Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
ГРЦИЈА – ТУРЦИЈА
ДАЛИ ВЕТРОТ ДУВА И ВО ЛЕВИЧАРСКИТЕ ЕДРА НА КУРДИТЕ?
Победата на СИРИЗА на последните избори во Грција не ја потресе само Европската Унија, туку и други земји во Егејот. Додека турскиот премиер Ахмет Давутоглу со стиснати заби му честиташе на Алексис Ципрас, провладините турски весници побрзаа да ја информираат јавноста за “опасноста” од една таква можна власт во Турција. Победата на СИРИЗА, исто така, предизвика бран на ентузијазам меѓу социјалистичките секуларисти и левите либерали, кои вообичаено се разединети, посветени во обидот да го олабават стисокот на се’ поавторитарната власт на АКП, со надеж да формираат демократско и секуларно движење инспирирано од изборите во Грција, што пак би можело да доведе до радикални промени не само западно, туку и источно од Атина.
Дали Грција преку демократските избори, би можела да биде за Турција тоа што беше Тунис за Египет со масовните протести во 2011? Ова делумно зависи и од перформансите на СИРИЗА, ако (и како ќе) ја почитува својата радикална левичарска платформа, или пак ќе се прилагоди на покровителството на грчкиот политички естаблишмент, претпоставувајќи сличен пристап ко тој од ПАСОК на Андреас Папандреу по победата во 1981. Одлуката на СИРИЗА за формирање на коалиција со Независните Грци (десничарска, антисемитска, хомофобична и националистичка партија) не создава добри предуслови за идна прогресивна револуција.
Во меѓувреме, совпаѓајќи се со четвртата годишнина од египетското востание, изгледа како револуцијата да се вратила на почетната точка, и се’ повеќе е безусловна крвавата репресија на војската. Аналогијата со “арапската пролет“ изгледа непожелна, т.е. аналитички неоснована; политичкиот контекст на економски задолжената Грција се разликува значително од ситуацијата во Турција, каде АКП сеуше управува со силна изборна поддршка, и ниедна опозиционерска партија не претставува сериозна закана на наредните парламентарни избори во Јуни месец оваа година.
Иако од далеку личи на борбен повик, победата на грчката левица може да ги зајакне напорите за формирање на коалиција од секуларни, демократски и левичарски актери од турската политичка сцена, најверојатно предводена од про-курдската Демократска Народна Партија (ХДП). Во последниве децении, курдското движење се оддалечи од етно-националистичките цели, насочувајќи се кон унапредување на демократска и пост-националистичка програма, нагласувајќи го политичкиот плурализам, секуларизмот, родовата еднаквост и локалната власт.
За разлика од најголемата опозициска сила, Републиканската Народна Партија (ЏХП), постојано заглавена во идеолошки и организационен хаос, вклучена во непријатен сојуз со националистите од екстремната десница, НДП изгледа се’ поатрактивна за многу турски левичарски партии, и покрај постојаната взаемна недоверба во врска со националиостичките инстинкти на двете страни. Ова беше потврдено на последните председателски избори минатото лето, кога Салахатин Демирташ, млад и харизматичен ко-председател на НДП, го освои третото место со 9,7% од гласовите. Медиумите кои не се про-АКП се осмелија да направат споредба помеѓу курдскиот политичар, лидерот на денешната медитеранска левица Ципрас, и Пабло Инглесиас од шпанската партија ПОДЕМОС. По грчките избори, Демирташ му честиташе на Ципрас преку Твиттер на грчки и турски јазик, нарекувајќи го брат и посакувајќи му успех во “потрагата по слободен свет за сиромашните и работниците“.
Без сомение, курдското движење е во пораст, и не само поради западниот ветер кој дува во нивните едра. Додека во Грција се сместуваше новата левичарска влада, курдските социјалистички борци во северна Сирија ја соопштуваа победата врз т.н. Исламска Држава во западен Курдистан, после четири месеци исцрпувачка битка која го освои вниманието на целиот свет. Победата во Кобане, стратешко упориште за курдското движење и секуларната плуралистичка револуција во Рожава, во голема мера ќе ја поттикне довербата на курдите и ќе ја зајакне интернационалната репутација на нивното движење на сметка на АКП, која во меѓувреме е ангажирана во криење на објавените воени документи кои ја докажуваат несомнената вмешаност на турските безбедносни служби во шверцот на оружје со џихадистите во Сирија. Освен тоа, курдското движење, со нивната исклучителна пожртвуваност и дисциплина во битката со Исламската Држава, ги придоби симпатиите генерално низ целиот свет. Изразувајќи ги модерните цивилизациски вредности на секуларизам и социјална правда тоа се покажа како најсветла политичка точка на блискиот исток кој традиционално е конзервативен. Особено нивните последни успеси во битката дадоа кураж и за нивен поагресивен и похомоген политички ангажман на териториите каде има курдско население вклучително и на територијата на Република Турција.
Оваа нова доверба е очигледна исто така благодарение на одлуката на НДП на наредните избори да се претстави како една партија, наместо да распоредува независни кандидати. Фунционерите на НДП се сигурни дека ќе можат да соберат 10% од гласовите, која е минимална квота за да влезе во парламентот, иако ниедна курдска партија до сега не се доближила до оваа цел. На политичките избори во 2011 независните про-курдски кандидати освоија вкупно 6%, но сепак успеаја да добијат 36 места во парламентот. Да се кандидираат како партија е коцкарски потег, некои би рекле неодговорен, со потенцијални големи последици за Турција и курдите. Ако НДП успее да ја надмине квотата, собирајќи поддршка од турските секуларисти (уморни од Републиканската Народна Партија) и од курдските гласачи на АКП (деморализирани од политиката на владата према Сирија, масакрот – Робоски, Гези, Сома, Кобане и.т.н), би можела да добие околу 70 од 550 места во парламентот. Ова би било клучно значење што ќе го зајакне правото на партијата да се смета за секуларен и демократски одговор на исламо-националистичкиот популизам на АКП. Но, ако не успеат, нема да има ниту еден парламентарец од НДП во новиот парламент. Повеќето од изгубените места ќе ги добие АКП, и со тоа ќе има доволно пратеници за повторно да го преработи уставот и да го спроведе претседателскиот систем кој Ердоган долго го сонува. Ќе започне префрлување на вината кое ќе ги сврти еден против друг турската секуларна левица и курдските движења. Без курдско претставништво во турскиот парламент, ќе се наруши кредибилитетот на трудот на НДП, политиката ќе се премести на улиците и плоштадите, јавното курдско мислење повторно ќе ја поддржи идеологијата за отцепување, автономија и независност. Тоа би можело да предизвика социјален конфликт кој нема да ја дестабилизира само Турција, туку и нејзините веќе нестабилни соседи.
Курдските лидери, кои барем делумно би можеле да ја контролираат судбината на Турција, се потпираат врз претпоставката дека тоа што е во игра ќе покрене ново чувство на добри можности, доволно за да донесе во нивната партија согласности надвор од нивните традиционални изборни единици, и истовремено да и ги покажат на АКП последиците од антидемократската квота од 10%. Без сомнение, оваа стратегија владата ќе ја интерпретира како политичка уцена, и најбитно за тоа е како ќе постапат гласачите. Ако курдите ја зачуваат оваа одлука (не може да се отфрли можноста за нивно премислување во последен момент) и ја добијат оваа кладба, нивниот успех нема да биде помалку значаен од тој на СИРИЗА во Грција. Но ако не успеат, споредбата со Египет би можела и да не биде толку неточна.
Сепак, за разлика од „истрошената“ и безидејна опозиција – Републиканска Народна Партија, Народната Демократска Партија на чело со Демирташ многу добро го толкува духот на времето; одлично ги анализира внатрешните и надворешни политички динамики, односно не ги прифаќа директно истите, туку се обидува да ги формулира и пренасочи со добро сработена стратегија. Оваа стратешка и политичка експанзија на партијата и овозможува секојдневен позитивен пораст и затоа се повеќе пристапуваат интересни и важни имиња во нејзина поддршка.
Претстојните избори во Турција можат да бидат со изненадувачки резултати.
За ДСП ЛЕНКА
Со почит, Имери Едвин
- Оној кој не се движи, не ги забележува своите окови. Роза Луксембург