Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
8. март – Меѓународен Ден На Работните Жени
8. март се одбележува како ден на сеќавање на бунтот на работничките од текстилната индустија од 1857 година во Њујорк. Притиснати од лошите работни услови и уште полоши плати, излегуваат на улиците каде што ги дочека “демократскиот” пендрек на насилните државни органи на САД. Сепак овие жени не се откажале, и покрај притисокот, два месеци подоцна основаат синдикат.
Борбата на работничката класа има богата историја, којашто е херојска барем толку колку што е и крвава. Во таа борба жените секогаш се истакнувале со своето херојство, борејќи се рамо до рамо со своите машки колеги, неретко и предводејќи ги, сфаќајки дека борбата за општочовечката еманципација на работникот е единствениот начин да се постигне и еманципација на жената, која претставува неодвоив дел од таа општочовечка еманципација.
Пролетерските револуции во Русија, Кина, Југославија, Куба итн. не би биле победоносни без масовната подршка и херојството на работните жени. Овие победи историски се наградени со дотогаш невидени исчекори на полето на освојување на правата и политичка моќ од страна на жената. Во нашата земја жените прв пат се избориле за право на глас во Народнослободителната борба и социјалистичката револуција, што е и формализирано после ослободувањето во 1945 година. Покрај правото на глас, жените се избориле и за разни права поврзани со работата, особено во поглед на породилното отсуство и боледување. Исто така, социјалистичкото општествено уредување со развојот на образовно-воспитните установи и воведувањето на бесплатно здравство значително го олесни воспитувањето и негата на децата за сите жени коишто одлучиле да станат и мајки.
Реставрацијата на капитализмот, повторното воведување на пазарните односи во Србија [исто како и во Македонија] доведе до брутално срозување на животниот стандард на севкупната работничка класа. Во тој процес, којшто трае од крајот на 80-тите години на минатиот век, најмногу пропатија работните жените, коишто повторно беа сведени на ефтина работна сила, на играчки за новата политичка-бизнис елита, или пак на домашни уреди и фабрики за деца. Денес од нив се очекува својот живот односно сопствените соништа и стремежи да ги напуштат во корист на разноразни наметнати повисоки цели, како што е улогата на национални раѓачки коишто го зголемуваат наталитетот со цел да се прошири влијанието на нацијата – со други зборови, произведување на топовско месо за владејачката класа, доколку добијат потреба од нова профитерска војна. Во своето фундаменталистичко лудило претходниот патријарх на Српската православна црква, Гојко Стојчевиќ – Павле, човекот којшто поради политичко-верската кариера го напушти своето семејство, отиде дотаму што на мајките коишто ги оплакуваа загинатите синови во војните од 90-тите им префрлаше што немаат повеќе синови за тие да им “бидат утеха”.
Ни денес ситуацијата не е подобра. Разноразни националистички, патриотски и фундаменталистички организации здружено се борат жената повторно да ја затворат во кујна, цинички набивајќи им чувство на вина поради лошата демографска состојба. Истите оние коишто ја доведоа работничката класа до таква положба да секој ден им претставува борба да ги нахранат и она малку деца што ги имаат, врескаат и се хистерични за тоа како се раѓаат премалку Срби и како жените треба размислуваат за “биолошкиот опстанок на српскиот народ” [исто како кај нас што владата не убедува преку најразлични реклами да имаме многудетни семејства, трети деца итн.]. Овие лицемерни демагози го занемаруваат фактот дека денешната држава Србија тие исти деца, кои наводно толку и требаат – според зборовите на политичарите, без ронка срам ги остава да гладуваат, просат, да се занимаваат со криминал, или да работат во најбедни услови за уште победни плати.
Додека овој мрачен хор ги засилува своите подли осуди, жените во Србија [и во Македонија] се принудени да работат се потешки работи за се помали плати, да им ветуваат на своите газди – некои и написмено – дека нема да забременат, се соочуваат со отказ доколку на некоја од нив и се случи таква економска “незгода”. На газдите им е премногу за работата – која им носи милиони – да ги хранат и своите работнички и нивните деца. Ваквите приземни детали очигледно не ги загрижуваат премногу господата бранители на нацијата и верата.
Од друга страна, ова не ги засега ниту разните про-европски невладини организации (всушност владини организации – финансирани од империјалистички влади). Под раководството на сосема солидно ситуираните и материјално обезбедените бранители и бранителки на неоколонијалните интереси на Германија и САД во Србија [и во Македонија], чиешто наметнување на капитализмот и ги доведе жените на сегашната криминално лоша положба; оваа мала група на профитери се обидува прашањето за женската еманципација вештачки да го одвои од прашањето на oпшточовечката еманципација и да го сведе на прашање на “идентитет”, “gender” и на овие слични апстракции од коишто ниту една работна жена денес нема корист. За прашањето на женскиот труд, основите на женската самосталност во општеството – способноста самата да го создаде својот леб – имаат малку што да кажат. Тоа не е никакво изненадување: кога би се занимавале со ова, под знак прашање би го довеле т.н. европски пат на Србија [читај Македонија] и “донациите” нагло би пресушиле.
Кога работничките од претпријатијата коишто беа уништени во транзицијата се бореа во првите редови, дури и јуришаа во пробивање на полициските кордони, овие невладини дами и господа не се ни појавуваа. Ги нема ниту по места како што се големите продажни ланци, или пак во малите “самостојни занаетчиски продажни дуќани”, каде што работните жени секојдневно се соочуваат со невозможни услови на работа за плата којашто едвај може да им обезбеди гол живот. Ги нема ниту да се запрашаат зошто на работничките во текстилната индустрија на северот на Србија им е забрането да седат додека шијат [во Македонија има околу 40000 текстилни работници и работнички – безмалку сите жени]! Каде се овие дами и господа? Зафатени се со изградба на “сигурни куќи” и слични затвори во кои се збиваат жртвите на злоставување, додека најчесто нивните злоставувачи слободно се шетаат! Зборуваат и за трговија со жени, како таа да е ограничена само на проституција – како уценувањето на работните луѓе, посебно на работните жени, од страна на газдите со голата егзистенција не претставува трговија со луѓе, сведени на материјал, на заменлива роба којашто се третира како додаток на машината.
Дури и денешниот празник, 8. март, изобличен е со разни фалсификати од страна на владејачката идеологија. Едни го гледаат како “комунистички празник” кој треба да се отфрли, други пак како повод мажот да испадне “џентлмен” и да купи цвет и чоколатца за “дамата”, а трети пак ни повеќе ни помалку туку како изговор за машкиот пол, во целина, да одвои еден ден за почитување на жената, бидејќи инаку и не би размислувале за другиот, туку само за тоа како би ги експлоатирале и угнетувале жените.
Затапувачката површност на ваквите гледања на 8. март, која е очигледна, произлегува од согледбата на прашањето за женската еманципација како исклучително женско прашање, одвоено од еманципација на севкупното човештво; и поставувањето на женската еманципацијата како прашање ја спротивставува жената на мажот, па и во општество во кое владее “патријархат”.
Ваквите вулгарни толкувања ни се туѓи и ние ги отфрламе. За нас, прашањето за положбата на жената е неодвоиво од прашањето за положбата на човекот воопшто и не може да се реши со тоа што мала група на платеници ќе вреска и ќе го повикува евроимперијализмот да не стегне уште повеќе и да ни ги наметне своите лицемерни “стандарди”, ништо повеќе од она што би можело да се реши во враќање во раниот XIX век, за кое враќање сонуваат верските фанатици и национал-романтичарите.
Еманципацијата на жената е еманципација на човекот и обратно: еманципација на човекот ја подразбира еманципацијата на жената. Како може да се еманципира човекот? Така што ќе се еманципира работничката класа, којашто убедливо претставува најголем дел од човештвото, којашто е носител на човечката цивилизација – ослободување на трудот од прангите на приватната сопственост и приватните интереси, ослободување од подреденоста на човек на човека, без разлика на полот.
Борбата за слободата на жената е борба за слобда на работната жена!
Борбата за слободата на работната жена е борба за слобода на работничката класа!
Борбата за слободата на работничката класа е борба за слободно човештво!
Среќен 8 март, Меѓународен ден на работната жена!
Извор:
http://www.crvenakritika.org/politika/222-8-mart-meunarodni-dan-radnih-ena
-
Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“
Дорис Лесинг
Златната тетратка