Движење за социјална правда

Соопштение по повод апсењето на Ставриќ

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права (Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Движењето за социјална правда „Ленка“ и Левичарското движење „Солидарност“) со голема загриженост ја примија веста за апсењето на доктор Дејан Ставриќ, очен хирург и довчерашен претседател на Синдикатот на клинички центар.

Со оглед дека станува збор за проминентен синдикален лидер, кој во јавноста е запаметен по отпорот кон политиките на власта и успешниот штрајк на лекарите, неговото апсење не може, а да не биде обременето со сомнежи за вистинските мотиви кои стојат зад овој чин, особено што е извршено по 1 мај и успешните протести на потписниците на Повелбата. Апсење на претседател на синдикат во сите демократски земји, е високо сензибилен чин кој во најмала рака испраќа заканувачка порака за сите кои што се активни на полето на синдикализмот и заштитата на работничките права. Не сакаме да навлегуваме во оценката на обвинувањата со кои се товари кои доколку се покажат како вистини во еден случај нема да ги оспориме. Сепак, согласно уставното право за пресумпција на невиност потписниците на Повелбата ќе го следат случајот и без правосилна судска одлука нема да дозволиме да се валка името на синдикалниот лидер доктор Дејан Ставриќ.

0
img

Цитати
  • Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени. Карл Маркс
    Тези за Фојербах
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!