Движење за социјална правда

Заеднички став на потписниците на Синдикалната повелба по повод воведувањето на плаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување

10814236_10202260686958902_2084995573_n-1

Длабоко загрижени за ефектите што ќе ги предизвика воведувањето на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите по материјалната положба и правата на лицата кои вршат работа без договор или врз основа на договор на дело, но и на останатите работници, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права (Синдикатот на УПОЗ, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“) бараат од Владата на Република Македонија:

1) да ја одложи примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор јавноста да се произнесе за реперкусиите од нивното воведување и да се изнајде најповолно законско решение;

2) преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнато вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што за работниците не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување.

Ние, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, во принцип не сме против тоа да се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за лицата кои се доведени до ситуација со години да не можат да остварат права од пензиско и здравствено осигурување, иако вршат работа. Напротив, ние целосно сфаќаме колку е важно плаќањето на придонесите за пензиското и здравственото осигурување како зa самите работници така и за функционирањето на фондовите за пензиско и здравствено осигурување.

Сепак, ние не сме убедени дека законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе го решат проблемот со правата од пензиското и здравственото осигурување на лицата со прикриен работен однос, кои вршат работа без договор или врз основа на договор за дело. Напротив, сметаме дека овие законски измени ќе ја отворат Пандорината кутија на дополнително намалување на правата на работниците.

Законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе ја отворат Пандорината кутија, зашто ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување да склучуваат договори за дело со нововработените лица, па дури и со веќе вработените работници. На тој начин, тие ќе си ги исполнат финансиските обврски кон државата (плаќање придонеси од плата и персонален данок), но ќе заштедат на грбот на работниците врз основа на неисплата на надоместоци за годишен одмор, надоместоци за боледување, задолжителни систематски прегледи, отпремнини за вработените кои ги отпуштаат и друго. Исто така, нема да бидат законски обврзани да ги почитуваат работничките права кои ги имаат работниците согласно Законот за работните односи и другите закони кои регулираат права од работен однос. Посебно сакаме да нагласиме дека овие законски измени нема да имаат реперкусии по џебот и правата само на оние лица кои во моментот вршат работа за хонорар наместо за плата, туку и по оние вработени кои во моментот се вработени согласно одредбите на Законот за работни односи. Тоа е дополнителна причина за нашата загриженост, како и повод вработените кои во моментот се вработени согласно одредбите на Законот за работни односи да се солидаризираат со своите колеги кои ќе бидат директно изложени на последиците од законските измени по 1 јануари 2015 година.

На крај, и не помалку важно, го изразуваме своето категорично противење на изземањето од плаќањето придонеси за хонорарите на избраните и именуваните лица. Избраните и именуваните лица во секоја демократија треба да бидат во служба на граѓаните, а не да бидат носители на дополнителни привилегии во однос на граѓаните. Според Уставот на Република Македонија, сите, вклучително и избраните и именуваните лица, се еднакви пред Уставот и законите. И од ништо што има ефект врз материјалната состојба и правата на граѓаните не смеат да бидат изземени!

0
img

Цитати
  • Револуцијата испарува и го остава зад себе само шлајмот на новата бирократија. Синџирите на измаченото човештво се направени од црвена лента. Франц Кафка
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!