Движење за социјална правда

Нападот против Чарли Хебдо – Не за „националното единство“ – Борба против расизмот и капитализмот

thumb_hebdo-attackТерористичкиот напад против Францускиот сатиричен неделник Чарли Хебдо предизвика голем бран на гнев и огорченост низ целата земја. Попладнето после нападот, стотици илјади луѓе излегоа на улиците во многу градови. Ова предизвикано гадење кај масите од овој варварски чин беше зголемено од фактот дека многу од жртвите беа популарни и уживаа високо ниво на почит.


Левите партии и синдикатите повикаа на демонстрации. Слободата на изразување е во главниот фокус на слоганите и дискусиите. Владата, десницата и националистичката десница „Национален Фронт“ ги презедоа овие слогани и опортунистички ги користат да ја „одбранат“ слободата врз која газат во остатокот од времето. Тие немаат проблем со континуитетот на про-капиталистичката, империјалистичката и расистичката пропаганда која е сервирана од големото мнозинство на популарните медиуми. Од кога Марин Ле Пен, лидерката на Националниот Фронт и нејзините пријатели почнаа да ги преплавуваат радио и ТВ станиците, НФ почна се` помалку да приговара поради недостатокот на слобода на изразување во Франција: се` додека оваа партија добива на значење, се` е  добро во медиумскиот свет.


Чистото лицемерие на буржоаската позиција треба да го стави работничкото движење на стража. Владеачката класа и „социјалистичката“ влада ќе соберат поени од овој напад и се побудува емоција со цел да се дефокусира вниманието на работниците од кризата на капитализмот и нејзините катастрофални социјални последици. Тие ќе ја искористат и за оттргнување на вниманието од реакционерните мерки кои владата ги презема во интерес на малцинството крупни капиталисти. Ова е значењето кое се крие зад многуте повици за „национално единство“ од сите овие сили. Ваквата идеја мота да биде одлучно одбиена од левичарските работнички и младински организации. „Ние сме во војна“ повторуваа политичарите и новинарите вчера. Да, но ако се води некоја „војна“ во оваа земја, тоа е војната која ја водат газдите и владата против демократските права, условите за работа, животниот стандард и минатите социјални придобивки на масите. „Националното единство“ кое многумина го „продаваат“ нема да стави крај на оваа војна. Овие повици служат за да се разоружа работничката класа и да се одвлече нејзиното внимание се` со цел  олеснување на имплементацијата на буџетските сечи и контра-реформите, почнувајќи со Макроновите Закони (серија закони за приватизација и либерализација на економијата и напад кон одредени професии).


Владата е во „војна“ со нашата класа. И со цел да ја раздели, како и секогаш користи расистичка пропаганда. Кога беше министер за внатрешни работи, Мануел Валс, кој е сега премиер, ги презеде и ги зголеми расистичките заложби од Никола Саркози, кој доаѓаа од владата кон различните национални малцинства. Сега овие господа даваат апел да не се мешаат Џихадистите со целата Муслиманска заедница во Франција. Но тие знаат дека оваа „конфузија“ ќе се случи и тие сметаат на тоа.

Ова ја покажува вистинската поврзаност помеѓу реакционерните Исламисти и западната десница. Овој напад, ако е успешен во својата цел, нема да ја ослаби Француската држава или десницата во целина. Напротив, истата ќе биде зајакната со поделбата на работничката класа по етнички и религиски линии. Извршителите на вчерашниот напад им направија голема услуга на сите пропагандисти на расизмот кои години наназад беа вклучени во идеолошка војна против Муслиманското малцинство. Оваа расистичка пропаганда ќе се интензивира во деновите и неделите кои доаѓаат. Работничкото движење мора енергично да се мобилизира против сите радикално десни напади на Муслиманите. Мора да ја мобилизира работничката класа за борба не само против расизмот, туку и против капитализмот.

thumb_marine-le-penМарин Ле Пен ги повикува луѓето да „го крнат гласот против Исламскиот фундаментализам“ и „да преземат ефективни заштитни акции“. Таа сака да создаде клима на страв за да извлечи изборен бенефит. Кога станува збор за ефективна и заштитна акција, ова може да значи нова форма на напад врз демократските слободи под изговор на „борба против тероризмот“. Повторно, работничкото движење мора да биде будно и цврсто да се спротистави на ова. Како што видовме, по повод нападот на 11 септември, во САД, „анти-терористичките“ закони почнаа да се користат против работничкото движење, вклучувајќи го тука и синдикалното движење.

Францускиот империјализам е во „војна“, во Африка и на Блискиот Исток. Не за да ја одбрани „демократијата“ или „светите републикански принципи“, туку за да ги одбрани интересите на Францускиот капитализам. Правејќи го тоа, владите предводени од Саркози и Оланд, директно поддржуваа фундаменталистички сили, главно во Либија и Сирија. Овој факт го разоткрива цело лицемерие на буржоаските политичари кои позираат како бранители на „републиканските вредности“ против Исламскиот фундаментализам.

thumb_Hollande_with_microphones-European_CouncilПоследниве неколку месеци Оланд ги повикуваше Американците да започнат да ја вооружуваат „умерената“ опозиција во Сирија. Но овие „умерени“ всушност се Исламисти. Во суштина, Францускиот империјализам беше еден од главните западни потпори на Исламскиот фундаментализам во Сирија и Либија последниве неколку години. Помогна во градењето на тие сили со цел одбрана на интересите на Францускиот капитализам и борба против Арапската револуција. Значи, без директна поддршка на империјализмот, Исламскиот фундаментализам немаше да преживее.

Империјалистите не се судираат со овие реакционерни сили со цел да ги одбранат луѓето или да заштитат некои принципи, туку на основа на нивните тесни и непосредни интереси. Вчера Франција ги поддржа Џихадистите во Сирија; денес се бори против дел од нив, додека дава се` повеќе пари на други. Ние мораме да го критикуваме жестоко тоа лицемерие и да го одбиеме секој обид за искористување на нападот против Чарли Хебдо за оправдување на интервенциите на Францускиот империјализам во Африка и на Блискиот Исток.

Основите за тероризмот и Исламскиот фундаментализам не беа воспоставени од Куранот, туку од капитализмот и сиромаштијата, експлоатацијата, империјалистичките војни, расизмот и сите останати форми на опресија за милиони Муслимани ширум светот. Не можеме да се бориме против фундаментализмот врз основа на т.н. „вредности на Републиката“ што во превод значи капиталистичката Република која експлоатира, исклучува и отпушта маргинализирани и ранливи луѓе ширум целиот свет. Мораме да им понудиме на младите Муслимани програма и перспективи за да раскинат со капитализмот и империјализмот. Во Франција, како и насекаде, должност на левицата и на работничкото движење е да го поткопува коренот на тероризмот и фундаментализмот. И поради ова, мораме решително да го одбиеме секое „единство“ со десницата, владеачката елита и нејзината држава.

Извор: http://www.marxist.com/attack-on-charlie-hebdo-no-to-national-unity.htm

 

 

 

0
img

Цитати
  • Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото. Мари Букчин
    Екологија на слобода
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!