Движење за социјална правда

Реакција по повод насилството на МВР на протестот на стечајците

Кому му пречи црвеното знаме? Зошто од масата протестанти беше издвоен членот на Левичарското движење „Солидарност“ Васко Цацаноски и насилно нападнат и приведен од десетици полицајци? Заради црвеното знаме кое што Васко гордо го вееше во знак на поддршка на ограбените, обесправените и прегладнетите, понижените и тепаните!?

Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“ најостро го осудуваат вчерашниот обид на припадниците на МВР за оневозможување на учесниците на протестите пред Владата на Република Македонија при остварувањето на со Уставот загарантираното право на протест. Воедно ја осудуваме употребата на прекумерна сила при која беа полесно повредени неколку граѓани. Бараме внатрешната контрола на МВР конечно да профункционира и да ги санкционира ваквите насилни испади од страна на вработените во МВР, односно Единицата за брзо распоредување. Го осудуваме и застрашувањето на граѓаните од страна на МВР преку поднесувањето на „соодветни пријави“ против организаторот на протестите и Васко Цацаноски.

Остро го осудуваме и тенденциозниот и невистинит опис на настаните изнесени во соопштението на МВР по повод протестот на стечајците. Нашиот другар кој е издвоен за приведување само го вееше црвеното знаме на солидарноста. И утре, кога синдикатот при МВР ќе ја побара нашата помош, ќе излеземе и ќе го вееме истото знаме за поддршка на нивните работнички и социјални права.

Повикуваме на почитување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија – обезбедување на основните слободи и права на граѓанинот, како и зачувување и унапредување на хуманизмот, социјалната правда и солидарноста!

 

Движење за социјална правда – ЛЕНКА

Левичарско движење – СОЛИДАРНОСТ

0
img

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!