Движење за социјална правда

Не за коалицијата на Сириза со Независни Грци – Декларација на Комунистичката тенденција на Сириза

 

syriza-revolutionОвој документ е официјалниот став на Комунистичката тенденција – СИРИЗА (најрадикална малцинска марксистичка група во рамки на партијата) којa настапува со отворен критицизам кон коалицирањето на СИРИЗА со десните популисти од Независни Грци, потег критикуван од страна на револуционерната левица како погрешен и поткопувачки за класно ориентираните позиции. ДСП Ленка за цело ова време дава критичка поддршка кон СИРИЗА, па затоа нашата редакција го подготви овој превод со цел да го доближи ставот на револуцинерната левица кон прашањето.

 

Здружувањето со Независни Грци е кобна грешка на совест на Сириза. Да не ја пропуштиме оваа историска можност! Мора да има коалиција Сириза – КПГ.

 

Изборната победа на Сириза, скромното јакнење на КПГ и следствено, поразот на буржоаските партии, се историска можност но и јасен политички мандат од страна на работничката класа и сиромашните општествени слоеви за Сириза да формира самостојна левичарска влада.

 

После повеќедецениски прогон и политичка маргинализација, грчкото комунистичко движење ќе може да управува со 42% поддршка од електоратот и со удобно мнозинство од 164 места во грчкиот парламент! Но, за несреќа, по вина на лидерите на Левицата на чело со раководството на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и релативната спремност на раководството на Сириза да формира коалиција со буржоаски партии, тие ја упропастија историската можност за самостојна левичарска влада и така, објективно гледано и без обзир на нивните намери, го издадоа јасниот мандат даден од грчкиот народ за длабоки политички и општествени промени.

 

Демнечката соработка на Сириза и Независни Грци е сериозна политичка грешка и во пракса ќе се докаже дека е трагично погубна за работничката класа. Независни Грци е буржоаска партија. Таа има длабоко реакционерна , анти – работничка политичка програма во сите клучни сегменти, како што се економија, управа, образование, надворешни работи итн. Нивната „анти – меморандум“ реторика е само демагошки превез кој ја затскрива нивната реакционерна програма. Колку оваа партија е „анти – меморандум“ се виде по нејзиното поведение при гласањето во парламентот за меморандумските закони и кога системот достигна мртва точка за време на претходните претседателски избори. Парламентарната група на Независни Грци, преполна со буржоаски политички кариеристи, решително се приклони кон владиниот табор.

 

Влијанието на коалицијата со Независни Грци ќе биде политички болно, ако се земат во предвид нивните „црвени линии“ во однос на било која програмска позиција на Сириза насочена против фундаменталните интереси на грчките владеачки класи. Независни Грци ќе служат како отворен агент на капиталот во влада главно сочинета од Сириза. При првиот вистински притисок од „тројката“ (ЦЕБ, Европската комисија и ММФ) и од грчките капиталисти, новата влада ќе биде приморана да се повлече од кои и да било радикални мерки кои би сакала да ги спроведе и буржоаската банда од Независни Грци ќе ја откаже поддршката за коалицијата и ќе се обиде да формира некој вид на влада на „национално единство“ (со буржоаските партии). Всушност, тоа беше постојан апел од лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, за време на предизборната кампања.

 

Ако навистина настане промена во раководството во Нова Демократија со некој од фракцијата на Караманлис, голем број на парламентарците и членовите на Независни грци ќе почнат да се враќаат во родното огниште (т.е. Нова Демократија), традиционалната партија на капиталот во Грција. Раководството на Сириза мора да ги земе во предвид овие ризици и наместо со Независни Грци треба неуморно да работи на единство со КПГ, барајќи програмски договор за стабилно и цврсто лево парламентарно мнозинство. Итно мора да се стори она што требаше да биде сторено пред изборите т.е. да ја зацврсти „Солунската програма“ со анти – капиталистички и социјалистички мерки како оние кои се наоѓаат во програмата на КПГ. Така би немало оправдувања околу споделената „стратешка цел“ меѓу двете партии што изгледа дека беше аргументот на лидерите на КПГ. Така, со здружени сили од 164 парламентарци би било возможно да се донесат во парламентот мерките кои би го откажале меморандумот и би тргнале против капитализмот, со национализација на главните двигатели на економијата и со сечењето во корен на корумпираниот и авторитарен буржоаски државен апарат.

 

Во исто време, здружените сили на левицата од 42%, која во градовите надминува дури и 50% можат со ентузијазам да мобилизираат спроведување на изворно социјалистичка програма.

 

Од друга страна, КПГ мора итно да усвои еден изворно ленинистички приод кон прашањето околу формирањето влада, способен да го поврзе комунизмот со масите наместо да ја маргинализира партијата. Оваа тактика би подразбирала повикување на раководството на Сириза да се обврзи на про – работнички политики со клучни анти – капиталистички и социјалистички мерки. Врз основа на тие барања, КПГ би обзнанила дека би ја поддржала владата на Сириза, на тој начин држејќи го раководството на Сириза верно за нејзините политики и истовремено би го разоткрило постоењето на било која тенденција во Сириза која би инклинирала кон класен компромис и колаборација кои, за жал, се присутни во нејзината срж. Со тоа што КПГ однапред отфрла било каква соработка со Сириза, всушност, раководството на КПГ му обезбедува доволен изговор на раководството на Сириза да го иницира свртувањето кон десно. Не само што КПГ не успева да ги изложи тие состојби пред очите на работничката класа, туку и збунува голем дел од неа, предизвикуваќи ја да верува дека соработката со Независни Грци е изнудено единствен излез, со што КПГ би испаднала дека е онаа страна која што е тврдоглава, нешто што би значело катастрофа за работничката класа. Не е совпаѓање тоа што сите политички и идеолошки претставници на владеачката класа веднаш го изразија своето јасно олеснување од упорното одбивање на раководството на  КПГ да размисли за било каква соработка со Сириза.

 

Ако раководството на Сириза евентуално го прифати повикот за радикална социјалистичка соработка со КПГ, а раководството на КПГ продолжи да одбива да ѝ даде било каква поддршка на владата на Сириза, тогаш Сириза би морала да распише нови избори за да добие чисто мнозинство за самостојна независна влада во која не би морала да коалицира со било која друга партија. Новите избори би биле „ризични и надвор од нормална процедура“ за буржоаските партии, но не и за луѓето, со оглед на тоа што е речиси сигурно дека ќе дадат чисто мнозинство и ќе водат до целосно независна самостојна влада на Сириза. Многу е подобро да имаме уште една изборна битка и да имаме одврзани раце  за спроведување на нашата радикална програма отколку да останеме со врзани раце преку коалицирањето со буржоаски слуга на индустријалците како Панос Каменос и неговата партија Независни Грци!

 

Комунистичката група на Сириза го повикува раководството на Сириза да не коалицира со Независни Грци. Испраќаме последен повик до раководството на Сириза, но и до раководството на КПГ, да ја увидат големината на нивната историска одговорност и заедно да создадат моќна социјалистичка коалициона влада. Силите на „Левата платформа“, главната левичарска група во Сириза, да не прифати било каква соработка со Независни Грци, и мора да остане со комунистичкото крило на Сириза и со целaта левичарска база на партијата во бранењето на единствената вистинска класно втемелена политичка алтернатива, а тоа е да се постигне социјалистичка коалиција меѓу Сириза и КПГ.

 

 

 

Извор:

 

http://www.marxist.com/against-a-coalition-of-syriza-and-independent-greeks-decleration-by-the-communis-tendency-of-syriza-26-january-2015.htm

0
img

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!