Движење за социјална правда

Манифест: Кон една слободна и револуционерна уметност

Несомнено е дека се чувствува кризата во политичкиот простор на нашава република и пошироко. Но, тоа не е само политичка криза, туку повеќе е рефлексија на економската оскудност во оваа фаза на капитализмот на глобално ниво. Политичката криза пак секојдневно гледаме како се рефлектира и на општеството, а тука е и уметноста која е доведена до нејзината најперверзна улога во одбрана на статус квото. Затоа редакцијата на ДСП-Ленка одлучи да го пренесе овој исклучително важен текст за улогата на уметноста во ослободувањето на општетсвото, како и важноста на социјализмот за создавање на потполно слободна уметност.

 

fotoБез никакво претерување можеме да кажеме дека цивилизацијата, како никогаш до сега, е под сериозна и опасна закана. Вандалите, со нивните варварски средства кои споредбено беа и неефикасни, ја уништија античката култура која се наоѓаше во еден агол на Европа. Но, денес ние ја гледаме светската цивилизација, обединета во својата историска судбина, како паѓа под ударите на реакционерните сили вооружени со целиот арсенал на модерната технологија. Ние во никој случај не размислуваме единствено само за војната која се приближува. Дури и во време на „мир“ ситуацијата со науката и уметноста постана апсолутно неподнослива.

 

Процесот на збогатување на културата кој исклучително се смета дека потекнува од индивидуата и кој ги става во игра субјективните таленти за да се создаде нешто што објективно носи збогатување на културата, секое философско, социолошко, научо или уметничко откритије се чини дека е плод на некаква благородна шанса; Тоа е некаква, повеќе или помалку спонтана манифестација на нужноста.  Ваквите креации не треба да се занемарат, без разлика дали се од гледна точка на општи знаења (информации кои го коментираат постоечкиот свет) или се со револуционерна перспектива (притоа поставувајќи го барањето за прецизно и правилно одредување на законитостите кои ги движат промените со цел да го променат светот на подобро). Посебно важно е дека, ниту можеме да бидеме незаинтересирани (спокојни, рамнодушни) кон интелектуалните услови во кои е направен креативниот чин, ниту пак да не ги почитуваме законите кои создаваат и владеат со интелектуалниот творец (креативец).

 

Во денешниот свет треба да бидеме свесни и да препознаме, дека условите кои се потребни за да се реализира една интелектуална творба се уништуваат масовно како никогаш до сега. Од ова следи неопходност и инхерентност како манифестација која, освен уметничкото дело, се повеќе расте и понижувањето и на самиот автор. Режимот на Хитлер, дури и уметниците кои покажуваа најмала симпатија кон слободата (иако површно) ги претвори во негови слуги. Термидорската реакција сега го доживува својот врв.

 

Не чувствуваме дури ни потреба да кажеме дека не се дефинираме според  реакционерниот и кукавички израз „Ниту фашизам, ниту комунизам“, кој е неук и се обидува да се држи до своето „демократско“ минато прикриено со испокинати партали, а во последно време го има изгубено и своето значење. Вистинската уметност, која не е содржана во различните вариации на веќе готови модели, туку инсистира на изразување на внатрешните длабоки потреби на човекот и човештвото во своето време – вистинската уметност не е во состојба да не биде револуционерна, да не стреми кон комплетно и радиклано реконструирање на општеството во целина. Вистинската уметност треба да создаде структура која ќе овозможи  ослободување на интелектуалната творба од сите синџири кои ја врзуваат и ќе овозможи воздигнување на целото општество до ниво на кое порано тоа било достапно само на одредено изолирано малцинство. Патот кој води до една ваква нова културна структура е можен само преку општествена револуција. Само општествена револуција може да отвори пат кон една нова култура. Ако ја отфрламе целата солидарност со бирократијата која го контролира Советскиот Сојуз, причината за ова е јасна; според нас таа бирократија не го симболизира комунизмот, туку напротив, го симболизира неговиот најголем предавник и најопасен непријател.

 

Тоталитарниот режим на СССР, кој функционира преку т.н. „културни“ организации во други држави, има раширено длабоко неуко непријателство низ целиот свет во сета духовна вредност. Луѓе кои се маскирани во интелектуалци и уметници, се здобиле со професија на подол начин, лажејќи во име на традицијата и гледајќи го ублажувањето на криминалот како извор на среќа. Напорите на официјалната уметност на Сталинизмот – прикажувањето на постигнување на алчните цели во добро светло – се без преседан. Одвратноста во уметничкиот свет, особено одвратноста која дури и робовладетелските општества немаат храброст толку долго да ја носат, произлегува од безсрамното одбивање на принципите на уметноста и треба ефикасно да доведе до бескомпромисна осуда. Спротивставениот став на писателите и уметниците е сила која може да придонесе за подобар свет и за правата и целите на работникот, сила која ќе се спротивстави и ќе го сруши режимот кој го уништува достоинството и гордоста на човесштвото.

 

Комунистичката револуција не се плаши од уметноста. Во едно неодговорно и декадентно капиталистичко општество, уметникот е свесен дека неговата улога е утврдена од конфликтот помеѓу поединците и – непријателски настроени кон поединците – различните општесвени форми. Овој случај сам по себе, како таков ако постои во свеста, го прави уметникот природен сојузник на револуцијата. Во овој процес на сублимација, кој тука стапува на сцена и кој го третира и психонализата, се обидува да се поправи нарушената рамнотежа помеѓу внатрешното „его“ и надворешните фактори кои меѓусебно се одбивани. Оваа еволуција на уметноста и враќање на рамнотежата предизвикува постојан процут и развој на внатрешниот свет кој е заеднички за сите луѓе, работи за доброто на „идеалистичкото јас“ (его идеал). За потребата на поединецот, да почувствува слобода во душата  мора да ја следи единствента природна насока на духот кој го следи својот ток и се соединува во токот со исконската потреба – потребата од еманципација на човекот.

 

Една од темите кои ги обработувал Маркс е онаа за должноста и улогата на писателот (уметникот или новинарот). Како што вели тој, писателот за да живее нормално (природно) и да пишува, треба да заработува; но, под ниеден услов не треба да живее и пишува за да заработува пари. Писателот не треба никогаш на својата работа да гледа од аспект на парите. Тој треба да биде жртва за своето дело… Основниот услов за слободата на печатот е тој (таа дејност) да не биде комерцијална дејност. Во светот на уметничката дејност имагинацијата треба да биде вон секакви ограничувања и под никакви услови не треба да се дозволи да биде под стеги. Не ги прифаќаме обвинувањата дека сакаме да ја дисциплинираме уметноста, туку уште еднаш ја нагласуваме нашата намера, а таа е целосно ослободување на самата уметност.

 

Се разбира, сигурно, прифаќаме дека револуционерната власт има право да се брани од нападите на буржоазијата, дури и тие напади да се скриени под плаштот на науката и уметноста. Но, постои огромен јаз помеѓу привремено превземени револуционерни мерки за самозаштита и претензијата да се стават под контрола  интелектуалните творби со нарачки за истите. Ако за подобар развој на материјалните производствени сили е потребно воспоставување на револуционерно контролиран социјалистички режим, тогаш за развојот на интелектуалната творба е потребно да се воспостави безвластен режим од каде ќе се црпи индивидуалната слобода. Така што, ќе нема авторитарност, притисок, дури ни трага од некаква наредба која би доаѓала одозгора. Една ваква средина во која што ќе нема никакви надворешни ограничувања туку ќе се базира само на взаемна другарска соработка помеѓу научниците и уметниците, би била одлична и невидена шанса и потенцијал во историјата, за тие да си ги извршуваат своите задачи (функции, улоги).

 

Да биде јасно, ние во нашава одбрана на слободата на мислата немаме намера да ја браниме политичката индиферентност; исто така, целта не ни е да ја оживееме т.н. „чиста“ уметност која и служи на валканата реакционерност. Нашето разбирање за уметноста е толку длабоко, што не можеме да ја негираме нејзината улога која има ефекти врз судбината на општеството. Веруваме дека во ова наше време уметноста има голема, свесна и активна улога во подготовките на револуцијата. Сепак, уметниците без да ја асимилираат социјалната содржина и без да ја почувствуваат длабоко нејзината драма, нема да можат да се борат за слобода, и во својата уметност нема да успеат повторно слободно да го оживеат својот внатрешен свет. Во оваа ера, каде што капитализмот колку што е демократски толку е и фашистички, и поради ова предизвикува агонија и смрт, уметникот забележува дека на неговото право на работа и живот им се заканува опасност од исчезнување. Тој е свесен, дека сите канали на комуникација му се преплавени со остатоците од капиталистичкиот колапс. Во ваква ситуација уметникот е присилен да се сврти кон Сталинистичките организации кои ја држат в рака можноста да се ослободи од таквата изолација. Ако сака да го избегне целосно кршењето на моќта на отпорот, понижувањата кои ќе следат поради барањата на овие организации во замена на материјални интереси и ако е невозможно да се пренесе неговата порака, тој не може да остане во една таква организација. Уметникот мора да свати дека неговото место е посебно; не му е местото помеѓу предавниците на човештвото и целите на револуцијата, туку неговото место е помеѓу непоколебливите сведоци на револуцијата, помеѓу оние генијалци кои можат само со револуција да ја постигнат крајната цел на слободно изразување.

 

Целта на оваа опозиција е создавање на заедничка основа која ќе ги обедини сите револуционерни уметници и писатели, кои бранејќи ја слободата на уметноста, ќе се борат против узурпаторот на револуцијата. И најразличните политички, философски и естетски ставови овде ќе најдат заеднички темел и јазик. Во оваа ситуација марксистите, се додека се борат и го одбиваат потиснувачкиот и полициски дух претставуван од Сталин и неговиот помошник Оливиер Гарција, можат да маршираат заедно дури и со анархистите.

 

Многу добро знаеме дека илјадници уметници и писатели денес се исклучени од општеството низ целиот свет и нивниот глас е задушен од страна на гласни лажливци, небаре пеат во хор. Секоја прогресивна уметничка тенденција се уништува од страна на фашизмот, окарактеризирувајќи ја како „нефункицонална“. Секоја слободна творба се прогласува за фашистичка од страна на Сталинистите. Независната револуционерна уметност мора да ги спои сите сили за борба против реакционерното зло. Правото на постоење мора да се изрази гласно. Ваквото обединување кое го сметаме за итно и нужно, треба да има за цел да биде „Интернационална Федерација на Независна Револуционерна Уметност“.

 

Ние во никој случај не инсистираме на секоја идеја која е изразена во овој манифест, но сметаме дека овој манифест е прв чекор во оваа насока. Ги покануваме сите оние кои се свесни за ваквата потреба од една опозиција, да ги известат своите блиски. Истовремено ги покануваме сите левичари – издавачи, кои се спремни за еден ваков отпор и основање и приклучување кон „Интернационалното Единство“- за да придонесат со своите идеи за методите на активностите кои ќе се превземаат во овој правец.

 

Кога ќе се направи првиот меѓународен договор со помош на дописи и медиуми, на мирен начин ќе почнеме да основаме организации на национално и локално ниво. Последниот чекор ќе биде официјализирање на „Интернационалното Единство“ од страна на еден светски конгрес.

 

Нашите цели:

Независност на уметноста – за револуцијата;

Револуција – за целосна слобода на уметноста!

 

 Андре Бретон и Лев Троцки

 

извор: https://www.marxists.org/turkce/trocki/1938/manifesto.htm

 

 

 

0
img

Цитати
  • Оној кој не се движи, не ги забележува своите окови. Роза Луксембург
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!