Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2014
Соопштение до јавноста по повод оркестрираната антикампања против ЛЕНКА
Со ова сооопштение покрај тоа што сакаме да ја информираме јавноста за новите суштински измени и дополнувања во Статутот и Платформата на организацијата, донесени на последното Вонредно собрание, би сакале да ги разјасниме и дилемите настанати во јавноста во врска со упатените клевети од страна на некои наши поранешни членови и од некои елитистички НВО кругови.
Имено, „Ленка“ е политичка организација која пред сè е дефинирана од нејзините основачки акти кои се резултат на колективната свест и совест на поединците од кои е сочинета самата организација. Општествено-политичките текови и прилики не дозволуваат било која организација да се конзервира и остане непроменета! Особено не кога таа самата себе си се декларира како радикално левичарско движење, со своја автентична идеологија и заложба за покренување на прогресивните сили во општеството. Така и Движењто за социјална правда – ЛЕНКА, во согласност со процедурите утврдени во нејзиниот Статут, како највисок интерен акт, и на линија со новите социо-економски услови; како и поттикната од политичката еманципација и свесност на нејзините членови обзнанува дека официјално ја менува нејзината политичка насока и методите на политичката борба и веројатно во иднина ќе продолжи да инклинира кон можно партиско делување, во зависност од затекнатите политички услови и општествени прилики, а сè со единствена цел – постигнување на зацртаните цели т.е. активирање на сите искрени и прогресивни сили во општеството за подобра социјална состојба на заедницата. ДСП „Ленка“ не ја исклучува можноста за сојузување со други прогресивни, синдикални и левичарски иницијативи, организации и поединци, во или надвор од нашата држава, како би биле посилни во борбата за подобро утре.
Времињата кои надоаѓаат бараат зрели и сериозни политички акции, а не политички ескапизам под плаштот на некакви анархистички идеи или идеолошка непрофилираност и политичка коректност манифестирана преку разни „ен-џи-о“ хипер-активистички самозалажувања кои не допринесуваат за никаква благосостојба на заедницата. Ова особено ако се има во предвид моменталниот идеен вакум на политичката сцена во Македонија, како последица на капиталистичкиот неолибералистички терор кој резултира со комплетно уништување на Јавното кое ние ќе мораме да му го вратиме на Народот.
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!
ДСП „ЛЕНКА“
-
Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство.
Михаил Бакунин
Федерализам, социјализам и антитеологизам