Движење за социјална правда

Обештетување само на „новите“ стечајци, за „старите“ нема интерес

Интервју со Лилјана Ѓорѓиевска, претседателка на здружението на стечајните работници – УНИТ:

Со цел да се актуелизира прашањето за состојбата на стечајните работници во Македонија, разговаравме со Лилјана Ѓорѓиевска, претседателка на здружението на стечајните работници УНИТ, која ќе ни ја образложи нивната моментална ситуација и каков е нивниот став по однос на одлуката на Владата за донесување на закон за целосно решавање на проблемот на социјалците од фирмите во доминантна државна сопственост.

ЛЕНКА: Како ќе ја опишете моменталната состојба на стечајните работници во Р.Македонија и проблемите со кои секојдневно се соочувате?

Ситуацијата на стечајците е очајна, има стечајци кои гладуваат, односно немаат средства за да си обезбедат ниту леб, ниту лекови. Па затоа стечајците се собираат и се солидаризираат меѓусебе, за гол опстанок и истрајување во своите барања. Постојат и семејства (четиричлени семејства) на стечајци кои опстојуваат со месечна социјална помош од 2200 денари, на кои не им се исплатени надоместоци за струја во последниве две години. Патат и децата на стечајците, кои се приморани да го напуштат своето образование, па така има и деца кои наместо да земат диплома, возат такси за да обезбедат егзистенција на целото семејство. Одамна заборавивме што се тоа празници, бидејќи неможеме достојно да ги прославиме. Се појавува и тренд на зголемување на семејното насилство во семесјтвата на стечајните работници, насилство против кое државата наводно се бори. Состојбата е алармантна. Поради постојаниот стрес, здравјето на стечајците е сериозоно нарушено. Морталитетот помеѓу стечајците е висок, односно според нашите статистики, на секои два-три дена умира по еден стечаец.
Постојат обиди за поделба на стечајците, се нудеше поткуп и работни места на претставниците на стечајните работници, а откако не успејаа да не поткупат, започнаа со партиско етикетирање со цел да се дефокусира јавноста од нашите вистински проблеми. Кога сакавме да ја известиме јавноста за овој безобразлук, ниедна телевизија не најде за сходно да ја пренесе оваа информација.

 

ЛЕНКА: Каков е односот на институциите кон стечајните работници?

Институциите немаат осет за нашите проблеми. Секојдневно сме соочени со извршители, кои ни го сообираат и последното што го поседуваат, па затоа ние сме приморани да се собираме и физички да го браниме нашиот имот. Во институциите на системот сме крајно деградирани, изложени на постојано исмејување и партиско етикетирање, односно не сме третирани ниту како граѓани од трет ред, туку како граѓани од ШЉ ред! За пензионерите, за кои немаме ништо против, се обезбедуваат непотребни услуги од типот на бањи и зимувања, а ние сме целосно отфрлени од системот. Единствено олеснување во целата ситуација ни е помошта од локалната самоуправа која не ослободи од плаќање на комуналии и апелирам до сите локални власти да го следат овој пример, колку толку да излезат во пресрет на проблемите на стечајците. Медиумите имаат крајно игнорантски однос кон нашите барања, посебно сме разочарани од јавниот сервис, кој иако редовно сме принудени да го плаќаме, во спротивно испраќаат извршители, а не сака ниту да ја прикаже нашата ситуација.

 

ЛЕНКА: Каков е вашиот став по однос на одлуката на Владата за донесување на закон за целосно решавање на проблемот на социјалците од фирмите во доминантна државна сопственост?

Според изјавата на премиерот, онака како што разбравме со овој закон ќе биде опфатена само еден мал дел од стечајните случаи, според наша проценка околу 300 до 400 стечајни работници. Со ова повтроно ќе се случи поделба на стечајците на привилегирани и непривилегирани, исто како и во 2008 година. Нашиот предлог закон за решавање на голготата на стечајците ги опфаќа 90% од стечајците, и тоа според следниве критериуми: наместо предложените 25 год. работен стаж, ние предложивме обештетување за оние кои имаат над 15 години работен стаж (поради многуте не исплатени придонеси) и тоа не само за оние фирми во доминантна државна сопственост кои се приватизирани во периодот од 2000 до 2013 година, туку за сите фирми опфатени со приватизацијата. Овој наш предлог би ја чинел државата околу 12 мил. евра годишно, што не претставува голем трошок за државата за постигнување на социјален мир, наместо да се трошат милиони на споменици со многу помалку ќе се стави крај на нашата агонија. Стечајните работници се лути на сите досегашни влади кои немаа слух за нашиот проблем.

 

ЛЕНКА: Каков е односот на синдикатите кон стечајните работници?

Посебно сме лути на синдикатите, кои први се заложија за приватизација на нашите фирми, а подоцна ги немаше никаде да застанат зад обесправените работници. Во моментот на приватизација не ја објаснија ситуацијата во која ќе се најдеме и се водеа од своите лични интереси. Синдикатите се учесници во носење на закони за скратување на правата на работниците и стечајците. Имаше одредена подршка од некои синдикалисти кои заради тоа ја загубија својата работа, и беа принудени да се повлечат.

 

ЛЕНКА: На кој начин планирате да ја продолжите борбата за вашите права?

Стечајните работници нема да застанат се додека не ни се остварат правата. Очекуваме промена во мислењето на оваа Влада да се стави крај на нашата голгота. Ќе има радикализација на протестите, секој од стечајците ќе си го искаже својот гнев над институциите. Протести ќе има и пред синдикитатите, кои не ни даваат никаква подршка. Тие треба да застанат во одбрана на нашите права, а не да им служат на интересите на власта. Ќе протестираме со поставување шатори пред Владата и Синдикатот, со цел да се покрене свеста на јавноста за тоа дека со предложениот закон на Владата ќе бидат обештетени „новите“ стечајци од 2000 до 2013 година, а не и оние од пред 2000 година кои повеќе од 15 години живеат во агонија. Ги повикувам сите граѓани да се солидаризираат со нивните сограѓани и конечно да ја исправиме оваа голема неправда!

 

stecajci

0
img

Цитати
  • Оној кој не се движи, не ги забележува своите окови. Роза Луксембург
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!