Движење за социјална правда

ЖЕНАТА Е ИЗВОРОТ НА ПРОМЕНАТА

 

feminist_girl_power_symbol_with_pink_background_postcard-r151d2f82e91940a8995b0654fb8330e6_vgbaq_8byvr_512Прашањето не кое треба да побараме одговор е – Што е причината поради која ние мора да се посветиме на слободата? Нашите размислувања нè доведоа да ново “пречитување” на членот 1 од Универзалната декларација за човековите слободи и права. Овој член од Декларацијата гарантира дека сите луѓе се еднакви. А не дека некои лебдеат над правата и слободите на жените. Статусот на жените е значително подобрен, особено во последните децении, но ние сме далеку од едно општество каде што мажите и жените се еднакви. Всушност разлика во третманот помеѓу мажот и жената се наоѓа на различни нивоа, како законски така и во општеството.

Почнувајќи со борбата на суфражистките за правото на глас од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век и политичкиот ангаржман на жените од високата класа, преку современите феминистички движења и битките за слобода на секое поле, економско, политичко, социјално, културно; борбата продолжува. Во минатиот век на жената и’ беше дозволено да влезе во кругот на кариеристите и зачекори уште некое скалило повисоко, “to rub shoulders” или да биде во делокругот на мажите од бизнис и политичкиот свет. Но, сепак да заостанува чекор зад нив.

Денес, жената е глава на семејството. Главата на семејството е изворот. Сè што има тежина е на нејзиниот грб. Да се грижи за домот, редот и поредокот во него, за децата, за работното место, да го одржува нејзиниот брак, да се наобразува и да напредува. Сепак, современиот свет и покрај тоа што и дозволи скалило повисоко, не ја ослободи од социјалните, културните, економските и политички стеги. Со цел да ја стекне својата слобода, макар и делумна, прво нешто што и’ е потребно е да се едуцира. Од најмала возраст. Второ, да се стекне со можноста да заработува за својот живот. Трето, да може да донесува одлуки за себе, за своето тело, за својата перспектива. И секое од овие права и слободи, во зависност од тлото за кое се работи, се попречувани повеќе или помалку.

Една членка на Европскиот парламент, италијанката Лиција Ронцули ја зема својата ќерка Викторија на парламентарните седници во Стразбур. Со носењето на своето дете на работа, го сврте вниманието кон прашања за тешкотиите со кои се соочуваат жените во обидот да се справат со работата и мајчинството. Можете да замислите колку е тоа лесно? Таа вели дека одлуката да го донесе своето дете со себе не е “политички гест туку мајчински”, имајќи предвид дека мнозинството жени ја немаат можноста да ги носат своите деца на работа.

Што е со породилното отсуството за татковците? Во наши, македонски услови смеат ли тие да си дозволат породилно отсуство со цел да се грижат за своите деца и жени, а притоа да не стравуваат дека ќе бидат осудени од општеството, стигнатизирани или не дај Боже да добијат отказ?

Maржан Сатрапи, иранско-француска, илустраторка и филмски режисер, е автор на “Персеполис”, исклучително автобиогрфско дело за животот на жените во Иран пред и по исламската револуција. Пример за автентичен израз на репресија и борба за своите права. Акција – реакција.

Се обложувам дека гола жена да прошета низ центарот на Копенхаген би можела да се собере повеќе погледи и внимание отколку еден политичар кој зборува на плоштад. И никој не би се заморувал со судови и преданија за нејзината променада. Тоа е таа слобода. Додека во арапскиот свет, жената ризикува да биде каменувана до смрт за бизарни нешта, како што се користење на Фејсбук. Гениталното осакатување на жените се’ уште постои во 21-от век.

Клучна точка во борбата за правата на жените е и наобразбата за феминизмот. Што тој значи, колку се’ правци има и кои му се целите? Како пример, може да се зборува за работата на Шимаманда Нгози, чија работа е да ги едуцира луѓето за важноста на улогата на жените и како општеството треба да ги почитува, поттикнува и промовира на ист начин како и мажите. Најпрво со сознанието за своите маки, своите амбиции и својата сексуалност од најрана возраст.

Образованието е клучно во потребата да се промени начинот на кој жената се гледа во светот. Феминизмот како определба не е само за жените, туку и за мажите кои ја разбираат вредноста на жените и како тие можат да придонесат кон развојот на нашето општество.

Сега е време да ги удвоиме нашите сили за нашите права и слободи до ставање на истите во сиот свој капацитет. Секој од нас може и мора да го направи тоа на свој начин!

 Ќе победиме!

   Адријана Ананиева
ДСП – Ленкa
Март 2015

0
img

Цитати
  • Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото. Мари Букчин
    Екологија на слобода
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!