Движење за социјална правда

МА(Т)Р(И)КС СЛОБОДА

МА(Т)Р(И)КС СЛОБОДА[1]

Апстракт

Марксистичката критика на историјата не е нова и непозната работа. Тоа совршено го направи токму Маркс, приговарајќи му и китикувајќи го Хегела, кој во тоа време беше апсолут во филозофијата. Она што би можело да биде ново е нејзиното реактуализирање преку категориите на слободата, односно преку спротивставување на марксистичкото сфаќање за слободата, и нејзината улога во историјата на општествата, наспроти метафизичката слобода, претпоставена во филозофијата на либерализмот и особено неговата економска експресија – неолиберализмот, како тероризам на капиталот.

Овој текст се обидува да го направи токму тоа, да ги судри двата концепта на слободата – метафизичката наспроти материјалистичката. Преку тоа се укажува не само на историската релевантност на материјалистичкиот концепт на слободата и нејзината компатибилност како со човековата природа, така и со неговиот стремеж и идеја за политичка заедница – туку, исто така, се укажува и на нужниот општествен стремеж кон материјалистичка слобода како услов за почеток на еден свесен тек на општесвената историја каде навистина слободниот човек би бил на општесвениот пиедестал. Слобода која заедницата мора да се труди да ја овозможи на своите членови, како истата таа заедница би имала право и услов да постои.

Накратко, овој текст докажува дека единствен општесвено релевантен концепт и сфаќање за слободата е материјалистичката слобода! Класно поделената заедница е негација на самата слобода. Слободен развој на индивидуата единсвено е можен само во материјално сигурното и бескласно општество кое, на некој начин, е цел на социјалистичката филозофија.

 

Хактан Реџеп Исмаил

Член на движењето за социјална правда – ЛЕНКА



[1] Ова е конференциски прилог на Симпозиумот “Марксизмот денес” во организација на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет и Филозофското друштво на Македонија. (23.12.2014)

 

 

Ослободувањето претставува

историско дело, а не дело на мислата.

Карл Маркс – „Германска идеологија“

 

 

Познати ни се оние општи „вистини“ кои владееја во периодите пред Просветителството, оние кои по слободата трагаа и истата ја наоѓаа во задоволствата на душата и внатрешната хармонија, во олтарот на бога, во лицето на клерот, па дури и во љубовта. Сепак, дури и после просветителската ренесансна дејност слободата не излезе на виделина, таа не се материјализира, остана во главите и мислите прелевајќи се во општеството како „самосвест“. Ваквиот концепт на слободата продолжи да господари не само над главите и труповите од кои и беше мислена туку и над целокупното општество, што практично значеше давење на прогресивните никулци кои одвреме-навреме проникнуваа низ досегашната општесвената историја.

Не дека ги дискредитирам ваквите духовни и ментални ослободувања, но кога ваквите спекулативни категории на слободата се прелеваат и стануваат релевантни во општественo-политички контекс тогаш имаме проблем со целта и претпоставките за функцијата на општеството како целина – како една заедница (политичка). Уште на почетокот на ренесансната дејност, во занесот на антиката, со новите отворени стремежи за овоземскиот живот, науката постана антитеза на сите облици на празноверието. Во оваа ренесансната борба за новото, науката ќе послужи како модел и идеал за живеење и антидогматски пристап кон сите проблеми на животот и светот кој не опкружува. Но, токму овој занес не успеа да се пренесе во општествените и политичко економските стремежи на општеството, токму тој метод на науката не успеавме да го аплицираме во уредување на нашите политички заедници. Очигледно дури и денес, после таков природно-научен процут, општествено-политичките стремежи кон слободата сѐ уште ни се како дијалектиката на Хегел, за која Маркс забележа дека е обратна, односно „свртена со главата надолу“. Нашето општество, а и дефинирањето на неговите функции, поаѓа и е обликувано токму од свеста за слобода како спознаена нужност. Сите општествени појави се прифаќаат како нужни, што до некаде е точно, но она што е фатално по општеството како целина е што овој став подразбира и дека било која наша дејност како заедница би била залудна и без никаков ефект во тековините на историјата. Ова е еден вид неправилна формулација на правилна мисла. Во денешно време веќе не е можно човековата природа да се смета како последица и најопшта причина на историскиот тек. Такво значење за историјата имаат само производните сили од кои, пак, се обусловени општествените односи. И токму слободата, односно актот проникнат од стремеж кон слободата може да донесе прогрес во познанието на самата слобода. Токму тука има взаемно пропорционален однос меѓу постапките на општеството и неговото познание на слободата, односно колку се посвесни постапките на општеството за нужните текови на историјата, толку неговата историја станува прогрес на познанието на самата слобода – т.е. дотолку се солободува од кругот на нужноста.

Со буржоаските идеи за политичката заедница на човекот има еден проблем кој фундаментално ја ограничува можноста за општествен стремеж кон слободата, а тоа е дека овие теории ја негираат заедницата како еден организам кој им овозможува слобода на своите членови. Вака во целост е деактивиран историскиот идеал на чинот дека човековото согледување на нужноста од стапување во заедица со другите како него кои го опкружуваат е почетокот на свеста дека човекот воопшто треба да живее (и живее) во општество. Односно, свеста за заедничка сопственост на некој начин е тангента на идејата за општесвено битисување, па така приватната сопственост се чини инкопатибилна со самите корени на идејата за политичка заедница. Според ова, нашата свест (како општествео, како заедница) е спротивставена на самата природа на здружувањето/општењето, според тоа и нашата цеолкупна историја која е последица на нашата перцептивност за односот на човекот и природата, е спротивна на природата – како тоа да се две меѓусебно одделни работи. Или како што Маркс, парафразирајќи го Гете, ова ќе го карактеризира како „прашање од кое изникнаа сите недокостливи големи дела“, а прочуениот римски историчар од првиот век – Тацит овој спекулативен одраз на слободата во политичката заедница ќе го окарактеризира на следниов начин: „Прекрасни зборови, но всушност безвредни и подли. Оти колку повеќе се покриваат со привид на слобода, толку повеќе ќе избувнат во уште пострашно ропство“ (Tacitus, Annales, I, 81).

Ваквото сфаќање на слободата како немотивирана и независна од ништо или пак дури и како спознаена нужност, во модерните општества предизвикува последици кои наполно ја загрозуваат човековата слобода. Во ваквиот оквир на слободата човекот е пасивно суштество, нему не му се дава можност за преобликување на стварноста од која зависи слободата. Така, секоја неслободна констатација на општеството се оправдува според законот на нужноста колку и таа да е спознаена од страна на човекот. Но, освен нужноста за човекот е својствена и постапката според својот бит, својата човечност и својата слобода која треба да ја создаде, а не само да ја репродуцира во затекнатата сварност. Тој не би можел да остане само на мислењето за хуманизмот туку напротив, за надминување на неговата апстрактност тој нужно треба да покрене вистинска револуционерна промена на целиот тој идеен и материјален свет, кој е и единствена потврда, критериум и извор на хуманоста на секој поединец како и на човековото општество во целина. Што значи да не се остане на мислење на хуманоста туку да се создадат заеднички услови за негово живеење како би станал општесвена ралност, како conditio sine qua non за постојано очовечување на човекот. Како што Алан Вудс и Тед Грант во своето дело Револт на умот ќе заблежат дека „глупаво би било човечките суштества да се замислат како ‘слободни актери’ кои можат да ја одредат својата иднина исклучиво врз основа на својата слободна волја. Тие мора да тргнат од условите кои се создадени независно од нивната волја – економски, социјални, политички, религиозни и културни“. Токму слободата е таа која треба ја претвори историјата во активност на човекот и неговата заедница за спроведување на своите цели.

Во оваа насока, создавањето на историјата ја има како нужност слободата, како нужност, кој е предуслов за создавање на историјата. И првата претпоставка во однос на општественото битисување која би била во склад со природата – во исто време и претпоставка важечка за секоја човекова состојба, а според тоа и на секоја историја – би ни била таа дека луѓето треба да имаат можност да живеат за да бидат во состојба свесно да ја создаваат историјата! Според тоа и првиот историски чин би бил намирување на потребите на човекот кои произлегуваат нужно од природата и од неговата фундаментална ограниченост од неа. Односно, задоволување на потребите за глад, жед, топлина и се она што се нарекува материјален неопходен свет. Овој историски чин е основен услов за секоја историја која уште и денес, како и пред илјада години, мора секој момент да се исполнува само за да можат луѓето да живеат, па така – живеејќи – да создаваат историја.

Се работи за тоа што Маркс го разобличи како сфаќање на историјата, тој ги разобличи сите оние духовни, идеалистички и спекулативни изрази кои беа (и, за жал, сѐ уште се) само претстава за границите во кои се движи и историски стагнира начинот на производството на животот и од него прозилезена и со него поврзана форма на општење. Што значи, нашите критериуми за одредување на општественото – она што е релевантно за заедницата и фундаментално потребно – се потполно социјални конструкти. Овие социјални конструкти, кои се во фокусот на нашата општествена свест, немаат никаква условеност од природата. Според тоа, тие се тотално непознати токму на целта воспоставена при првиот чин на конструирање на општествениот договор, целта не само како примарна туку и како единствена за која општеството првобитно и се конструирало, а тоа е: задоволување на човековите потреби кои човек не може да ги задоволи доколку не стапи во заедница со истите како него. Бранејќи го марксизмот од буржоаската пропаганда уште и Ерих Фром ќе забележи дека „целта на Маркс претставува ослободување на човекот од притисокот на економските потреби со што тој – ова е клучно – може да се развива во својата целосна човечност“.[1]

Очигледно, ваквата наша општествена свест за слободата и нејзината улога во историскиот тек, паѓајки во спротивност со природата, создаде не само религии, филозофии и духовни правци туку и цели држави. Оттука, имаме силна спротивставеност помеѓу општествената свест и општествената потреба, односно како што Маркс научно неа ја детектира во противречност помеѓу производните сили и формите на општење кои важат и егзистираат заедно.

Маркс со својот историски материјализам светот го разбираше НЕ како збир на предмети со фиксна непроменлива природа, туку како факт и процес на збирот на предмети кои се во разни односи и интеракции едни со други. Оттаму, слободата во никој случај не може да биде вредност на општеството во кое условите за живот на индивидуите, од кое впрочем е и составено тоа општество, имаат карактер на случајност! Случајноста не е одлика на природата, а уште помалку на науката. Според тоа ако тргнеме кон дефинирање на нашите цели и стремежи како општество, имајќи ја човековата природа пред себе, а притоа замижиме пред задоволување на неговата природна потреба, ќе потфрлиме на историската и исконска цел на мигот за кој сме конструирале општество. Како што впрочем и ни се случува во оваа епоха во идејниот тоталитет на либерализмот. Оттаму, природните потреби (а преку тоа и стремежите кон нивно задоволовуање) како општество, би требале да ги редефинираме, и тоа тргнувајки од логиката на природните науки, а не како досега од социјалните конструкти и квази науката за истите. Само на овој начин природната нужност ќе стане социјален императив, а не како што моментално е, само една декадентна социјална имбецилност.

Патот кон слободата поминува низ соочувањето со неслободата и најголема пречка до неа е токму лажната (метафизичка, неопштесвена) слобода. Маркс совршено забележа дека начинот на продуцирање на материјалниот живот го одредува и генералниот процес на социјалниот, политичкиот и интелектуален живот воопшто. Материјалните услови за живот на луѓето не се одредени од нивната свест, туку овие услови ја одредуваат нивната свест, односно нивната свест е одредена од начинот на нивниот социјален живот. Токму животот кој е материјално необезбеден и несигурен, неретко и беден, е причина за регресивната и недемократска општа (политичка) култура на работниците како експлоатирана класа. Затоа Маркс заврши со тоа дека првата задача на историјата е тоа што, ако човекот е обликуван од условите и приликите во кои живее, тој овие услови и прилики е должен да ги направи похумани. Историјата на слободата единствено почнува во бескласното општетсво, сѐ пред тоа е нужност на судбината. Односно, со зборовите на Енглес, тоа е „скок на човештвото од царството на нужноста во царството на слободата“.



[1] Ерих Фром, Марксовиот концепт за човекот, Мисла, 1978, Скопје, 16.

 

Литература 

– Карл Маркс, Фридрих Енгелс, Германската идеологија (второ издание),  Комунист – Скопје, 1986.

– Karl  Marks, Ekonomsko-filozofski rukopisi iz 1844, Prosveta – BIGZ, Beograd, 1977 god.

– Г. В. Плеханов, Кон прашањето за улогата на личноста во историјата, Култура – Скопје, 1957 год.

– Ерих Фром, Марксовиот концепт за човекот, Мисла – Комунист, Скопје, 1978 год.

– Yıldız Silier, Özgürlük Yanılsaması / Rousseau ve Marx, Yordam Kitap, Isnabul, 2006.

0
img

Цитати
  • Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени. Карл Маркс
    Тези за Фојербах
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!