Движење за социјална правда

ВО ИМЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ – Ивана Атанасовска

workers

Правилата на глобалната економија треба да бидат насочени кон подобрување на правата, благосостојбаta, безбедноста и можности за луѓето, семејствата и заедниците низ целиот свет. – Светската комисија за социјална димензија на глобализацијата, 2004

Во оваа колумна нема да користам филозофија за да ја искажам маката на работникот. Сигурно ќе бидат кажани работи кои се познати, но очигледно работите стојат во место, а се додека стојат постои и простор за сѐ повеќе вакви текстови.

Достоинството, еднаквоста, правдата, сигурноста – македонскиот работник на хартија.Кочо Рацин бил дел од денешното општество – „ За туѓи бели дворови копај си црни гробови“. Каква иронија, каква неправда во сопствената земја, во земјата каде си се родил и си растел.

За македонскиот капиталистички газда работникот нема достоинство, за него тоа не постои. Понижување, мобинг, одземање на секое работничко право се дел од секојдневието на македонскиот работник. Газди, сработете го самите она што го прават вашите вработени за „ незаслужената плата која им ја подарувате “ како што самите милувате да кажете. За Вашата мизерна плата која не може вашиот вработен да го плати патот од дома до работа. Чинам постоеше агенда за пристојна работа на МОТ, но очигледно намерно е заборавена односно за Македонија е непозната. Социјална работа, создавање работни места и почитување на меѓународните стандарди на трудот. Стандардите создадени како оснава за работникот како човечко суштество.

workers-unite-arrieta

 

Работник кој останал инвалид на работно место, работникот кој нема здравтвено осигурување, работникот кој не добива плата, работникот кој починал на работното место. Да, сето ова е дел од нашето секојдневие. На прашањето кој одговара за ова едноставно постои – НИКОЈ! Класна борба, опстанок за живот, за мизерен живот, тонење во сиромаштија, борба за преживување, нели е време нештата да се менуваат? Според мене и црвената линија е премината многу одамна. Веќе е премногу доцна за сѐ уште да се чека.

Ние имаме еден живот, една шанса за достоен и праведен живот кој доликува за едно човечко суштество. Стравот и бесот, немањето слобода и правда, газди, не е вечно. Работникот е обесправен и немоќен, но не и неважен. Можеби токму вие сте оние кои ќе бидете симнати од тронот и нема да поминете како вашите претходници. Со некого мора да се пресече. Не сакаме да живееме во општество каде треба да преживуваме.

Работниците не знаат што значи – ЈАС ИМАМ ПРАВО, само знаат дека НЕМААТ НИКАКВИ ПРАВА. До кога ќе се трпи неправдата, зарем тие не се луѓе, зарем немаат право на достојна работа, зарем немаат право на одмор, на лекување, на еднаквост пред законот како и сите останати? Постојаното цртање на исти кругови од сопствениот живот мора да престане сега и овде. Некој друг го креира нашиот живот, против наша волја, гази преку нас и ние не велиме СТОП – исто како да не си живеел, исто како да не си се родил. Верувајте ништо не е вечно. Мора да има голема борба во која на крајот ќе бидат победници работниците, ќе имаат свои права и чиста совест за идните генерации. Само слободниот работник може да победи.

Станете сите да зечекориме со паролата на слободното живеење каде работата ќе биде задоволство, а не измачување. Моќните газди не се моќни колку работници заедно. Ќе направиме силен синдикат кој ќе ги штити правата на работниците, синдикат кој е демократски и независен и кој работи во името на работниците, не синдикат кој постои само колку да постои. Ќе имаме синдикат кој нема да ги крати правата на работниците како што постојано тоа го прави сите овие години. Мнозинството синдикалисти ќе се борат за правата на работниците. Оние синдикалисти кои ќе наликуваат на денешните своето место нека го бараат на друго место. Без работничката класа нема опстанок, нема напредок, нема општество. Привилегијата на правото да се биде работник- чесен и лојален е непроценлива.

За крајот на оваа колумна би завршила со познатата:

Пролетери од сите земји, обединете се!

Авторка:

Ивана Атанасовска

 Активистка на ДСП  – ЛЕНКА

 

0
img

Цитати
  • Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство. Михаил Бакунин
    Федерализам, социјализам и антитеологизам
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!