно или индиректно во потикнувањето на групата, но дозволил тие да влезат во градот Куманово и да направат инцидент со што би ја дефокусирале јавноста од проблемите со кои се соочуваат.

Од друга страна, владеачката ВМРО ДПМНЕ ја обвини опозициската партија и нивниот лидер Зоран Заев дека со објавувањето на снимките се создала длабока политичка криза која кулминира со нестабилност во општеството и отвара можност за создавање на безбедносна криза.

Дел од јавноста пак смета дека овој инцидент е во режија на западните империјални сили, кои преку дестабилизација на Македонија се обидуваат да ја запрат изградбата на гасоводот Турски тек (кој треба да пренесува гас од Русија низ Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија и да стигне до Австрија). Според нив интересите на големите империјални сили на локално ниво ги застапуваат најголемите партии, односно ВМРО ДПМНЕ ги застапува интересите на Русија а СДСМ ги застапува интересите на САД и ЕУ. Можеме да заклучиме дека империјалните интереси нема да останат имуни на овој конфликт и дека традиционално истите имаат свои стратешки интереси на Балканот и во зависност од истите интереси поддржуваат одредени политички гарнитури на естабилишментот. Да не заборавиме дека за западните империјалисти, моменталниот премиер Никола Груевски беше „технократ и реформатор“ со неговото доаѓање на функција, за сега истите тие да гледаат во него диктатор поради неговото отворено свртување кон Рускиот империјализам.

Ние цврсто стоиме на ставот дека секоја војна/борба е бесмислена и реакционерна освен една, а тоа е класната борба. Ние сме цврсти заговорници на наднационално единство на луѓето – на работниците, студентите и сите онеправдани кои заеднички ќе се борат да го уништат изворот на сите национални војни а тоа е буржоаската држава. Па според ова сите заговорници на меѓу етнички и шовинистички војни се во служба на буржоазијата и нивната држава и претставуваат наш природен непријател. На таа линија е и овој последен напад. Во момент кога не може со сигурност да се тврди кој точно го организирал и со какви мотиви, сепак ефектот е распламтување на шовинистичка омраза која има за цел да го подели народот во моменти кога истиот тој се обединува во борба за подобро утре. На овој начин буржоаската држава се наметнува како наводен заштитник на народот и се повикува на некакво „национално единство“ што во превод значи дека масите би требало да заборават кој е виновен за состојбата во која се наоѓаат и би требало послушно да се постројат зад институциите тотално окупирани од владеачката партија.

Масите треба конечно да ја сфатат ситуацијата во која се наоѓаат и да продолжат со надетничкото делување потпирајќи се на сопствените сили. Илузорно е да се гледа спас во меѓународната заедница како „искрен добротвор“ кога е јасно дека големите сили се водат прагматично од сопствените геостратешки интереси.

Нас не ни треба нова меѓуетничка војна!

Нас ни треба надетничка класна борба!

Петар Чуриќ
Дејан Лутовски

-ДСП Ленка-
Мај 2015 година

0
img

Цитати
  • Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“ Дорис Лесинг
    Златната тетратка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!