Движење за социјална правда

Венецуела: Против економската војна – работничка контрола и експропријација на олигархијата

header

Во последните денови Претседателот Мадуро правилно ја објасни сериозноста на економската војна против Боливарската револуција, поентирајќи дека злосторниците се капиталистите (Fedecamaras, Consecomercio and Venamcham) и објави серија од мерки за борба против нив.

Соопштение на Борба на Класите (Lucha de Clases) – Венецуелската секција на Интернационалната Марксистичка Тенденција

Ситуацијата е сериозна. Инфлацијата се покачи, достигнувајќи 54% од jануари до Октомври за оваа година и 74% од година за година. Индексот на дефицит го достигна рекордот, висок 22%. Што се крие позади овие бројки? Инфлација, вишок залихи, високи цени, шпекулации, бегство на капитал, корупција, инвестициски штрајк и другите проблеми кои ги погодуваат работниците и луѓето, имаат свои корени во начинот на функционирање на капиталистичкиот систем.

Целта на капиталистите не е да произведуваат за да ги задоволат потребите на општеството во целина, нивната цел е да направат профит. Па така, ако тие можат да направат поголем профит користејќи долари од CADIVI1 од официјалниот девизен курс за да увезуваат добра и потоа да ги продаваат за цена фиксирана во боливари2 во согласност со девизниот курс на „паралелниот“ црн пазар на доларот, тие тоа ќе го направат. Ако можат да направат профит земајќи долари од CADIVI за увоз па потоа да довезуваат контињери полни со отпаден метал, додека ги продаваат доларите на црниот пазар, повторно, тие тоа ќе го направат.

Ова е дел од нормалното функционирање на капиталистичкиот систем, природата на владеачката класа ги поттикнува нив да направат поголем профит по било која цена и со оглед на тоа тие не можат да дозволат рагулација на нивните профитни граници. Всушност, една од причините за економската војна е револтот на капиталистичката класа против ценовните и девизни контроли.

Другата причина е намерна саботажа од политички причини. Производите се отстранети од маркетите на организиран начин со цел да се предизвика економска немаштија и со цел Боливарскиот народ да ја обвинува владата за проблемите. Тоа е истата тактика која ја користеа капиталистите и империјализмот за време на владата на Аљенде во Чиле за периодот 1971-1973, како подготовка за пучот на Пиноче. Никсон даваше упатства за „да се предизвика економски крик“.

Третата причина е фактот дека капиталистите не ги чувствуваат своите инвестиции како сигурни поради постоењето на Боливарската револуција, која и’ даде верба на работничката класа во нејзината сопствена сила. Тоа значи дека капиталистите нема да инвестираат во подобрување на производните капацитети или нивно зголемување, освен ако бидат сигурни дека работниците, охрабрени од владата, нема да организираат социјалистички работнички совети, барајќи подобри услови за работа и плати, или да бараат експропријација на компанијата.

Економската војна е отворена битка помеѓу работниците и народот од едната страна, кои како големо мнозинство покажуваат поддршка за Боливарската револуција и сакаат и сакаат да одат напред кон социјализам, и олигархијата од другата страна, паразитското малцинство од капиталисти, земјопоседници, банкари и шпекулатори, тесно поврзани со интересите на империјалистите.

Гледајќи ја оваа ситуација, нема простор за половични мерки или апели за одговорност на шефовите. Регулацијата на капиталистичкиот пазар веќе не може да произведе задоволувачки ефекти. Искуството на Боливарската револуција, особено после отпуштањата и економската саботажа од 2002 докажува една работа:отстапувањата и молбите упатени кон буржоазијата, секогаш биле проследени со растечка саботажа и завера. Обидот да се регулираат цените и профитите, само ќе ја подигне саботажата, инвестицискиот штрајк и бегството на капиталот.

Единствен начин да се одговори на оваа криминална и анти-демократска кампања на дел од владеачката класа е со силни мерки и железна тупаница. Тие мора да бидат лишени од економската моќ која ја користат за да ја игнорираат демократската волја на мнозинството.

Марксистичката Тенденција Борба на Класите (Lucha de Clases) ги предлага следните мерки:

– Државен монопол над надворешната трговија: не можеме да продолжиме да им даваме долари на капиталистите; се’ што и’ е потребно на Венецуела да увезува, државата треба да го увезува и распределува преку државни канали за дистрибуција;

– Работничка контрола на производството: работниците го произведуваат целото богатство и знаат каде и како е распределено, тие имаат знаење да спречат економска саботажа и треба да вежбаат револуционерна претпазливост преку производниот процес;

– Народна контрола врз храната и врз основните производни дистрибутивни ланци: работните луѓе организирани преку комуни, заедно со социјалистичките работнички совети во фабриките и милицијата, мораат да практикуваат контрола врз понудата, распределбата и продажбата на основните производи.

– Секоја компанија која врши саботажа врз производството или дистрибуцијата, мора да биде веднаш експроприрана и ставена под работничка контрола и

– Експропријација под работничка контрола на монополските големи бизниси, кои ги контролираат производството и дистрибуцијата на храна, започнувајќи со ПОЛАР индустриите, кои активно учествуваа во сите завери против револуцијата во последните 10 години.

Социјалистичките работнички совети, задруги и селски организации, комуните и милицијата, мораат да организираат Народни Заштитни Хунти во секое соседство и општина. Овие Хунти треба да бидат поврзани и координирани на општинско, државно и национално ниво, преку демократски избрани и отповикливи делегати. Ова ќе ја постави основата за експропријација на големите монополи, банки и крупни земјопоседници, што ќе овозможи демократско планирање на економијата, за доброто на мнозинството.

Според зборовите на Ezequiel Zamora, „она што треба да биде конфискувано е сопственоста на богатите, бидејќи со неа тие водат војна против народот,ние треба да им ги оставиме само алиштата“.

Ниту спогодби, ниту компромиси со капиталистите. Сета моќ за работничката класа. Експропријација за олигархијата!

1CADIVI е владино тело во Венецуела, кое постои за да ја контролира размената на валути.

2Боливари е официјалната валута во Венецуела.

Извор: http://www.marxist.com/venezuela-against-economic-war-nov-2013.htm

0
img

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!