Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2014
ПРОГЛАС

Ние, Движењето за социјална правда – Ленка и Левичарското движење – Солидарност, ги поддржуваме случувањата во Босна како и пошироко на Балканот, во сите нивни акции и барања како и начинот на кој што го изразуваат незадоволството.
Ги осудуваме сите медиуми кои сакаат да фрлат црна дамка на овие „пролетни цутови“ во социјалното будење на обесправените работни и безимотни маси. И апелираме до обичните граѓани да ги игнорираат истите.
Солидаризирајќи се со нашите другари и другарки, ја повикуваме работничката класа и безимотните маси од нашата држава да го следат примерот на нивните другари и другарки од Босна како и од регионот и да излезат на улиците да им стават крај на овие неправди.
Ако се чувствуваш обесправен…!
Ако се чувствуваш искористен, излажан, експлоатиран, изманипулиран, ограбен, изрази го својот револт!
Ние, ЛД Солидарност и ДСП Ленка, во име на оваа обесправена класа го отфрламе лажниот социјален дијалог и повикуваме на социјална борба! Ја отфрламе егоистичката индивидуалност и себичност, залагајќи се за заедништво и солидарност. Кажуваме НЕ на натпреварот, алчноста и конкурентноста, а ДА за соработката и самоуправувањето. Застануваме против приватната сопственост залагајки се за колективна општесвена сопственост на средствата за прозиводство како и фер и еднаква распределба на производите создадени во рамките на овие заеднички општесвени капацитети.
Конечно и најважно: повикуваме на надминување на етничките разлики и поделби и изградба на класна свест наспроти доминантната национална која мора да ја отфрлиме.
Примерот на Босна и Херцеговина докажува дека етничката и националистичка омраза можат и мора да се надминат за да се оствари социјална правда и хумано општество!
БОРБАТА Е ТВОЈА, ПРИКЛУЧИ СЕ!!!
Протестот за солидарност е закажан за УТРЕ (четврток, 13.02.2014) во 17:00ч. пред амбасадата на Босна и Херцеговина.
- Револуцијата испарува и го остава зад себе само шлајмот на новата бирократија. Синџирите на измаченото човештво се направени од црвена лента. Франц Кафка