Движење за социјална правда

Моќните газди се злобни и одмаздољубиви, а инспекторите се продаваат за обичен ручек во кафеана!

Моќните и богати газди се одмаздољубиви, злобни и нечовечни!, вели Димитар Апасиев од ЛЕНКА, македонско граѓанско движење за социјална правда. Но чудно и несфатливо е, вели Апасиев, како сиромашните работници не се охрабруваат на борба, ако ништо друго барем во името на нивните деца, кои утре, исто како и нив, ќе бидат експлоатирани од децата на нивните шефови и директори.

Гласот на ЛЕНКА често е можеби единствениот што го слушаме кога треба да се охрабрат работниците во потрагата по социјална правда, без разлика од која политичка гарнитура се тие што ги прекршуваат нивните основни работнички и човекови права.

ЛЕНКА има силна поддршка и за работниците изложени на тортура од страна на искомплексирани и безобразни шефови, како што е последниот случај на мобинг во модна конфекција во Штип.

Но што може ЛЕНКА да направи во ситуација кога е анонимна работничката што алармира против навредите и омаловажувањата од страна на нејзиниот шеф. И како граѓанското движење за социјална правда може да им помогне на вработените што се изложени на мобинг во фирмите, како што впрочем е последниот случај обелоденет на социјалните мрежи?

„Па, често очекувањата што населението ги има кон ЛЕНКА се преголеми и ‘месијански’ и не соодветствуваат со реалните материјални и кадровски капацитети на Организацијата. ЛЕНКА не е класична ‘невладина’, која брка проекти и има своја хиерархија. Нашите членови работат волонтерски, односно ние не сме платени од никого за ова што го правиме, ниту пак некој нѐ избрал да бидеме негов ‘ангел-чувар’! Самоиницијативно сме се собрале и сме одлучиле да дејствуваме на теренот затоа што многу работи во општеството ни пречат, а имаме визија и план како да ги промениме. Основната цел ни е да ги анимираме непривилегираните (нископлатените работници и невработените) да излезат од очајот и самите да се борат за своите права и за она што им следува. Народот мора да сфати дека – по пат на непосредна демократија, директни акции и лични примери – треба масовно да се вклучи во политичките процеси и притоа да се фати за гуша со неволји од секаков вид, надминувајќи ја апатијата и не чекајќи некој друг да му ги решава проблемите. Затоа, сакаме да потенцираме дека ЛЕНКА одбива да биде перципирана како ‘спасител’ што ќе ги реши сите проблеми и од кој работниците треба да очекуваат патерналистички однос, туку исклучиво како проактивистичка и партиципативна асоцијација, односно политичко движење во кое секој што ги споделува вредностите во кои веруваме може конструктивно да учествува и да придонесува – посветувајќи дел од своето време, знаење и енергија за подобрување на општеството во кое живееме“, вели Димитар Апасиев, активист на ЛЕНКА.

 

sivacki

 

Со оглед на тоа што работничката решила до крај да остане анонимна, пред сè поради страв дека ќе биде избркана од работа, може ли за овој случај да се алармира и Државниот инспекторат за труд?

– Анонимноста е легитимна, знаејќи со какви консеквенции би се соочила работничката кога отворено и јавно би прозборела за траумите што ги трпи на своето работно место. Нам ни е многу лесно од страна да коментираме и да критикуваме, но сепак жртвата што би се барала од овие луѓе, кои работат за мизерни 100 евра, е преголема – затоа што тие против себе имаат моќни и богати газди, кои згора на сѐ се одмаздољубиви, злобни и нечовечни! Но тоа, пак, од друга страна не ги амнестира работниците од историската одговорност за нивното отсуство на елементарно човечко достоинство, борбеност и волја за спротивставување на евидентната социјална неправда што секојдневно ја чувствуваат на свој грб.

Зошто работниците во слични ситуации и под голем притисок и мобинг на работното место не го пријавуваат тоа во инспекцијата? Не веруваат во инспекторите или пак е во прашање нешто друго?

– Нашите теренски истражувања веќе покажаа дека работниците имаат изразена и оправдана недоверба кон надлежните државни институции, кои се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија). Револтот и основаниот сомнеж за корупција во редовите на трудовите инспектори, кои се блиски до локалните моќници и кои се „продаваат“ за обичен ручек во кафана или за ситна противуслуга – што, пак, е јавна тајна меѓу работниците – ни дава право да тврдиме дека вината за нефункционирањето на овие контролни механизми никако не може да ја бараме во законот, туку исклучиво во човечкиот фактор! Со други зборови, за да биде појасно, Трудовиот инспекторат е дувло на корупција и тоа не може да се реши со закон, туку со темелна чистка на „извалканите“ инспектори! Ова уште повеќе што македонските законски одредби во сферата на инспекцискиот надзор, се во најмала рака добри и коректно поставени, но гледаме дека во практиката тие се нефункционални.

Како да се охрабрат работниците во преземањето конкретни чекори во заштита на своите права?

– Имено, како што ЛЕНКА нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати, кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на македонските работници. Чудно и несфатливо е како овие сиромашни работници не се охрабруваат на борба, ако ништо друго барем во името на нивните деца, кои утре, исто како и нив, ќе бидат експлоатирани од децата на нивните шефови и директори. Иако за нас е сосема разбирливо работниците да бидат против овој или оној наводно „независен“ синдикат, истовремено ни е целосно несфатливо работниците да бидат против самиот концепт на синдикално (само)организирање!? Со други зборови, тие секогаш очекуваат некој друг наместо нив да ја заврши работата и да се избори за нивните права – без притоа, нималку самокритички, да се запрашаат: што прави секој од нас посебно и што правиме сите ние заедно за подобрување на катастрофалната состојба со работничките права во Македонија!? “, прашува Апасиев.

Стојанка Митреска

Преземено од: mkd.mk

Клучни зборови: , ,
0
img

Цитати
  • Оној кој не се движи, не ги забележува своите окови. Роза Луксембург
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!