Движење за социјална правда

МАРТ – МЕСЕЦ НА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ

За едно ново раѓање на старите сништа…Ох, силно светнал ден!

 

Со цел да укажеме на неопходноста од феминизмот и тоа во неговата социјалистичка форма, како и на неговиот паралелен развој со дискурсот на бројните левичарски движења, Движењето за социјална правда – ЛЕНКА го прогласува овој месец март за МЕСЕЦ НА РОДОВАТА РАМНОПРАВНОСТ.

 

Зашто еднаш рекоа: „Без жените нема револуцијаˮ! „Без жените нема половина од човечкиот родˮ!

ДСП ЛЕНКА годинава го избра март – НЕ како месец на жената, што во најлошо искористената форма на исказот, најчесто би алудирало на вечната борба на жените и мажите за доминација, превласт, докажување на едните над другите, на една сексистичка битка која разединува, наместо да обединува, туку напротив – како месец во кој ќе се обидеме да ги доближиме подзаборавените (или искористените) идеали на феминизмот како социјално движење со еден сон за ЕДЕН „човечки род“, СОН за ЕГАЛИТАРНО општество!

Имаме намера да потсетиме на вистинското значење на 8-ми март; на успесите и на соништата на револуционерките од XIX и XX век; на фактот дека жената има право да биде ценета, почитувана, слободна, исто како и мажот – но ни помалку ни повеќе од него. Дека двата рода треба да се насочат во борба против оковите на партијархалното општество, доминацијата, насилството и искористувањето, во борба против системот кој произведува патријархални вредности и создава поделба и дискриминација по родова основа.

И по кој знае кој пат да го изразиме ставот против обидите на конзервативните сили кои преку промовирање на „семејни вредности“, кампањи за зголемување на наталитетот и рестриктивни закони за абортус (кој инаку треба да е основно право на жената) – ја третираат истата како машина за раѓање, ценејки ја како жена АКО и САМО АКО е мајка, притоа потценувајќи ја нејзината способност, слобода и право сама да одлучува за своето тело.

Ќе се обидеме, преку филмски проекции, отворени дискусии, трибини, изложби на уметнички дела и фотографии, со музика, преку преводи на значајни дела, авторски текстови, да дадеме зародиш на нешто што треба да го гаиме и растеме во иднина сите ние, со заеднички сили. Зашто искуството покажа дека не е доволно само законско регулирање на темелните слободи и права, ако од друга страна свеста на народот стагнира и им отстапува место на стереотипните гледишта и ставови.

Сакаме да направиме јасна разлика и дистанцирање од либералните и идентитетски борби, кои свесно или несвесно го поддржуваат и на тој начин му овозможуваат опстојување на капиталистичкиот систем, а, патем се немоќни да донесат суштински промени во општеството и на жената да ѝ го овозможат местото кое го заслужува – рамо до рамо со мажот. Различна, а рамноправна – но не само законски, не само навидум преку насочување на битките кон градење на индивидуи од двата рода со компетитивен, кариеристички и конзумеристички настроен дух (што е одлика на моменталниот систем), туку личности кои ќе се изградат на основите на солидарност, соработка, емпатија и разбирање.

 

Па, ајде да ја започнеме борбата преку подигање на свеста и целосна еманципација, за потоа истата да ја насочиме кон Системот како заеднички непријател!

 

Alea acta est!

 

Велат пред да раздени – најтемно е,
Со трепет и копнеж во очекување на белите мугри!

 

Движење за социјална правда – ЛЕНКА

0
img

Цитати
  • Ти го имаш твојот начин. Јас го имам мојот. Што се однесува на правилниот начин, точниот начин, единствениот начин, тој не постои. Фридрих Ниче
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!