Движење за социјална правда

НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!!!

11196326_10153311286866952_5982954487843502522_n 

Последните два дена станува јасно дека револтот кај масите веќе не може да се контролира и се излива по скопските улици. Соочени со бесперспективноста и притиснати од секојдневието сервирано од владеачката елита, особено од последните објавени прислушкувани разговори, луѓето сфаќаат дека отпорот е единствен излез во ситуација кога се соочени со отворено репресивен апарат.

Ноќта на 5 Мај беше на некој начин клучна и после таа ноќ имаме отворен фронт. Таа вечер репресивниот полициски апарат тепаше и апсеше луѓе од сите возрасти на доста брутален начин и јасно ни даде на знаење дека не се предава без сериозна борба. Прикривањето на убиството на младиот Нешкоски ја сензибилизира целата маса и сите се ставија во улогата на тоа дека Мартин може да биде сечиј син, брат, другар; Ако за Таксим иницијалната каписла за протестите беше “сечењето на неколку дрвја” во Гези паркот, тогаш убиството и прикривањето на истото претставува многу поголема причина за барање на промени во општеството.

Имаме апсолутно разбирање за гневот и револтот кај народот, што е природно следство  на безброј пати побараните оставки на крајно мирен начин. За возврат добивме игнорирање, исмејување, стигматизирање, па и отворено насилство од другата страна.

ДСП Ленка и нејзините активисти, заедно со сите прогресивни и слободоумни луѓе веќе два дена учествува на протестите и ќе продолжи со својата борба и залагање за суштински општествени промени и повикуваме на уште поголема масовност.

За оваа борба против еден отворено репресивен и анти-народен и анти-социјален режим да биде успешна, нужно е проширување на дискурсот од еден строго граѓански пристап кон радикализирање на работничката класа која, како свесен субјект може да поведе еден сеопшт генерален штрајк, кој би му ставил крај на режимот и би го отворил патот за вистински општествени промени.

Оваа борба допрва почнува!

ДСП ЛЕНКА
07.05.2015

0
img

Цитати
  • Револуцијата испарува и го остава зад себе само шлајмот на новата бирократија. Синџирите на измаченото човештво се направени од црвена лента. Франц Кафка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!