Движење за социјална правда

Марксизмот и слободата

(извадок од книгата “Reason in Revolt”)

 

Автори: Тед Грант и Алан Вудс

 

Проблемот на односот помеѓу „слободата и нужноста“ му бил познат и на Аристотел, и за него бескрајно дискутирале средновековните схоластичари. Кант го употребува како еден од своите познати „антиноми“, каде е презентиран како неразрешлива контрадикција. Во 17ти и 18ти век се појавува во математиката како теорија на веројатноста, во врска со коцката.

Дијалектичкиот однос помеѓу слободата и нужноста повторно ќе „излезе на површината“ преку теоријата на хаосот. Дојн Фармер, американскиот физичар, истражувајќи ја комплексната динамика, коментира:

На философско ниво, ме изненади како на оперативен начин да се дефинира слободната волја, на начин којшто овозможува помирување на слободната волја и детерминизмот. Системот е детерминистички, но не можете да кажете (да знаете) што ќе стори следно. Исто така, отсекогаш сметав дека важните проблеми во светот мора да имаат врска со создавање организација, во животот или интелигенцијата. Но, како се изучувало тоа? Она што биолозите го работеле изледало така применливо и специфично; хемичарите тоа сигурно не го работеле; математичарите пак воопшто не го правеле, а физичарите едноставно не се занимаваа со тоа. Отсекогаш сум чувствувал дека спонтаната појава на самоорганизиција треба да биде дел од физиката. Овде имаше една паричка (монета) со две лица. Ова имаше ред, со случајноста која се појавува, а потоа еден чекор поатаму имавме случајност со свој сопствен внатрешен ред.

Дијалектичкиот детерминизам нема ништо заедничко со механичкиот пристап, а уште помалку со фатализмот. На ист начин на којшто постојат закони кои го регулираат однесувањето на неорганската и органска материја, постојат закони кои ја регулираат еволуцијата на човековото општество (заедница). Шемите (моделите) кои можат да се забележат во текот на историјата не се ни најмалку случајни. Маркс и Енгелс објаснија дека преминот (транзицијата) од едно општествено уредување во друго, во суштина е детеминиран од развојот на производните сили. Кога дадениот социо-економски систем веќе нема да биде способен да развива производни сили, тој влегува во криза, подготвувајќи го теренот за револуционерен пресврт.

Тоа воопшто не значи негирање на индивидуалното влијание во историјата. Како што кажавме, мажите и жените сами ја создаваат сопствената историја. Сепак, глупаво би било човечките суштества да се замислат како „слободни актери“ кои можат да ја одредат својата иднина исклучиво врз основа на својата слободна волја. Тие мора да тргнат од условите кои се создадени независно од нивната волја – економски, социјални, политички, религиозни и културни. Во таа смисла идејата за слободната волја е глупост. Вистинскиот став, на Маркс и Енгелс, за улогата која ја има индивидуата во историјата го покажува следниот цитат од „Свето семејство“:

Историјата не прави ништо, таа „не поседува неизмерно богатство“, таа „не води битки“. Човекот, вистинскиот, живиот човек е тој којшто сето тоа го прави, којшто поседува и се бори, „историјата“ не е некоја посебна личност која го употребува човекот да ги оствари своите цели; историјата не е ништо друго туку активност на човекот за спроведување на своите цели.

Нема ни збор за тоа дека мажите и жените претставуваат само обични марионети на судбината, без моќ да ја променат истата. Сепакк, вистинските луѓе за кои пишуваат Маркс и Енгелс, кои живеат во вистинскиот свет, не можат да застанат над општеството во кое живеат. Хегел напиша „интересите го движат животот на луѓето“. Свесно или не, индивидуалните актери на сцената на историјата одржуваат интереси, ставови, предрасуди, моралитет и аспирации на специфична класа или група во општеството. Ова навистина е очигледно и при површинско разгледување на историјата.

Без оглед на тоа, илузијата за „слободната волја“ е упорна. Германскиот философ Лајбниц забележува дека доколку иглата од компасот би имала способност да мисли, без сомнеж ќе мисли дека покажува кон север, бидејќи таа така одлучила. Во 20ти век, Зигмунд Фројд целосно ќе ја разбие предрасудата дека мажите и жените имаат целосна контрола, барем над своите мисли. Феноменот на Фројдов лапсус (неволна/несвесна јазична грешка, лат. Lapsus linguae) е совршен пример на дијалектичкиот однос помеѓу случајноста и нужноста. Фројд дава бројни примери на грешки при говорење, „заборавеност“, и други „незгоди“ кои во многу случаи без сомнеж откриваат подлабоки психички процеси.

freud

Зигмунд Фројд

Со Фројдовски зборови: „Се покажа дека одредени недостатоци на нашиот ментален капацитет […] и одредени акции кои се ненамерни, се значително мотивирани, кога подлежат на психоаналитичко истражување, и се детерминирани со свеста за непознатите мотиви“.

Тоа е фундаменталниот став на Фројдовиот пристап, според кој ништо во човековото однесување не е случајно. Ситните грешки во секојдневниот живот, соништата, и навидум необјаснивите симптоми на ментално оболени лица; не се „случајни“. По дефиниција, човечкиот ум не е свесен за потсвесните процеси. Колку што мотивацијата е подлабоко во потсвеста, од гледиште на психоанализата, толку повеќе лицето нема да биде свесно за неа. Фројд се држел до принципот дека овие потсвесни процеси се откриваат (и следствено од тоа можат да бидат проучувани) во оние фрагменти од однесувањето кои свесниот ум ги отфрла како несмасни грешки или незгоди.

Дали е можно достигнување на слободата? Ако под „слободна“ акција подразбираме акција која од ништо не е предизвикана или предодредена, морам искрено да кажам дека таквата акција никогаш не постоела и никогаш нема да постои. Таквата имагинарна „слобода“ претставува чиста метафизика. Хегел објаснил дека вистинската слобода се наоѓа во препознавање на нужностите. До степенот до кој луѓето ги разбираат законите кои управуваат со природата и општеството, ќе бидат во позиција да ги совладаат овие закони и да ги искористат во своја полза. Стварната (реалната) материјална база врз основа на која човештвото може да биде слободно, е воспоставена со развојот на индустријата, науката и техниката. Во рационално општествено уредување – во она во кое средствата за производство се хармонично и свесно контролирани и планирани – тогаш навистина можеме да зборуваме за слободен човечки развој. Со зборовите на Енгелс: тоа е „скок на човештвото од царството на нужноста во царството на слободата“.

Изворcrvenakritika.org | marxist.com

Превод: ДСП Ленка

0
img

Цитати
  • Единствен начин да се излезе од магичниот круг на нееднаквост е да се промени целиот систем. Alieen O Caroll
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!