Движење за социјална правда

Месец на социјална правда и работничка борба

Месец на социјална правда и работничка борба

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ повторно најавуваат Месец на социјална правда и работничка борба, кој ќе кулминира со два протести, во Скопје и Куманово!

Во време кога под еуфемизмите „флексибилност на труд“, „слободен пазар“, „мобилност“ и слични нео-либерални кованици, се подразбира ништо друго туку намалување и кршење на сите бенефиции и социјални права кои биле отстварени и задржани низ вековите, не ни преостанува ништо друго освен повторно да го кренеме гласот и да потсетиме на историското значење на 1-ви Мај, како стремеж за комплетна еманципација на целокупната работничка класа. Оваа година излегуваме со повеќе активности и со обид за заживување на историската коалиција со синдикатите!

НЕЈЌЕМЕ СКАРА, САКАМЕ ПРАВА!

ДА НЕ ГО ПРЕСПИЕМЕ 1ВИ МАЈ!

 

ПРОГРАМА:

2 април: Проекција на филм: “Greece on The Brink”(Грција на Работ) 19:00 @Автономен Културно Социјален Центар

8 април: Промоција на студијата: „Богатството и сиромаштијата во Македонија” во Куманово

9 април: Проекција на филм: “Basic Insome” (Достоинствен Приход) 19:00 @Автономен Културно Социјален Центар

16 април: Акција пред Агенцијата за вработување 12ч.

16 април: Промоција на студијата: „Политиките за вработување и сиромаштијата“ 19:00 @Институт за Општествени и хуманистички науки – Скопје

22 април: Изложба „1-ви Мај низ фотографии“ 20:00-Автономен Културно Социјален Центар

23 април: Премиера на претставата: „Маркс во Сохо“ @Менада

29 април: Свирка со левичарски песни @Ла Кања

30 април: Трибина: „1-ви Мај низ годините: Историјат на работничката борба“ 19:00-Автономен Културно Социјален Центар

30 април: Потпишување на синдикалната повелба за Солидарност од страна на ЛЕНКА, СОЛИДАРНОСТ и други синдикати

Први мај – ПРОТЕСТ

 

0
img

Цитати
  • Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!