Движење за социјална правда

Анализа на новиот закон за стечајци

закон за стечајци

 

„ДОШЈА НОЖ ДО КОСКУ!“ – ИМА ЛИ СПАС ЗА СТЕЧАЈЦИТЕ ?

Новиот закон за стечајци, или во точниот назив Закон за материјално обезбедување на невработените лица од државните фирми, е тенденциозно прикажан како закон со кој ќе се решат сите проблеми на стечајците, најбитно од се’ нивната егзистенција. Рамката на овој закон со новите измени е проширена и наместо периодот 2000-2004 година, тој ќе важи за сите оние кои останале без работа во периодот 2000-2013 година. Основната забелешка на УНИТ-Организација на стечајни работници е дека со овој закон противуставно се врши поделба меѓу стечајците, имено оние кои ја изгубиле својата работа по 2000-та година имаат право на обештетување, додека за постарите стечајци се’ уште нема решение. Не е јасно по кој критериум се прави оваа поделба, но според некоја здраворазумска логика, државата сака да ги заштеди јавните пари(секако за продуктивното вложување во споменици и слични градби со кои се зајакнува и преиспитува националното чувство, каде би се канализирал социјалниот гнев) и притоа да купи привремен социјален мир.

Стечајните работници во Македонија, како посебен слој од класата на невработени во нашето класно општество, го носат бремето на т.н. преструктурирање на општествените претпријатијата (народски кажано транзицијата) и со тоа се една од најзагрозените категории, имајќи го во предвид фактот дека се работи за луѓе во поодмината доба, која со своите вештини веќе не е компатибилна на толку фамозниот пазар на труд. Луѓето кои учествувале во создавање на сите благодети и делеле од своја уста за денес да имаме училишта, болници, железници, патишта се луѓето кои денес државата (како алатка на гореспоменатиот пазар на труд) ги остава на питачки стап.

Нивното комплексно прашање и покрај долгогодишните ветувања на сите гарнитури, не е решено повеќе од 20 години, односно од реституацијата на капитализмот(пазарното општество) во Македонија. Особено сакаме да го актуелизираме ова прашање во очи на стапувањето во сила на новиот закон кој наводно треба да обештети 3.000 стечајци и жешката атмосфера која се создаде од организираните протести. Притоа, сакаме да нагласиме три клучни моменти по ова прашање.

Новиот закон се однесува само на категоријата на стечајни работници кои работеле во претпријатија во државна или доминантно државна сопственост. Ова, по логика значи дека законот ги исклучува сите оние кои работеле во приватни претпријатија(како и оние претпријатија кои цело време биле јавни и работеле за јавно добро, а преку ноќ во ранофеудалното приграбување попознато како приватизација завршија во рацете на дотогашните функционери, денес олигарси). Исто така, проблематична е одредбата дека за добивање на надоместокот, потребни се 25 години работен стаж, што во секој случај е премногу ограничувачко(особено ако имаме во предвид дека за остварување на право на пензија се потребни 15 години работен стаж!).

закон за стечајци

извор: novatv.mk

Овие три клучни законски фалинки се косат со Уставот на Република Македонија како највисок правен акт, а тоа е највидливо во:

-член 9 од УРМ:
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

-чл. 55, ст.2 од УРМ/91:
Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.

-чл. 34 од УРМ:
Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.

-чл. 35, ст. 1 од УРМ:
Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, согласно со начелото на социјална праведност.

Оттука, јасно се гледа дека Уставот наложува еднаков третман на сите граѓани, без никаков основ за дискриминација. Оттука, прашуваме по кој правен основ државата ја прави дискриминацијата со овој закон ?

Затоа ги поддржуваме легитимните и издржани барања на стечајците, законот да ги обештети сите стечајни работници(и од државни и од приватни претпријатија) без разлика на периодот во кој изгубиле работа и со 15 години работен стаж.

Дури и во денешните околности е можно некое решение кое би ги задоволило стечајците. Тоа е покажано преку кратката буџетска пресметка на другарите од ЛД Солидарност, според која се потребни само 0.29% од буџетот на годишно ниво за обештетување на сите стечајци! Тоа значи дека со само мал ребаланс на моменталниот буџет би ја имале оваа потребна бројка. Не е преголема жртвата за социјално најзагрозените, ако нормално барем малку се скратат каприците на владеачката елита!

Во целата оваа приказна, особено после радикализирањето на гневот пред собранието на 18 февруари, видливо беше ниското ниво на емпатија и солидаризација од страна на јавноста. Главен причинител на општата атмосфера се главните медиуми кои ја создаваат сликата на одбивност кон стечајците, портретирајќи ги како општествен шлајм. За дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми и суштиниските барања на стечајците, се наметнува дегутантната и веќе чуена/видена мантра за тоа КОЈ ГИ ОРГАНИЗИРА СТЕЧАЈЦИТЕ?(како главната причина за протест да не е нивната материјална состојба, туку да претставува партиска манипулација од опозицијата). Веќе видено е сценариото на заокружени видни опозиционери, кои стојат на маргините на протестот и со своето учество не ги диктираат на никој начин потребите на стечајците кои тлеат веќе 23 години во нашето општество.

закон за стечајци

За жал, оваа тактика е успешна и проблемот на стечајците кај останатите работници, студенти, невработени односно кај најголемиот дел од луѓето воопшто не буди никаква емпатија и солидарност кон овие обесправени луѓе. Напротив, тие се дистанцираат од овие збиднувања кои во нивни очи без никакво преиспитување ја имаат етикетата “соросоидни”, како би останале политички неизвалкани. Затоа би укажале на огромната одговорност која ја имаат поголемиот дел од медиумите и медиумските работници во создавање на сликата во јавноста за стечајците и ширење на хегемонија на вредности(индивидуалистички), кои индиректно атакуваат на градењето на колективна класна свест.

Доколку стануваше збор за нормално општество (како грчкото, шпанското и сл.) каде класната свест е на високо ниво, следниот ден на улиците ќе имаше масовни протести и општ генерален штрајк кои би ја присилиле државата и капиталистичкиот систем воопшто, да отстапат под налетот на организираната работничка класа.

Но, можеби најважно од се’ досега наведено во анализата е структурното прашање. Промената кон капиталистички економски систем, со себе нужно носи и промена на легислативата и институциите кои треба да создадат услови за постоење нов вид на доминантна сопственост- приватна како антипод на општествената/државната. Токму процесот на пренесување на средствата за производство од општествени во приватни раце, ја носи со себе потребата за преструктуирање на претпријатијата, а со тоа и промена на нивното дотогашно функционирање. За новиот газда/капиталист во новосоздадените пазарни услови најважен е профитниот мотив, а не задоволување на потребите на општеството и работниците и луѓето преку процесот на производство.

10013946_857210114304827_6379255859483303097_n

Па така, во процесот на акумулирање на капитал, вештачки се создава вишок на работници, кои инаку би претставувале пречка кон остварување на поголем профит. Ова особено во поглед на фактот дека работодавачот секогаш се труди да заштеди на трошоците за производство(како што во случајот е работната сила), што би значело дека истата работа би ја работеле помал број на работници, со поголем степен на експлоатација. Следствено, работниците во процесот на транзиција се колатерална штета, бидејќи процесот на транзиција не се спроведе за нивна благосостојба, туку напротив за збогатување и концентрирање на капиталот во рацете на мала група на олигарси.

КОЕ БИ БИЛО ДОЛГОРОЧНОТО РЕШЕНИЕ НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ?

Сметаме дека додека постојат системските услови кои всушност го креираат овој проблем, во името на профитот на малкумина, нема да има благосостојба, ни за оваа обесправена категорија, ниту пак за најголемиот дел од луѓето. Според ова потребна е коренита системска промена, која би оневозможила трупање на богатство во рацете на малкумина преку процес спротивен на приватизацијата – социјализација или поопштествување на производството, кое би служело за добробит на целата заедница, преку планско и рационално координирање на ресурсите, кое сите работници би ги ставило во еднаква положба кон целокупната економија, преку нивно активно вклучување во економското планирање.

Технолошкиот развиток овозможува во денешно време многу полесно економско планирање (а со тоа и вклучување на скоро целата расположлива работна сила во економијата, што би значело и пократко работно време) односно, задоволување на човековите потреби (притоа човекот да не биде роб на економските односи, туку истите тие да бидат средство за создавање на општествено добро) т.е. економско ослободување, како предуслов за слободно човеково самоостварување. Човековиот живот нема веќе да биде подреден на економските услови, бидејќи тоа ќе биде само еден сегмент од неговото постоење.

 

Автори:

Дејан Лутовски
Петар Чуриќ

Активисти на ДСП Ленка

0
img

Цитати
  • Ние ни сега не сме, ни тогаш не бевме феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. За да постигнеме социјална револуција, неопходно е да работиме и да се бориме заедно. Но потребна ни беше наша сопствена организација за да се бориме за себе. Mujeres Libres
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!