Движење за социјална правда

СИНДИКАЛЕН ПРОГЛАС

Работници, граѓани, синдикалисти и синдикати, Координативното тело на Повелбата за солидарност на синдикатите и организациите за заштита на работничките права во Македонија ве повикува да ни се придружите со поддршка и присуство во одбележувањето на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот.

Соочени со реалноста на секојдневно газење на правата и достоинството на работниците и континуирано менување на законските одредби на нивна штета, под единственото мото РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ЕКОНОМСКО РОБЈЕ! Ве повикуваме заеднички:
– да им ПОРАЧАМЕ на надлежните институции:

А) ЗАСЛУЖУВАМЕ ДОСТОИНСТВЕНИ ПЛАТИ! Наводната регулатива за минималните плати штотуку донесена а веќе не се почитува, додека Трудовиот инспекторат е селективен во својата работа;

Б) ДА ГО ОСЛОБОДИМЕ ШТРАЈКОТ! Целосна ревизија и либерализација на македонската законска норматива за Штрајкот кој станува се’ повеќе невозможен облик на дејствување; и

В) ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ИЗВОРИТЕ НА СИНДИКАЛИЗМОТ! Повеќегодишната симулација на синдикализам во претходниот систем сега се соочува со исто толку страшно задушување на синдикалните и воопшто работничките права; неопходно е да се вратиме на автентичните цели и средства на синдикализмот во функција на враќање на достоинството на македонскиот работник.
Имајќи предвид дека овие Првомајски манифестации ги планираме во период кога се одвиваат избори како за Претседател на Републиката така и парламентарни избори, значи во услови кога не се знае кој и каква Влада ќе состави по изборите, целосно независно од исходот на изборите ние, потписниците на СИНДИКАЛАНТА ПОВЕЛБА ќе и’ ги истакнеме на која и да е влада следниве

Б А Р А Њ А:

Законот за минимална плата да не дискриминира и ефективно да ги казнува прекршителите! Поради ова, потребно е:
да се изедначи минималната плата во сите сектори не во 2018, туку во 2014 година;
– работодавците за кои ќе се утврди дека не исплаќаат минимална плата директно да се казнуваат со парични казни, а не да добиваат покани за едукација.

Ослободување на правото на штрајк од законските стеги! Во врска со правото на штрајк треба:
укинување на постапката за помирување со која се условува отпочнувањето на штрајкот;
– правото на организирање штрајк, покрај синдикатите, повторно да го имаат и самите работници.

Правото на синдикално организирање да не биде мртво слово на хартија! Затоа, е потребно:
промени во законската и подзаконската регулатива, како и во однесувањето на надлежните органи со цел да не се одолговлекува до недоглед процесот на регистрирање на синдикатите;
– Владата, преку сопствено и дејствување на нејзините институции, да го обезбеди почитувањето и да го гарантира правото на синдикално организирање.

Уверени сме дека само преку заедничка соработка и борба на сите синдикати и прогресивни сили во Македонија можеме да ги запреме негативните трендови во трудовото законодавство и отворените анти-синдикални активности кои ги влошуваат условите за работа на сите работници во сите сектори, независно од нивната партиска, национална или каква било друга припадност. Затоа немаме дилема дека 1 Мај треба да го чествуваме така што ќе го дигнеме гласот за поголеми права, подобри услови за работа и достоинствени плати и Ве повикуваме да ни се приклучите. Само така ќе го вратиме значењето на Први мај како ДЕН на работниците во целиот свет кои ги поврзува заемна солидарност.

Координативно тело на Синдикалната повелба

Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС) , Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ, Движењето за социјална правда ЛЕНКА и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).

0
img

Цитати
  • Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство. Михаил Бакунин
    Федерализам, социјализам и антитеологизам
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!