Движење за социјална правда

Соопштение до медиуми по повод нарушувањето на слободата на протестирање

Згрозени сме од бесрамноста на одредени организации и поединци кои се осмелија на најподмолен начин да забранат еден автентичен народен протест, протест за достоинствен живот на секој граѓанин и подобрување на животниот стандард – протест против поскапувањата. Она што се случи на минатиот протест на граѓанската иницијатива „АМАН“ во саботата на 3.11.2012 покажува дека ситуацијата во нашата земја е алармантна. Слободата на изразување револт против неправдите, слободата на протест е сериозно загрозена, и секој кој се обидува да го артикулира своето незадоволство и бунт, се соочува со притисоци и закани по живот и благосостојба, а и по безбедноста на неговите или нејзините најблиски. Најостро ги осудуваме овие обиди за заплашувања и закани кон активистите на „АМАН“ и нивните најблиски, но и кон било кој граѓанин на оваа земја и цврсто ќе застанеме во одбрана на една од основните слободи и методи на борба против нееднаквоста – правото на протест. По тој повод, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА најавува дека и оваа сабота, 10.11.2012, како и досега, ќе присуствува на протестот против поскапувањата, кој овој пат ќе биде исто така и протест за зачувување на правото на протестирање. Ги повикуваме сите свесни и совесни граѓани да излезат на протестот и заедно да покажеме дека народот нема да подлегне на притисоците и ќе истрае во борбата за праведно и хумано општество. Движење за социјална правда

– ЛЕНКА 9. ноември 2012

lenka.dsp (@) gmail com

Клучни зборови:
0
img

Цитати
  • Не вреднувам авторитети. Не вреднувам системи. Не ја вреднувам патријархалната религија. Не го вреднувам она кое те обезвреднува кога ја кажуваш вистината. Па не сум исплашена од крајниот исход и тоа е најголемото “средство” со кое располагам Susan Powter
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!