Движење за социјална правда

Штрајк во текстилната фабирка „Родон“ – Битола

B687D98E79EE71469CA1E195D25772E2

                Веќе два дена текстилната фабрика „ Родон “ од Битола штрајкува.  Над триста вработени решија да го кренат својот глас во борбата за она што нив им припаѓа –  правото над  неисплатени плати и неисплатен регрес за годишен одмор (односно К-15), и правото над здравственото осигурување.  Во текот на вчерашниот ден, откако започна спонтаниот штрајк, вравотените добија известување дека е донесена одлука со која истите се испратени на принуден одмор.  Но, и покрај ваквиот притисок,  вработените одлучија да го продолжат штрајкот и денес во дворот на фабриката, да укажат дека тие не се на принуден одмор, туку дека сето тоа е последица на нивниот штрајк.  Изјавите на вработените се анонимни, а самото тоа укажува на ситуацијата во општествотото во кое живееме. Во текот на денешниот ден штрајкувачите оформија и свој синдикат (потпишувајќи се  на список со име и презиме и матичен број, и посета на надлежните институции), со надеж дека истиот ќе им пружи соодветна институционална заштита во борбата за нивните права. Условите во кои работат, како што и самите истакнаа, се нехумани и вработните се доведени во ситуација кога дел од приборот за работа, кој според законските одредби мора да биде обезбеден од работодавецот мораат да го купуваат од сопствени финансиски средства.  Она што остава голем впечаток е стравот од несоодветното функционирање на трудовата инспекција, односно нејзината корумпираност и неажурност.  Имено, постои име на трудов инспектор за кој од неофицијални извори дознале дека е крајно корумпиран, а она што е најтрагично,  надлежните кои денес  требаше да бидат меѓу нив и совесно да ја работат својата работа, наместо тоа се одлучија да ги посетат канцелариите на газдите на текстилната фабрика.  Сепак, вработените се надеваат дека овој пат синдикатот на работници навистина ќе излезе во пресрет и ќе работи во нивен интерс.  Во првиот дел од денот вработените биле посетени од  неколку медиуми кои ја проследиле ситуацијата на терен, но веста била објавена само на една локална телевизија.  Што  се случило со медиумите, вработените не знаеја да објаснат и упатија прашање зошто денес, втор ден од штрајкот, не се појавил нити еден новинар?

 „ Каде се институциите да го решат проблемот, зарем самите не знаат дека не се исплатени плати и регрес за годишен одмор? “  – прашуваа дел од штрајкувачите.  Ние, како движење за социјална правда решивме да останеме во постојан контакт со нив и да застанеме во нивна одбрана доколку истата им е потребна.   Моќен газда нема, постојат само моќни работници.  На дел од овие работници им е исклучена електричната енергија,  а на дел од работничките им е скратено и правото на породилно отсуство.  Повеќе од триста фамилии живеат на работ на егзистенцијата во борба за својот опстанок во општеството.  И тука повторно се поставува прашањето, каде е во оваа приказна  првиот синдикалец ? Што се случува со надлежните кои треба да ги заштитат овие луѓе? Зошто нити еден медиум не ја објави веста за тоа што се случува во оваа фабрика веќе подолг временски период?  Одговорот на сите овие прашања МОРА да се најде, а  Ленка останува да ја следи состојбата на терен и да известува за ситуацијата на овие работници во борбата за своите основни права.

ДСП „ Ленка “
17.04.2015

0
img

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!